1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сè што сакате да знаете во врска со религија

Дискусија во 'Религија' започната од AdoLf, 14 јуни 2011.

  1. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.142
    Допаѓања:
    4.115
    Зачнување за време на пост

    офф топик(одговор на hermosa):
    Поентата од целиов муабет не ми е дека треба да се блудничи или дека треба да се имаат предбрачни сексуални односи тек така реда ради или по секоја цена. Секој треба да си живее според сопствените убедувања! Сакам да кажам дека тоа што се соопштува во врска со тоа вреди да се погледне од повеќе перспективи, од разни агли.
    Библијата е стара книга и прашање е како е преведувана, а да не зборам за бројните верзии на списите што ги содржи.
    Еве накратко што велат научниците од Ерусалим за тоа..
    http://www.fakulteti.mk/news/11-08-14/studenti_i_profesori_tragaat_niz_biblijata.aspx

    Па убаво вели: „не оди кај блудницата„. Не вели, „не оди кај дечко ти, не оди кај девојка ти„. Дали дечко ти кај кого си ја прочитала Библијата бил блудник или само твој дечко? Сакам да речам дека така би испаднало ако се оди според дословно сфаќање на таквите списи како што е на пр. Библијата.
    Но зошто??? Што му пречело тоа на Бог? Денес веќе не му пречи? Денес веќе таа практитка на казнување за среќа ја нема ниту во православните ниту во католичките а ниту во протестантските земји. Имај во предвид дека Бог рекол „Не убивај!„. Кој издавал такви наредби тогаш за каменување, мачење и убивање? Бог? Зарем Бог би си противречил самиот себе?

    Поентата ми е дека од овие и многу други работи се гледа дека Библијата (која како самото име вели е збирка од различни книги!) не е чиста Божја реч туку содржи примеси на човечки сфаќања кои не секогаш соодветствуваат на Божјата вистина. Поради тоа Библијата, иако меѓу бројните негативни содржи и позитивни работи, не би требало да се зема како апсолутен критериум за животнтие прашања.
    Да. Тоа е една од најубавите објави кои го преживеале фалсификувањето на библијата, но дали треба Откровението дословно да се сфати? На едно место токму се вели дека освен блудниците, гатачите и тн. несреќно ќе завршат и страшливците! Дали значи дека сите оние кои имаат фобии ќе завршат во пеколот? Воедно дали тоа значи дека и оние кои се плашат од пеколот ќе завршат во пеколот бидејќи се страшливци?

    И пак ќе ги споменам различните толкувања на Библијата меѓу кои е она на Јеховините сведоци кои мошне детално ја прочешлале библијата и дошле до некој свој заклучок дека пеколот е само втора смрт а не вечни маки. Кому сега да верувам? На православните и католички теолози, на протестантите, адвентистите итн.?
    Тогаш зошто во Библијата се спомунваат пророштвата и пророците? Мојсеј, Исаија, Јован... ако нивната моќ е од Сатаната? Според таа логика дека на прорците не треба да им се верува, испаѓа дека десетте божји заповеди кои биле дадени преку пророкот Мојсеј и не се божји заповеди туку се заповеди на Сатаната.
     
  2. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.438
    Допаѓања:
    1.451
    Како што сфатив, мислиш за Христијанската вера.
    Курбан, ако подразмислиш, воопшто и не е наш збор и потсетува на турцизам (ако не се лажам и е турцизам).
    Курбанот постои во Муслиманската вера, каде што се приложува жртва. Во Христијанската вера, никаде не постои такво нешто како што е жртвата (попопуларно, курбан) и не знам од кога почна тоа да се применува па дури и за починат член.
    Веројатно е до опкружувањето и верувањето на секој бабин збор.
     
    На hermosa, daylight и tessie им се допаѓа ова.
  3. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.494
    Допаѓања:
    8.313
    Пол:
    Женски
    Зачнување за време на пост

     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  4. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.142
    Допаѓања:
    4.115
    Разговорот со hermosa од тука (зачнување за време на пост) за да не одиме постојано пфф топик го префрлив во оваа тема бидејќи е посоодветна.
    Ова не е точно. Јас сум боготрагач, не сакам и ниту имам моќ да ја искривам вистината. Јас само поставив логични прашања во врска со работите кои тука се изнесуваат. На тој начин би сме можеле да дојдеме до нови сознанија за вистината.
    Ако убиените поради блуд на тој начин ја примиле казната тогаш зошто морал Исус да оди на крстот? А ако пак отишол на крст затоа што само тој можел да отплати за туѓите гревови тогаш зошто (наводно) Бог барал (така пишува во Библијата) да бидат блудниците казнувани?

