ајде домаќинки како ќе ги украсувате јајцата ? некои посебни шари, методи, ако имате слики прикачете . еве јас ќе почнам прва сликите ми се од ланскиот велигден а имате и слика од велигденското дрво . па можете да дадете некоја идеа за годинава или да земете некоја од моите ако има веќе ваква тема бришете
Ние јајцата ги шараме со лушпа од кромид, ги обвиткуваме со лушпата, ги врзуваме со хулахопки и после ги фарбаме. Секоја година имаме најубави јајца. Ајде да дојде Велигден ќе сликнам.
Ние дома вапцаме само црвени јајца, не ми се допаѓаат шарени или во други бои. За шарите е задолжена баба ми, знае некои трикчиња со детелинки и ливчиња, ептен убаво делуваат кога ќе се изнесат на трпеза.
Многу ми се допаѓаат јајцата со кристали. Инаку јас нешто слично како Марама што кажа. Само што јас ги ставам во сено, сеното во хулахопка и така ги фарбам. Баш во темата "Промашени подароци" прочитав едно мислење дека еден од промашените подароци бил мрешасти чорапчиња. Истите и јас ги добив и тоа портокалови ама се сетив дека можам да ги искористам за оваа намена. Па правам убави мрешасти велигденски јајца
Ние секоја година ги правиме со оние желатински бои, и целото јајце е шарено. Многу им се радувам, и задоволство ми е да ги шарам сама
Дома кај нас јас фарбам јајца ... последниве неколку години моите не смеат да чепнат не за друго ама не знаат бре Јас ги правам со детелинки, тревки, кромид, налепници, со лакови за нокти, со темперни,со се и сешто. Секое ми е различно и уникатно. А децава по улица комедии се кога ќе им речам ајде одбери си ... па ееее ова еее ова е не бре тоа ова ... ааа ова е поубаво .. и ќе си собере три четири Едино црвените јајца не ги шарам со бои затоа што сакам такви да бидат црвени и убави, со јака симболика, а од другите јајца оставам неколку примероци така без шаренило еднобојни да бидат Оваа година здравје ќе сликам и ќе постирам
Секоја година ги украсувам различно.Минатата година ги работев со бои за стакло.Купив бели јајца и само ги сварив,а потоа со бои за стакло ги цртав и беа како витраж,преубаво. Еднаш ги правев со монистри и пинцета,монистрите ги лепев со силикон,ама скапав од работа,а јајцата беа фантастични. Здравје,оваа година ќе ги правам со восок и имам уште нешто на ум. Обавезно ќе сликам и ќе постирам
Минатата година прв пат видов такви јајца и бев воодушевена. Не сум многу информирана па би те замолила да ми кажеш каде можам да ги најдам овие бои? И да, на кратко би сакала да ми ја раскажеш целата постапка. Ти благодарам
Едвај чекам да дојде Велигден, оваа година нели сум сама своја домаќинка и првпат сама ќе бојадисувам јајца. До сега само и помагав на мајка ми,а таа секогаш само во лушпи од кромид ги правеше, па се надевам дека нема да ја утнам работата, ако пробам да употребам различни бои
Битер ги има сегде каде што се продаваат обични бои за јајца. Јас ги купувам од една мала продавничка што ми е најблиску, ама ги има и по маркетите. Пишува на нив дека се желатинова боја за јајца, и имаш внатре упатство на македонски. Геа, мислам дека не би требало со бои за стакло да шараш по јајцата, бидејќи можеби е штетно , ако подоцна тоа јајце го изеде некој. Не ме сфаќај погрешно, ама јас не би ставала на храна хемикалии кои не се предвидени за тоа.
Јас само налепничиња им лепам оти незнам друг начин,еве сега прочитав за она со лушпи од кромид па ќе пробам годинава така....значи прво ги ставаш со лушпата па потоа ги боиш нели? инаку секоја година си правам од салфетки корпичиња за јајцата,и така им давам јајца на блиските во корпички,интересни се ....а ги сакам во сите бои,не само црвени
Природно ишарани јајца (од јапонска препелица). Кога сме кај нив, познавате некој во Македонија што чува препелици ? Еве и слика од последниот велигден.
bibko ги виткам од салфетки ќе си земам велигденски,шаренки и ептен убаво искачаат ама вака да ти објаснам незнам баш точно дали ќе ме разбереш http://www.youtube.com/watch?v=HpLP5ey6 ... detailpage нешто слично му доаѓа
Тие шарените се прават со желатинска боја, а за да ти светкаат така, откако ќе ги обоиш ќе им ставиш кристали Незнам сега точно како идеше постапката ама имаш напишано на пакувањето.
е баш ке пробам, се надевам ке ми успее а кај можам да купам кристали??? за желатинот прочитав каде го има ама кристалите???