1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тиквици

Дискусија во 'Рецепти' започната од marama, 10 октомври 2011.

  1. Smurfette.M

    Smurfette.M Популарен член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    1.072
    Допаѓања:
    621
    денеска правев пржени тиквички...ммм, не дека јас ги правев па да си ги фалам, ама убави беа :P инаку, со мајка ми сме правеле и мусака со тиквички, а и полнети тиквички :D
     
  2. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.037
    Се знае што се јаде периодов. All day, all night тиквици. :lol:
    Не сум експериментирала со рецепти. До сега се знае, стандард пржена тиквица, некогаш полнети и некогаш ќофтиња. А палачинки и слички ујдурмлии уште не сум пробала, но треба за малку да се смени.

    Има интересни рецепти, дефинитивно нешто ќе пробам па и јас ако најдам нешто ќе споделам. :)
     
  3. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    за ќофтиња мора ли брашно, или може и без?? :) :)
     
  4. 2036

    2036 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2012
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    75
    Најчесто ги јадам пржени или ќофтиња
    Пред некој ден мајка ми ги направи печени, но не беа убави.
     
  5. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    И јас ги правам по рецептот што го има Марама кажано :)
    Убави ми се,но еднаш се прејадов,и сега тешко прифаќам да правам за ручек :wasntme:
     
  6. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.497
    Многу се убави и тостираните тиквици :).
    Исечете на кругчиња тиквици, посолете ги малце со сол, и тостирајте ти. Ептен се вкусни.
    [​IMG]
     
    На ♡BuBaLe♡ и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
  7. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    Прееска си викам ај во смесата ќе изрендам и варен компир- не сте свесни кое фијаско беше- се лепеа и распаѓаа, пробав да ги валкам во презла и така не бидуваше и на крај ја истурив цела смеса во тавата и така ја пржев :@

    Што згрешив?
     
  8. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.136
    Допаѓања:
    4.106
    Неодамна открив дека тиквичките можат да се спремаат многу едноставно а вкусно:

    - исецкајте ги долж на 3-4 дела, намачкајте ги со масло и убаво со вегета на пр. онаа на подравка за јунетина или пилешко што е,
    - стојат на отворено или покриени околу половина час да пуштат вода од себе
    - во печка да се печат околу 30 минути, да добијат боја.
    - по вадењето се мачкаат со павлака и посолува со чубрица (зачинот го има во Рамстор, на пр. панагјурска чубрица од Бугарија).
    - Во прилог може да се додадат свежо лукче и домати.
     
  9. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Јас најмногу ги сакам како ќофтиња правени, ја рендам тиквицата, додавам, рендана краставица, рендано младо кромидче, јајце, брашно, презла. Ги оформувам како плескавици и пред пржење повторно ги валкам во презла :)
    На тостер кога ги правам ги сечам тенко и долгнавесто, ги попрскувам со маслиново масло, посолувам, ставам лукче во гранули, сушен магдонос и копар. Исто и на скара може да се прават на истиот начин.
    Ако сакате крцкави тиквички како чипс, како што ги прават во Кубанскиот треба да ги сечете на многу тенки кругчиња, да ги оставите во сад со вода 10тина минути, потоа да ги свалкате во брашно и да ги пржите во врело масло. Најдобро би било во фритеза но може и во тенџерче со поголема количина на зејтин. :)
     
    На ph.orhideja му/ѝ се допаѓа ова.
  10. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Еве и од мене еден проверен рецепт (брзо се спрема, за ненајавени гости е екстра брзо и вкусно :) )
    Проја со тиквица
    -1 рендана тиквица
    -200 гр. пченкарно брашно или 200 гр. палента
    -200 гр. бело брашно
    -200 гр. рендано сирење
    -5 јајца матени со вилушка
    -1 пециво, сол по вкус
    -зејтин колку да се премачка тавчето т.е се пече во ватростално

    Целата смеса убаво се промешува, се става во ватростално, се наросува сусам одозгора и се пече додека зарумени одозгора, отприлика половина час (се боцка со чечкалица, кога тестото нема да се лепи на чепкалката, тогаш е готово).
     
    На Trendafilka, ludoto19, Peppermint и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.930
    Пол:
    Женски
    И јас си направив тиквици, гледав од рецептот на Аннатх, само направив некои измени.
    Земате две тиквици и ги рендате, исто и неколку моркови. Ги посолувате.
    Е сега во тавче ставате исецкан кромид, (цела главица), и чекате маалку да се попржи, па ги ставате прво ренданите моркови, мешате, па ги ставате и ренданите тиквици. Посолувате, па вегета, бибер...
    Мешате неколку пати и го ставате во сад, па одозгора рендате кашкавал, а настрана каткате две јајца со павлака, и тоа на крај го преливате одозгора. Малку магдонос и готово. Ставате во релна да се печи.
    Значи превкусно беше, сум пукнала од јадење бе. :wasntme: Пробајте.
     
