Торти што не се печат

Дискусија во 'Рецепти' започната од mackice, 7 септември 2010.

  1. mackice

    mackice Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    237
    Допаѓања:
    12
    Ајде некое рецепче за непечени торти..
     
  2. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.195
    Пол:
    Женски
    Еве што имам пробано и го најдов во тефтерот за рецепти од мајка ми :)

    Бисквит торта

    1кг јаболки
    1/2кг бисквити
    коцка маргарин
    250гр шеќер
    2 ванилин шеќер
    1 голема лажица какао
    2 кесички шлаг (или слатка павлака, по избор)

    Јаболките се рендаат а бисквитите се мелат, се додава останатото и се заедно се меси со рака и се обликува колачот. На крај само се додава матениот шлаг.

    Касато

    250гр бисквити се поливаат со 250мл млеко
    250гр путер се мати со 250гр шеќер во прав
    Се матат 3 јајца, 3 лажици шеќер и се додаваат во смесата со путерот.
    250гр сецкани ореви
    250гр суво грозје (се полива со малку рум)
    250гр сецкано чоколадо
    250гр желе бомбони

    Се заедно се меша, на крај се обликува тортата и се додава по желба шлаг.
     
    На IamSexyAndIKnowIt, mami-123, ana.8 и 3 други им се допаѓа ова.
  3. mar17

    mar17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2010
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    108
    Тортава ја правам секогаш кога сакам да изненадам некој пошо е најлесна :))

    потребно ти е:
    1 пакетче бисквити
    2 пакетчиња пудинг од чоколадо
    3 филџана кафе
    по желба може да се стави чоколадни бананчиња или некое сезонско овошје како праски на пр.

    Начинот на правење е следен:
    Се прави пудингот двете пакетчиња заедно и го оставаш да се лади. Одкога ке се излади бисквитите ги топиш во кафе и ги ставаш на тавче претходно премачкано со маргарин. Откога ке наредиш еден ред мачкаш пудинг(и по желба ако ставаш нешто одозгора).Потоа пак на истиот начин-редиш бисквити па пудинг и на крај можес да ставиш шлаг или чок. прелив и тортата е готова :)
     
    На Elenota и mami-123 им се допаѓа ова.
  4. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.392
    Допаѓања:
    22.504
    Пол:
    Женски
    Еве една непечена торта и од мене :

    Кроасан торта

    -200 гр шеќер
    -150 гр еурокрем
    -3 пакетчиња пудинг од ванила
    -1 л млеко
    -1 пакетче шлаг крем
    -250 гр маргарин
    -100 гр чоколадо
    -200 гр бисквити
    -3 пакетчиња мали кроасани

    Подготовка
    Првин,се прави пудингот од ванила.Откако ќе се олади,се меша со изматениот маргарин.Се става да се стопи чоколадото.Филот(пудинг + маргарин) се дели на 2 дела.Во едниот дел се става оладеното чоколадо и се мати.Бисквитите се потопуваат во млеко и се редат.Врз нив се мачка чоколадниот фил.Брз филот се редат кроасаните,а врз нив се мачка филот од ванила.Врз него се мачка еурокремот.Се мати шлагот и се премачкува цела торта.

    П.С. Многу е вкусна тортата,а и лесна е за правење.
     
    На stiki18, Dra-San, anab и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.547
    Пандоспан: 6 јајца,6 лажици шеќер,брашно и прашок за пециво..
    Приготовка: Во еден сад се капат и се додава 6 лажици шеќер тоа се меша со миксер и потоа се додава брашното и прашокот за пециво и се меша со една таква лажица незнам како се викаше рачката е дрвена атоа што се меша е како федер кругови......И после се става во плех....Во плехот се става зејтин и малку брашно за да се создаде кора за да не запече пандоспанот.....Кога е готов пандоспанот врз него се мачка со мармалад....и се сече на коцки и врз секоја коцка се става фил....многу едноставно брзо но вкусно..позз
     
  6. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
    Овде се бараат рецепти за торти што не се печат.
     