    И зошто велиш дека Исус отплатил за нашите гревови? Дали си живеела ти лично во времето на Исус? Дали тоа значи дека веруваш во можноста за повторното раѓање на човечката душа во човечко тело(реинкарнација)? Ако тој отплатил за нашите гревови тогаш сеедно е далил ќе се покаеме или не, гревовите ионака ни се отплатени - или како што рекол во една прилика оснивачот на пшротестнатизмор, Мартин Лутер: „Греши храбро, но верувај уште похрабро!„.

    Се согласувам дека за гревовите треба да се покаеме искрено. Преку божјата пророчица за денешницата Христос објасни дека гревовите (она што е спротивно од десетте заповеди и Беседата на Гората) треба да се препознаат, окајат, да се прости и замоли за прошка, да се поправи она што сеуште може да се поправи и препознаените гревови повеќе да не се повторуваат („појди и не греши повеќе„.). Но ако веруваме дека Исус умрел за нашите гревови, тогаш ние веќе би сме биле совршени и потребата од каење и десетте заповеди би отпаднала.
    Интересно и јеховините сведоци и католиците велат дека се водат според библијата па сепак имаат поинакви верувања од твоите. Како е тоа можно ако сите тројца се водите според библијата? Кое водење според Библијата е тогаш правилно?
    Ова е навистина точно! Но исто така рекол дека уште многу има да им каже но сеуште не можеле да носат, но кога ќе дојде Духот на вистината тој ќе ве води во сета вистина. Штом има „лажни пророци„ значи има и вистинити пророци. Исус дал критериум за разликување: според плодовите ќе ги познаете.
    Во предупредувањето Тој вели, како што ти цитираше: лажните пророци многумина ќе заведат.
    Денес постојат многумина кои се водат според Библијата. Од друга страна, во однос на нивната бројка постојат малкумина кои се водат според објавите примени преку пророчицата Божја за денешницата. Тоа кажува многу!!!
     
    На Silver.E му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Зачнување за време на пост

    За првиов дел Серафима, кај нас нема бонтон, морал за облекување во Црква. Некои и тоа место го искористуваат за покажување и заведување, за жал. :tmi:
    Дури и да се работи за свадба, мора во Божјиот храм да се влезе пристојно облечен.
    Во некои земји, дури и со шамија се покриваат преку главите.
    Сум била во Католичка Црква (во друга земја) и ни рекоа да се облечеме од глава до пети, и да не бидеме во тесна, провокативна облека.
    Кога би било и кај нас вака, нема да се случуваат незгодни сцени.

    Ама, пак ќе речам, за жал, некои едноставно не знаат за почит и култура, ниту кога се работи за свето место.
     
  6. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.494
    Допаѓања:
    8.313
    Пол:
    Женски
    ова ќе прерасне во конфликт :^) .ок,добро е да не сме офф топик барем.
    каде јас кажав дека божјата воља била да се убиват блудниците?јас реков поодамна што се случувало меѓу луѓето,а не дека бог така сакал.а кога веќе трагаш по вистината знај дека Iсус рекол:јас сум патот и вистината,јас сум алфа и омега.веројатно Iсус има некоја важна улога,инаку не ќе се зборуваше за неговото погубување на крстот,впрочем не е единствениот кој бил распнат ,посебно во негово време ,така?секој кој го отфрла Iсус,го отфрла и бога.Iсус рекол дека само преку него може да се стигне до отецот.
    можеби не ме читаш добро,погрешно ги толкуваш моите зборови,но добро како и да е,да ти појаснам.Iсус е божји син,или и тоа ќе го негираш???тој е откупнина за нас,само преку неговата жртва за нас може да ни се простат гревовите,дали сега ти е појасно?а за тоа кој како ја толкува библијата,не е мој проблем.знам колкупати јеховините сведоци погрешно протумачиле нешто и сл.јас ја сфаќам библијата како свето писмо ,тоа е се.
    а жити се,кој и ги објавува објавите на таа пророчица на денешницата,дај просветли ме.и таа ако е вреник и баш ако е вистински пророк би верувала во бог и во библијата!или можеби на некој друг служи?
     
