ТЕМА: Торти што не се печат

Мислење 07 Сеп 2010, 13:54

Ајде некое рецепче за непечени торти..
Аватар на корисникот
mackice

Сино цветче
 
102
Мислења: 184
Зачленет: 01 Сеп 2010, 00:00

Мислење 07 Сеп 2010, 15:28

Еве што имам пробано и го најдов во тефтерот за рецепти од мајка ми :)

Бисквит торта

1кг јаболки
1/2кг бисквити
коцка маргарин
250гр шеќер
2 ванилин шеќер
1 голема лажица какао
2 кесички шлаг (или слатка павлака, по избор)

Јаболките се рендаат а бисквитите се мелат, се додава останатото и се заедно се меси со рака и се обликува колачот. На крај само се додава матениот шлаг.

Касато

250гр бисквити се поливаат со 250мл млеко
250гр путер се мати со 250гр шеќер во прав
Се матат 3 јајца, 3 лажици шеќер и се додаваат во смесата со путерот.
250гр сецкани ореви
250гр суво грозје (се полива со малку рум)
250гр сецкано чоколадо
250гр желе бомбони

Се заедно се меша, на крај се обликува тортата и се додава по желба шлаг.
Аватар на корисникот
Kitten

Сино цветче
 
152178
Мислења: 321
Зачленет: 27 Ное 2009, 17:43

Мислење 07 Сеп 2010, 20:25

Тортава ја правам секогаш кога сакам да изненадам некој пошо е најлесна :))

потребно ти е:
1 пакетче бисквити
2 пакетчиња пудинг од чоколадо
3 филџана кафе
по желба може да се стави чоколадни бананчиња или некое сезонско овошје како праски на пр.

Начинот на правење е следен:
Се прави пудингот двете пакетчиња заедно и го оставаш да се лади. Одкога ке се излади бисквитите ги топиш во кафе и ги ставаш на тавче претходно премачкано со маргарин. Откога ке наредиш еден ред мачкаш пудинг(и по желба ако ставаш нешто одозгора).Потоа пак на истиот начин-редиш бисквити па пудинг и на крај можес да ставиш шлаг или чок. прелив и тортата е готова :)
Аватар на корисникот
mar17

Сино цветче
 
7348
Мислења: 234
Зачленет: 07 Сеп 2010, 20:08
Moќта да придобиеш некој е многу помала од онаа да се обидеш да го задржиш.

Мислење 07 Сеп 2010, 21:15

Еве една непечена торта и од мене :

Кроасан торта

-200 гр шеќер
-150 гр еурокрем
-3 пакетчиња пудинг од ванила
-1 л млеко
-1 пакетче шлаг крем
-250 гр маргарин
-100 гр чоколадо
-200 гр бисквити
-3 пакетчиња мали кроасани

Подготовка
Првин,се прави пудингот од ванила.Откако ќе се олади,се меша со изматениот маргарин.Се става да се стопи чоколадото.Филот(пудинг + маргарин) се дели на 2 дела.Во едниот дел се става оладеното чоколадо и се мати.Бисквитите се потопуваат во млеко и се редат.Врз нив се мачка чоколадниот фил.Брз филот се редат кроасаните,а врз нив се мачка филот од ванила.Врз него се мачка еурокремот.Се мати шлагот и се премачкува цела торта.

П.С. Многу е вкусна тортата,а и лесна е за правење.
Аватар на корисникот
happygirl

Жолто цветче
 
664397
Мислења: 1366
Зачленет: 27 Јул 2010, 12:30
Слика

Мислење 11 Сеп 2010, 21:17

Пандоспан: 6 јајца,6 лажици шеќер,брашно и прашок за пециво..
Приготовка: Во еден сад се капат и се додава 6 лажици шеќер тоа се меша со миксер и потоа се додава брашното и прашокот за пециво и се меша со една таква лажица незнам како се викаше рачката е дрвена атоа што се меша е како федер кругови......И после се става во плех....Во плехот се става зејтин и малку брашно за да се создаде кора за да не запече пандоспанот.....Кога е готов пандоспанот врз него се мачка со мармалад....и се сече на коцки и врз секоја коцка се става фил....многу едноставно брзо но вкусно..позз
Аватар на корисникот
Cacy

Жолто цветче
 
7241933
Мислења: 1428
Зачленет: 26 Јул 2010, 15:07
Локација: In my dreams!
Слика
No matter what will happen I will always smile!