    На SunnyGirl2, rajna-vojvoda и sofijacasas им се допаѓа ова.
  7. rainlover

    rainlover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    633
    Плазма торта со вишни
    [​IMG]

    Потребно:
    - 500 гр. слатка павлака
    - 300 гр. шлаг пена
    - 1 кисела павлака
    - 300 гр. плазма кекс
    - 300 гр. мелен плазма кекс
    - 500 гр. вишни
    - 1/2 литар млеко
    ______________________________________

    Ја матиме слатката павлака. Матиме 200 гр. шлаг со 200 мл. млеко и ја додаваме киселата павлака. Сето тоа го соеднинуваме (слатката павлака со шлагот и киселата павлака) и делиме на 2 дела, па во едниот ставаме 300 гр. мелен плазма кекс. Останатите 300 гр. немелен плазма кекс ги потопуваме во млекото и право ги редиме, па ги редиме едната половина од масата со мелена плазма, па вишните, па другата половина и одозгора филуваме со останатите 100 гр. шлаг.
     
    На Ariel, katty13, Annath и 6 други им се допаѓа ова.
  8. fibimk

    fibimk Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2010
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    1
    Обожавам вакви торти,лесни,кремаст.Оваа обавезно ја пробувам кроасан торта....ми делува многу убава!
    Ја правам на следен начин.Во литар млеко додавам околу 200 гр шекер,а може и повеке по желба.3-4 жолчки матам со малку ладно млеко,додавам 3-4 лажици нишесте и месам да се добие крем.Кремот не мора да е многу густ како за пудинг,али да не биде и течен.Се оладува и кога е млак филот се редат кршени бисквити околу 600-700 грама.Може да треба и повеќе ако се мрсни бисквитите зошто тие не упиваат многу.Се реди во тавче,се става во фрижидер.Кога ке стегне се реди шлаг од белките.На 4 белки околу 200 грама шербет за да не спласне шлагот.
    Многу е лесна...баш лапни голтни,така да кај нас и бас не дочекува шлагот да спадне :rofl:
     
  9. elygj

    elygj Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2010
    Пораки:
    452
    Допаѓања:
    68
    Еве еден рецепт за торта што преку лето ми е хит :)
    Околу 1кг.диња се сецка на ситни парчиња.600гр.бисквити се кршат.Еден маргарин се мати со 250гр.шеќер во прав.4 жолчки се матат со 4 лажици шеќер.Сето тоа се меша заедно и се обликува торта.Откако ќе се стегне се прави беланец од 4 белки се матат со 10 лажици шеќер.
    Е сега рецептот е со тие мерки ама јас обично ставам помалку диња во зависност од тоа колку е воденикава,така да не мора да биде 1 кг.туку да се прилагоди.Ако некој го проба рецептот нека каже дали му се допаѓа
     
  10. marina22mk

    marina22mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    167
    Допаѓања:
    51
    Оваа ја обожавам, многу ми е убава и е многу лесна за подготовка

    10 крем бананчиња
    1/2 кг ресани
    1/2 кг хопла

    Ресаните и крем бананчињата се сецкаат. Хоплата се мати и кога ке се згусни, поголемиот дел се меша со бананчињата и ресаните. Се прави форма по желба и се премачкува со остатокот од хоплата.
     
    На Teje, Twinkles, rozalija и 4 други им се допаѓа ова.
  11. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.467
    Јас правам една торта со пудинг и бисквити, лесно се прави и за кратко време се приготвува.

    Потребно:

    2 пудинзи од чоколадо ( може и со друг вкус)
    800 g бисквити
    1литар млеко
    Пудинзите се варат со дел од млекото ( се пишува на паковката од пудингот), па се оставаат да се подизладат малку настрана. Бисквитите се макаат во останатиот дел од млекото и се реди ред бисквити-ред пудинг. Откако тортата ќе биде готова, се остава да се стегне.

    Добар апетит!
     
  12. aNy-to

    aNy-to Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    1.046
    Допаѓања:
    394
    Оваа торта ја правам често бидејќи е лесна за подготовка и вкусна.

