Потполно се согласувам. Мислам дека малку забегавме од темата ама ај. Веке сум пишувала во темите за моето мислење за Светите книги. Ако го напишам овде ке ме извадите луда Накратко, мислам дека светите книги се напишани според вистината но со алегорија, за да се скријат многу работи од лугето. Тој што ги напишал ја знаел вистината.
Мислам дека е тоа. Ама ова е како е изведено, а резултатите ги имаше и од наши весници објавено пиши на македонски сигурно ке најдеш нешто. Xman го знам твоето мислење за настанокот и потполно се согласувам, мислам дека еднаш дискутиравме на друга тема.
Малку забегавме со темава ама ајде. Ние не сме ништо посовршени од другите животни со тоа што сме свесни. Лугето голем дел од храната не можат да ја јадат неподготвена, кај животнитe на пример нема случај на кариес, кај лугето го имало уште од почетокот. Имаме уникатна кожа, отпечатоци од прстите не може да се земат од други животни. Има многу разлики мегу човекот и животните. Пример, неколку вида животни можат да стојат на две нозе но не може ниту еден вида да издржи да живее само на две нозе. И аман што правите со мислењава, додека да напишам се е избришано и ми останаа мои мислења три едно по друго
Не сум атеист, но мислам дека дел од верниците токму тука ја прават грешката што се врзуваат (ова не мора конкретно на тебе да се однесува, туку општо) за еден спис и истиот се обидуваат по секоја цена да го одбранат како вистина дадена еднаш за секогаш. А во секој од религиозните списи има делови од вечната вистина која Бог во разни времиња, како што се ширела духовната свесност на луѓето, дарувал нови аспекти од неговата мудрост. Работи што ги потврдува науката има не само во Библијата туку и во Куранот, но и во древните индијски списи: Ведите, Упанишадите и Пураните. Но во сите нив истовремено има и човечки примеси кои науката со тек на времето ги открива, разоткрива... но тоа укажува на слабоста на составувачите, запишувачите, препишувачите и преведувачите на истите а не на Бог.
Јас не сфаќам каква е таа вера или атеизам кој со сила ти наметнува нешто. Ако некој толку верува во нешто нека си верува нема потреба да убедува други луѓе и со сила да ги тера да веруваат или да не веруваат во нешто. Мислам зашто е тоа проповедање. Вистинските верници нели се задоволни што Бог им дал живот и што е секогаш со нив, ги прослетлува им го отвара умот итн... па што тогаш толку се возбудивте за темава, нели Бог ви дава сила и разбирање за да го сфатите и разберете секој човек, нели имате љубов и разбирање за сите од каде тогаш потребава да се докажувате и убедувате со атеистите на форумов кои всушност и не се вистински атеисти затоа што и вистинските атеисти не се замраат воопшто со Бог, тој едноставно за нив не постои и немаат причина да веруваат во нешто такво ниту пак да се докажуваат или убедуваат некого зашто треба да биде атеист. Значи сите вие што коментирате и развивте толку жестока дебата не сте вистински верници ниту пак вистински атеисти. Некој нешто ви кажал, сте чуле, и ајде сега ќе се правиме незнам колку големи верници или атеисти. Моето мислење во врска со верата и религијата сеуште не ми е дефинирано, мислам воопшто и не размислувам на тоа, почитувам секој кој си има став и знае зошто верува или неверува во нешто, се додека не се обидува да ми наметне нешто. Обичаите и традициите во празнувањето на Христијанските празници си ги почитувам, така сум израснала, повеќе ги гледам како традиција одколку како некој верски обреди кои МОРА да се испочитуваат. Не дозволувам некои верски фанатици да ми го поматат умот затоа што тоа не е правилно а ни логично. Толку многу издигнување на Бога и постојано зборење за верата и незнам ти што не е на арно. И се запрашувам, па какви верници сте вие кога прво и основно не ги почитувате 10те божји заповеди. Прости примери еве ви: -Не изговарај го името божјо напразно. Хммм, колкумина од вас дневно го изговараат за глупости, леле бог да чува, леле боже, бога ми, бог да чува итн итн итн... Зошто за све нешто се спомнува бог. Боже те молам утре да не паднам на испит! Боже те молам дај ми идеја што ручек да направам!.... Така од небо ли паѓа тоа? -Не прави идол на земјата и не се поклонувај никому освен на твојот бог. Иконите не ли се идоли, слики се на светци, но не се на бог. Се молите ли на икони и им се поклонувате нели. Тоа го прават верниците така? Колку е ова почитување на божјите заповеди? Колку вие со ова го почитувате Бог? Ај сега да не ги анбројам сите затоа што точно и не ги знам, ама запрашајте се вие кои се нарекувате вистински верници колку од заповедите вистински ги почитувате, па потоа нарекувајте се вистински верници и лупајте се у груди колку верувате во Бога. Секоја чест на исклучоците, верувам дека ги има.
