Мој модифициран рецепт што вчера го правев и излезе одлично.
1 коцка маргарин се мати со 200 гр шеќер.
2 пудинга од ванила се варат со 600 мл млеко.
После сето тоа заедно се замешува како за крем фил.
300 гр. бисквити се мелат,а 100г. бисквити се дробат со раце и се додаваат во филот.
Потоа се сецка 200 гр желе и тоа се додава во филот.
Со раце се дроби 1 пакетче ресани и се сецка 200 гр лешници кои исто така се додаваат во филот.
Се топи едно чоколадо и тоа се додава.
се мати и 200мл слатка павлака и се замешува заедно со сите состојки и филот.
Со става во калап (каков сакате и каков имате) јас во куглов го направив.
се остава во фрижидер да се стегне барем 2 / 3 часа.