    Песок торта

    Потребни состојки:
    3 пудинга од ванила
    1маргарин
    10 лажици шеќер
    250гр прав шеќер
    750гр млеко
    250гр мелени бисквити
    50гр какао
    1 чоколада за готвење
    250гр мелени ореви

    Во млекото се додаваат 10те лажици шеќер и тоа се става да зоврие.Откако ќе зоврие се додаваат трите пудинга од ванила.Смесата се става да се олади.Во меѓувреме се мати маргаринот со прав шеќерот.Откако смесата со пудинг ќе се олади се додава изматениот маргарин и се мати додека не се соедини.Потоа смесата се дели на три еднакви дела.
    Во првиот дел се додаваат 250гр мелени бисквити.тоа се меша и се расплескува во плех бр.28.
    Во вториот дел се додава какаото и чоколадото,кое треба да е растопено.Таа смеса се става врз претходната.
    Во третиот дел се додаваат мелените ореви.Постапката е иста како претходната.
    Откако сето тоа ќе биде направено се става тортата во фрижидер да се зацврсти.Може да се украси по желба.
     
    На girl.23 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. aNy-to

    aNy-to Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    1.046
    Допаѓања:
    394
    КАПУЧИНО КОЛАЧ

    ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

    150 грама Шеќер во прав
    30 Пишкоти
    650 милилитри Млеко
    150 грама Маргарин
    2 лажица/ци Крем
    1 кесичка/ки Капучино
    2 Ванила пудинг/а
    100 милилитри Јогурт

    Сварете го пудингот со млеко и оставете го да се олади.

    Маргаринот пенесто изматете го со шеќер во прав и соединете со оладениот пудинг.

    Додадете го овошниот јогурт, овошје (ако сакате), еурокрем и половина кесичка капучино.

    Сето тоа добро изматете го, за филот убаво да се соедини.

    Помешајте 100 мл. млеко со преостанатото капучино и промешајте, па во тоа изматете ги пишкотите и редете ги на сад за пуслужување, па преку нив фил и повторно пишкоти.

    На крајот, одозгора ставете шлаг.
     
  14. marijagjakovska

    marijagjakovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    2
    brza,lesna,vkusna :]

    1 ili 2 pakcercinja biskviti ili plazma
    2 paketcina puding od vanila
    i gotov slag ili domasen( od belkite na jajcata)

    подготовка:

    На послужавник или нешто друго..се ставаат бисквитите..но прво бисквитите се топат во млеко..се редат..
    потоа го ставаме пудингот..потоа кршиме неколку бисквити низ пудингот...ставаме пудинг..и така натака...се додека не приметиме дека ни снемува пудинг :)
    го правиме беланецот или шлагот . и го нанесуваме низ целата торта..... :)

    време на подготовка : отприлика 40тина минути...

    пријатен апетит!
    п.с може и малку сок од портокал(неам пробано)
     
  15. anailisav

    anailisav Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    23
    еве еден рецепт и од мене
    -1кг.бискоти(petite beure)
    -1кг.слатка павлака
    -500мл.млеко(по желба во млекото се ства и капучино)

    слатката павлака се мати додека да стане црврста,потоа бискотите еден по еден сите се топат во млекото и се редат 5 на 5,врз нив се мачка хопла,а врз хоплата може да ставите по желба сецкани кругови банана,слатко од јагода,сецкано чоколадо,или било што по желба а може и само хопла и така е убава многу.постапката ја повторувате се додека не ви снема хопла.на крајот треба да завршите со хопла и изрендајте чоколадо одозгора.ставете ја во фрижидер околу 15 мин да се зацрвсти.може да ја сечите на коцки како колач или на парчиња торта.поззз :*
     
  16. Ms.Sweet

    Ms.Sweet Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2010
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    3
    Kaсато торта
    Потребни состојки:
    - 1 маргарин кристал
    - 150 гр. шеќер во прав
    - 2 чоколади за готвење
    - 3 жолчки
    - 500 гр. бисквити
    - 200 мл. млеко
    - 200 гр. сецкани ореви
    - 200 гр. сецкани желе бомбони
    - 100 гр. суво грозје прелиено со 1 лажичка рум
    - 100 гр. кокос
    - 100 гр. сецкани крем банани

    Подготовка:Ставете го маргаринот да се растопи и додајте го шеќерот во прав и една чоколада. Кога ќе се излади ставете ги трите жолчки и промешајте. Бисквитите скршете ги на ситни парченца и попрскајте ги со ладното млеко. Додајте половина од оревите, крем бананите, кокос, желе бомбони, суво грозје и мешајте заедно со половина од смесата со растопениот маргарин и чоколада. Потоа додајте ја уште половината од намирниците и смесата. Ставете на кутија за торта и формирајте облик по желба. Оставете ја да се олади 1 час и потоа на пареа стопете 1 чоколада па посипете ја тортата и вратете ја повторно во фрижидер.
     