    На lolyta777, Trendafilka и ludoto19 им се допаѓа ова.
  12. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    утре тетка ми иде од сабајле, а таа со душа чека во Mакедонија да дојде, да јаде тиквици и готвени ствари :D
    Cега ја правам пројата на лолита, и овој рецепт лаки што го постави од Aна
    се надевам нема да ги утнам :D

    Eдит готови се јадењата, е сега, пројата не ја пробав, зашто сепак тесто е, јас сум на диета.
    Tатко ми ја проба вика чиста 10ка :)


    A рецептов на лаки го модифицирав, за да ми биде диетален.
    Tака да наместо кашкавал, ставив посно свежо сирење, наместо павлака, јогурт, а бидејќи немам моркови, ставив мелени домати-
    каснав едно залче колку да видам што и како-јадењево е COH!!! :D
    си најдов ново диетално јадење, кое планирам да го готвам во диетата :)
     
    На Annath и lolyta777 им се допаѓа ова.
  13. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.481
    Пол:
    Женски
    Ги јадам ама не ми се којзнае што. Тоа што ми се допаѓа кај нив е експериментирањето. Значи тиквичките изрендани и се што имам во кујната што одговара со нив и рендам, компир, кромид, моркови, патлиџани, домати, додавам трошки од соја, зденки, сусам,буквално се што може да одговара. На крај на целата смеса и додавам јајца и обликувам топчиња (или форми што ми одговараат) и ги пржам. Ако ми е многу течно и не се формира, додавам брашно. Досега ми се немало случено да ги фрлам оти не ми се убави.
     
  14. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.671
    Допаѓања:
    97.723
    Пол:
    Женски
    Се давам во тиквици.Еден од моите начини на припремање.Се рендаат тиквиците ,се посолуваат и се оставаат да се исцеди водата од нив.Се рендаат 2-3 моркова,се додава вегета бибер,1-2 јајца,брашно.Се замесува смеса,и се прават како ќофтенца само јас убаво ги расплескувам,зашто не сакам средината да ми остане жива,ги валкам во смеса од брашно сол и пиво,и пржам.. :)
     
    На Serafima и Annath им се допаѓа ова.
  15. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.473
    Значи се од тиквици сакам :D Еве го мојот ручек за денес. Кајгана со Пржени коцкички од тиквици :inlove:
     
  16. Lea.Messi

    Lea.Messi Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    2.072
    јас обожавам тиквици кога се подготвени за зимница
    се сечат на мали парчиња,се ставаат во тегла со сол,оцет и вода и се провираат малку за да омекнат
    а бе прсти да излижеш :))
     
    На LoOnyD му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Lunaria

    Lunaria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    1.087
    Пол:
    Женски
    Денеска ги направив ќофтињата од тиквички,како за прв пат добро ми излегоа :)
    Сум ставила помалку брашно во смесата па ми се распадна првото,дотурив и тргна работата,опа :D Нареден пат со моркови и повеќе сирење и шунка,уште подобри ќе бидат,моите ги изедоа за 5 минути :) Фала феминки за убавите рецепти,ако налетам на некој обавезно го пишувам овде.
     
  18. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.592
    Браво за рецептов значи, одличен е, само јас изгледа направив грешка, не ги исцедив тиквичките пред да ги ставам да се пржат, па малку водичка пуштија при пржењето и печењето, ама без разлика - многу е вкусно и лесно јадењево.
    Сега го направив за моите, му ставив и мааалку лукче и многу свеж магдонос одозгоре, ептен се среќни. :)
     
    На Lacrimosa и Annath им се допаѓа ова.
  19. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.213
    Пол:
    Женски
    Јас само да прашам за рецептов на Annath, дали се става малку вода пред да ги ставам да се печат, а веќе сум ги пропржила? Можеби ми е глупаво прашањево, ама сакам да ги правам денес, а не сум баш највешта во кујната :lol: И уште нешто, јајцето со павлаката и сирењето/кашкавалот се ставаат при крајот на печењето, така? :?:
     
  20. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.930
    Пол:
    Женски
    Никако вода, треба да ги исцедиш убаво пред да ги ставиш да се пржат, јас во рака ги истегав. Зошто и онака имаат многу вода во нив тиквиците. После тоа ставив кромид да се пржи, и кога ќе пожолти малку ги ставаш морковите па тиквиците и мешаш. И ставаша вегета, сол, бибер....Само земај некое поголемо тенџере за да собери се. :)
    После тоа ја ставаш смесата во сад, и одозгора рендаш кашкавал, и потоа преливаш со јајцето што си го каткала со павлаката. И толку, ставаш да се печи.

    А другиот начин на Аннатх е без пржење во тава, само рендаш, цедиш, ставаш јајце и брашно , мешаш и ги ставаш во сад. Мислам дека беше без пржење. :?:
     
    На Sexybaby86 и Lunaria им се допаѓа ова.