Мислење 11 Сеп 2010, 21:19

Cacy напиша:Пандоспан: 6 јајца,6 лажици шеќер,брашно и прашок за пециво..
Приготовка: Во еден сад се капат и се додава 6 лажици шеќер тоа се меша со миксер и потоа се додава брашното и прашокот за пециво и се меша со една таква лажица незнам како се викаше рачката е дрвена атоа што се меша е како федер кругови......И после се става во плех....Во плехот се става зејтин и малку брашно за да се создаде кора за да не запече пандоспанот.....Кога е готов пандоспанот врз него се мачка со мармалад....и се сече на коцки и врз секоја коцка се става фил....многу едноставно брзо но вкусно..позз

Овде се бараат рецепти за торти што не се печат.
Аватар на корисникот
julie77

Жолто цветче
 
61124346
Мислења: 4554
Зачленет: 02 Фев 2010, 16:31
Локација: Special land
Слика

Мислење 12 Сеп 2010, 00:47

Плазма торта со вишни
Слика

Потребно:
- 500 гр. слатка павлака
- 300 гр. шлаг пена
- 1 кисела павлака
- 300 гр. плазма кекс
- 300 гр. мелен плазма кекс
- 500 гр. вишни
- 1/2 литар млеко
______________________________________

Ја матиме слатката павлака. Матиме 200 гр. шлаг со 200 мл. млеко и ја додаваме киселата павлака. Сето тоа го соеднинуваме (слатката павлака со шлагот и киселата павлака) и делиме на 2 дела, па во едниот ставаме 300 гр. мелен плазма кекс. Останатите 300 гр. немелен плазма кекс ги потопуваме во млекото и право ги редиме, па ги редиме едната половина од масата со мелена плазма, па вишните, па другата половина и одозгора филуваме со останатите 100 гр. шлаг.
Аватар на корисникот
rainlover

Сино цветче
 
201130
Мислења: 446
Зачленет: 23 Јун 2010, 22:59
Breath. Let go. And remind yourself that this very moment is the only one you know, you have for sure.

As you become more clear about who you really are, you'll be better able to decide what is best for you - the first time around.

Мислење 14 Сеп 2010, 17:08

Обожавам вакви торти,лесни,кремаст.Оваа обавезно ја пробувам кроасан торта....ми делува многу убава!
Ја правам на следен начин.Во литар млеко додавам околу 200 гр шекер,а може и повеке по желба.3-4 жолчки матам со малку ладно млеко,додавам 3-4 лажици нишесте и месам да се добие крем.Кремот не мора да е многу густ како за пудинг,али да не биде и течен.Се оладува и кога е млак филот се редат кршени бисквити околу 600-700 грама.Може да треба и повеќе ако се мрсни бисквитите зошто тие не упиваат многу.Се реди во тавче,се става во фрижидер.Кога ке стегне се реди шлаг од белките.На 4 белки околу 200 грама шербет за да не спласне шлагот.
Многу е лесна...баш лапни голтни,така да кај нас и бас не дочекува шлагот да спадне :rofl:
Аватар на корисникот
fibimk

Фем почетничка
 
11
Мислења: 11
Зачленет: 02 Апр 2010, 18:26
The future belongs to those who believe in the beauty of their dreams.

Мислење 20 Сеп 2010, 19:21

Еве еден рецепт за торта што преку лето ми е хит :)
Околу 1кг.диња се сецка на ситни парчиња.600гр.бисквити се кршат.Еден маргарин се мати со 250гр.шеќер во прав.4 жолчки се матат со 4 лажици шеќер.Сето тоа се меша заедно и се обликува торта.Откако ќе се стегне се прави беланец од 4 белки се матат со 10 лажици шеќер.
Е сега рецептот е со тие мерки ама јас обично ставам помалку диња во зависност од тоа колку е воденикава,така да не мора да биде 1 кг.туку да се прилагоди.Ако некој го проба рецептот нека каже дали му се допаѓа
Аватар на корисникот
elygj

Сино цветче
 
5023
Мислења: 447
Зачленет: 24 Фев 2010, 23:29
Nisto ne e tolku ednostavno da ne mozeme da go iskomplicirame!!!

Мислење 21 Сеп 2010, 02:20

Оваа ја обожавам, многу ми е убава и е многу лесна за подготовка

10 крем бананчиња
1/2 кг ресани
1/2 кг хопла

Ресаните и крем бананчињата се сецкаат. Хоплата се мати и кога ке се згусни, поголемиот дел се меша со бананчињата и ресаните. Се прави форма по желба и се премачкува со остатокот од хоплата.
Аватар на корисникот
marina22mk

Сино цветче
 
3227
Мислења: 126
Зачленет: 04 Јан 2010, 02:33

Врати се на Рецепти

Кој е онлајн

Оваа категорија моментално ја разгледуваат: sonce777 и 14 гости

Site Meter