Мимс никој овде не се возбуди, не знам дали забележуваш ама во последните страници има убава дискусија, никој никого не убедува. Никој од нас не е безгрешен, ама верувањето од Бога и стравот од Судниот ден ги тера лугето да престанат да прават поголеми грешки. Да не е вербата во Бога, можеби без око да ми трепне ке убивам, ке ги тепам родителите и слично. Верата не не прави совршени (постојат атеисти кои се подобри луге од верници, но да не постои таа многу повеке луге ке го погрешат патот. П.С. Лош пример си дала со испитот, за мене тоа е огромна работа иако не се молам пред испит
Еве на пример јас не верувам во Бога онаков каков што е опишан во светите писма и како што го опишуваат црквите, а пак ни на крај памет не ми текнало да убијам човек на пример или да почнам да крадам или да правам други полоши работи, а пак ниту се плашам од суден ден ниту пак се плашам дека бог ќе ме казни на некој друг начин, како што кажа ти. Дали тоа значи дека ти доколку не би верувала во Бог и не би се плашела од Бога би убила човек или би правела други нечовечки дела? Значи верата треба да ги плаши верниците со тоа дека ќе бидат казнети ако не веруваат или ако направат грев? Верата значи слобода, да веруваш во нешто треба да го чувствуваш тоа без да го видиш или допреш, а јас ве сфаќам вас дека верувате во Бог само затоа што се плашите Причини за да веруваш во нешто немора да постоајт доволно е само да ги чувствуваш и да те исполнува тоа, да ти дава мир и спокојство, јас барем тоа така го разбирам. Се друго ми е нешто наметнато со сила, како на пример што и авторот на темата на некој начин проба со сила да наметне атеизам без да си го одбрани ставот како што треба. Едно е да веруваш во религијата друго во црквата. Тука следи друго прашање, зошто треба да и се плаќа на црквата за услугите што треба да ги врши кои и се дадени од Бога? За свадба, за крштевка, за погреб, за слави само пари пари пари, а поповите ми проповедаат за сето тоа како е дарено од Бог и притоа си го полнат џепчето.
Реков дека има еден куп атеисти што се подобри од верници. Тоа како би се понашала јас да не сум верник, е што би било кога би било... Не стравот од судниот ден причина за да верувам. Никогаш не ми била наметната религијата. Моите се верници но нема да се лутат ако јас сум атеист. Верувам затоа што ми е убаво кога знам дека Господ е со мене во ситуациите кога ми треба поддршка, самодоверба, мир, исто како зборовите на старата жена што ги напишав во еден пост "И да изгубиш се, верата останува„. Мене ми е оставена од некој си прапра(пра)дедо зошто да не го прифатам тоа? Што сум јас попаметна од моите предци за да не верувам во постоењето Бога? се согласувам дека е црквата мафија. Имам исто мислење како твоето во врска со верувањето,Напишав во еден пост, не емора да верува некој ако не сака дека Ева е создадена од реброто на мажот, верување е баш тоа што што си го пишала ти мир, спокојство, надеж.
Што е докажано и објаснето со факти? Дека не постои Бог?! Чудно, ние мора да сме назад во времето, штом ти живееш во реалност во која е потврдено дека нема Бог.
Jас искрено не можам да ја сфатам идејата да се постане Aтеист,ама не се мешам ваше си е.. има еден виц за Aтеистите- Aтеистот е Aтеист, се додека авионот не почне да се руши Jас не би била Aтеист, иако немам ништо против нив, од една страна ги гледам и како помодари, демек кул е да не се верува во бог, да веруваш во него е too mainstream ваше право Cо 11 причини-Mене не можете да ме предомислите жалам A за да веруваш во нешто- Hе мора да го видиш
Па нели уште во петто одделение се учат причините зошто настанале религиите . За да се објаснат појавите што биле непознати за човекот во тоа време и ред други работи, не ми се пишува сега. Божествата се производ на религиските учења. Како што поминува времето ми се чини дека се повеќе верувам во Дарвиновата теорија, ништо не ми е пологично од неговото објаснување.
Секој ден преку научните докази и многуте нелогичности во религијата се повеќе и повеќе се оддалечувам од мислењето дека Господ постои. Ама пак не можам да речам дека сум цврст атеист. Ако би се нашла во смртна ситуација би се свртела кон Господ за да ми прости се што сум направила и да си живеам во рајот, иако баш не верувам во тоа. За секој случај. Мислам дека сега-засега ќе си останам агност или агностик (не знам како точно се вика), односно така-така ќе верувам во Господ. Зависи како ќе ми дојде, во еден момент верувам во еден не. Засега е така, а за понатаму- ќе видиме што ќе донесе времето.