  17. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.470
    Допаѓања:
    201.250
    Пол:
    Женски
    Ај еве и од мене еден рецепт за непечена торта. Малку повеќе време ќе ви треба, и не е баш ефтина, ама се исплати да ја направите некогаш, оти не само што е вкусна туку и големка е.

    Милка торта со плазма бисквити

    Потребно е: 12 јајца
    10 лажици шеќер
    375 г маргарин (едно и пол пакување)
    300 г мелена плазма (едно пакување е 300 г)
    600 г обични плазма бисквити
    2 бели и 2 темни (обични, млечни) Милка чоколади

    Подготовка: Од јајцата се одвојуваат жолчките и се матат заедно со шеќерот. Смесата се става да вари на пареа да се згусне, притоа постојано се мати со миксерот.
    Посебно се мати маргаринот и и' се додава на претходно оладената готова смеса од жолчки (мора да биде оладена, инаку ќе се растече многу). Потоа од белките се мати цврст снег и се додава мелената плазма. Оваа смеса се меша заедно со кремот од жолчките, па се дели на два дела. Во едниот дел се додаваат растопените бели чоколади, а во другата темните. Правоаголно длабоко тавче се обложува со алуминиумска фолија и се редат плазма бисквити натопени во млеко, не само на дното туку и од страните. Потоа се ставаат филовите еден врз друг, прво белиот, потоа кафеавиот. Повторно се редат плазма бисквити натопени во топло млеко. Се остава во замрзнувач 24h, потоа се превртува на чинија и се украсува со готов шлаг.
     
    На Legadema, anailisav, Lacrimosa и 2 други им се допаѓа ова.
  18. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Уживам и ептен имам мерак да правам торти, а тортите што не се печат ми се омилени бидејќи не ми одземаат многу време. Еве нешто и од мене :)

    Банана торта

    4 пудинга од ванила
    1 литар млеко
    15 лажици шеќер
    Ова се вари, убаво да се згусне и се остава да олади.
    Откако ќе се олади се додаваат два изматени маргарина со 250 гр шеќер во прав, 300гр кршени бисквити, 300гр кокос, 1 кг банани сечени на круигови. Сето ова заедно се меша и се става во фрижидер малку да се стегне. Потоа се обликува по желба и одозгора се филува со шлаг крем.
     
    На Wild-GirL, Legadema и anailisav им се допаѓа ова.
  19. bona

    bona Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.592
    Допаѓања:
    276
    многу ги сакам тортите што не се печат, и секогаш правам, и не се замарам уфф дали ќе се пече добро, да не изгори... :talk:

    Ролат

    500гр бисквити
    1 маргарин
    3 јајца
    3 лажици какао
    7 лажици шекер
    5-6 крем банани
    Ставете го маргаринот да се растопи, додека сеуште е на оган додајте го шекерот и какаото. Оставете да се олади малку па ставете ги јајцата (да не се испржат јајцата од топлиот шекер :lol: ), потоа додајте ги бисквитите (кои претходно сте ги скршиле на ситни парченца) и промешајте.
    На тавчето ставете фолија и половината од смесата (во правоаголна форма) и врз неа ставете ги крем бананите (може и банана), потоа и другата половина. Со помош на фолијата обликувајте го ролатот.
     
    На Masnickaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    258.408
    Пол:
    Женски

    :clap: Савана, одлична торта ја направив за мојот роденден и сите ме пофалија. Многу е вкусна и многу ислегува следниот пат би ја направила во половична варијанта!
     
    На SunnyGirl2 му/ѝ се допаѓа ова.