јас го поддржувам сечиј став,и на атеистите,и на тие што не се атеисти,ама да ги трујат другите со тоа... јас не сум атеист,и не ги осудувам атеистите,напротив,донекаде и ги разбирам. не сум нити некоја претерано религиозна личност (освен на испрашувања,хах) но сепак имам почит кон својата религија,така сум воспитувана,како една Mакедонка и христијанка секако. секој човек има право на сопствено мислење,јас никого не осудувам (не е во мој стил тоа) и ве почитувам сите вас и вашите верувања,и јас се извинувам многу,но нема да ме промените мене. бацки
Да, јас се согласувам дека религиите настанале поради тоа, но не зборувам за религиски Бог, ниту пак за стар дедо што седи на небото и не контролира. Колку е само тоа апсурдно! Во минатото луѓето верувале дека Сонцето е Бог бидејќи им помагало да опстанат во живот како и дождот. Тоа е производ на незнаењето, како што и вербата во Бог е производ на страв од смртта, всушност од непознатото. А, за жал ние луѓето имаме ограничени мозоци и секогаш ќе имаме неодговорени прашања. Како резултат на тоа се создаваат различни теории кои пробуваат да ги одговорат тие прашања, значи теориите не се научно потврдени или поткрепени со факти. Но, не секогаш сфаќањата за Бог се поклопуваат со религиските сфаќања, ама нема потреба да објаснувам на незаинтересирани луѓе, цврсто убедени во своите теории. Не би го темелела моето мислење врз површни сфаќања. Во секој случај, јас сметам дека постоењето на Бог не може ниту да се негира ниту да се потврди. Твоето тврдење е неточно. Науката не докажала дека нема Бог, ниту пак ќе докаже во блиска иднина. Ако нешто е докажано, тоа е постоењето на Исус како личност во историјата. Него христијаните го сметаат за Бог, а тој постоел. Дали воскреснал, што правел и како правел, за тоа сум скептик. Во секој случај информирај се повеќе пред да тврдиш дека нешто е така како што велиш. Во врска со Дарвиновата теорија, доста е веројатна, поткрепена со научни факти (зборувам за мутациите), и таа теорија за постанокот и развитокот на видовите и штети на црквата, но сепак тоа е само теорија како и (не)постоењето на Бог.
Јас сум атеист/ка и тоа ке останам цел живот. Секако ги почитувам верниците, иако нивното веруванје за мене е апсурд, но само вистинсите верници а не оние кои се религиозни само пред испит а библија немаат видено а не прочитано. Значи во вистинска смисла Бог, не постои, Бог е нашата совест која што не предупредува кога сакаме да направиме некоја лоша работа. Според мене Бог, е тука да нејдеме оправдување за некои лоши работи што ни се случуваат во жиотот да си речеме ете господ така сакал. Значи нашата неспособност да ја препишеме како вина на бог. Најголем "бог" и она што ни помага да успееме е нашата самодоверба, а кога таа ќе се разниша тогаш налесно е да се каже дек е бог виновен за тоа што не сме успеале поточно за нашата неспособност. Јас на таквите особи со разнишана самодоверба им препорачувам да појдат кај психолог или психијатар, многу повеке ке им помогне отолку да трошат и време и пари молејки се и палејки свеки мислејки дека бог ке ја заврши работата наместо нас. Ако е само еден бог зошто тогаш има милион религии? За да го разделат народот за да можат полесно со его да владеат владетелите(зборувам за она време кога се создавале религиите). Мене и не ме чуди што тогаш лугето верувале во чуда , иле неуки необразовани и немало никаква технологја, но ме чуди колку луге и денес се склони кон верување во чуда како што можевме да бидеме сведоци на "Чудопто" што се случи во април кај нас. И зошто тогаш свештените лица не се држат до тоа да тие бидат слуги на народот а не да го дерат народот со астрономски цени за венчавка, крштевка, погреб, сечење колач итн. Ако се водат според религијата треба секој да остави колку сака а не да они возат луксузни коли и да имаат куки со викендици а народот верувајки или плашејки се од бога го оставаат и последниот денар во црква. И само да ве прашам вас кои се претставувате како верници колку често одите во црква и кажете ми барем 2 молитви или барем дали ја знаете основната Оче наш. И секако бидете искрени доколку излажете госод гледа ))
атеисту бог човекот го создал за да верува во понатамошен живот за живот после сврта значи тоа е верување на човекот кон нешто надприродно, си се запрашал зошто за да се плаши од пеколот и да прави добри работи зошто ако не постои тоа верување во бог тогаш секој би правел лоши работи, никој немало никого да почитува а во 10 божји заповеди пишува не прави го она што не сакаш тебе да ти го прават а сите знаеме дека животот е тркало и дека кога тогаш нештата се враќаат лошите со лошо добрите со добро. е сега дали постои тоа никогаш никој нема да го знае, сите веруваме дека постои и му се молиме да слушне барем дел од нашите молитви и да ги исполни во реалност а дали вистина постои...се случуваат чуда кој ги прави тие чуда?
Дарвин нема врска со темава, тој не бил атеист. Тој само велел дека човекот води потекло од специфичен вид мајмуни но дека импулсот за еволуцијата го дал токму Бог.
Дарвин не велел дека човекот потекнува од мајмуни, туку дека мајмунот и човекот имаат заедничко потекло од праконзул. И Дарвин и тоа како има врска со тема поврзана со атеисти, а своите тврдења евентуално морал да ги приспособи кон барањата на тогашното конзервативно христијанско општество.