  7. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.438
    Допаѓања:
    1.451
    Зачнување за време на пост

    Отсекогаш било така за манастирите (не баш, ама да речеме дека така за да не навлезам премногу оф топик), но забраната настапи од пред неколку години. Тогаш, зошто било во ред да се склучуваат бракови во Манастирите пред 5 години, а денес не?

    И никој не вели за некоја венчавка на која се покануваат еден куп луѓе (бидејќи, да се разбереме, многумина го прават тоа за да се покажат) туку на најскромна венчавка која ќе постои само за да бидат (како што милуваат да кажат) чисти пред Бог.

    (бидејќи има многу оф топик постови, ако се превзема нешто, нека не се бришат туку барем да се префрлат во Буквално се што сакате да знаете во врска со религија!!! да не биде џабе пишувањето од членовите)
     
  8. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266
    Да ја разгледаме малку историјата наназад.
    Монаштвото кај нас најголем подем направи кога се врати дедо Наум од Света Гора, заедно со дедо Климент. До тој период монаси кај нас беа само свети Гаврил Светогорец, потоа дедо Стефан, дедо Петар, дедо Агатангел ( и другите постари епископи), па тука беше и дедо Иларион, отец Партениј (од помладите тогашни монаси)... Во тој период монаштвото заживеа во нашите манастири. Значи во тој период имаше еден до два манастири во кои имаше монаштво. Со текот на времето покрај нив започнаа да надоѓаат нови монаси и монахињи. Па така денес, слава на Бог, еден манастир брои по 10-15 па и повеќе браќа или сестри :) .
    Сакам да кажам, дека во тој период до пред неколку години (не се 5 години откако е таа збарана, туку секако 10 и повеќе години) монаштвото се раѓаше на нашите простори, за разлика од денес. А со тоа тука е и одговорот, дека порано парохискиот отец правел венчавка или крштевка во манастирот ( и со исклучок на овие горенаведени монаси, епископи).

    Што се однесува до другиот дел каде беше напоменато дека сепак ќе се работи за скромна венчевка, се согласувам. Но сепак повторно доаѓаме на она изворното. Дека во тој манастир треба монахот да ја извршува таа Света Тајна, со прислужување на други браќа монаси. Што значи монахот не ќе се разликува во ништо со преостанатите отци во светот. А суштината, зошто тој заминал во монаштво, веднаш се нарушува.

    Нажалост се заборава најважното, дека Бог е еден и во манастирот и во цркавата. И благословот што ќе го даде свештеникот е ист со оној што ќе го даде монахот. Зашто Светата Тајна Венчавка е еден ист чин и кој и да го извршува тоа.
     
  9. kamilica

    kamilica Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    36
    Зачнување за време на пост

    Дали навистина постои забрана бидејќи непосредно 1-2 недели пред постот,лично бев сведок на венчавка во манастир,инаку јас прв пат овде прочитав за ова.
    Точно дека некои сакаат да се покажат,ама “покажувањето“ им е во друга насока,најскапите ресторани,па венчаницата била креирана од незнам кој,па го избираат најскапото мени,на свадба им свират некои од естрадниве ѕвезди и да не набројувам,а во црквата кога се венчаваат обично се присутни само најблиските,а овде и нема баш нешто за “покажување“.
     
  10. LadyDPC

    LadyDPC Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2013
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    3
    Јас би сакала да посетам џамија, а христијанка сум...како можам да го изведам тоа?
     
  11. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Нели можеш како турист, со некоја туристичка група.
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  12. meleh

    meleh Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2013
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Машки
    ЗА МАГИЈАТА

    За гатачките и вражачките бесмислици
    И секој од вас да знае да го пази својот сад во светост и чист, а не во похотна страст, како незнабошците, кои не Го познаваат Бога (1Сол. 4, 4-5). Ова слово, пред се, е наменето за оние кои паднале во преголема негрижа. А ако такви обвинувања им се упатувани на Јудејците, какво простување и какво оправдување би можеле да очекуваме ние кои, по толку благодат која ја примивме, завршуваме во иста духовна беда како и тие?

    Сатанското служење и знаците
    Сатанско служење е секое разликување на деновите, гатањето и читањето на знаци. А што се знаците?
    Се случува, често, некој излегувајќи од куќата и здогледувајќи некого без око или без нога, да го протолкува тоа како некаков знак. Тоа е сатанско служење. Не го прави денот лош средбата со некој човек, туку живеењето во гревови. Затоа, кога излегуваш од куќата, чувај се само од едно - гревот да не го сретнеш. Тоа е она што не соборува, а без тоа ни ѓаволот не може да ни наштети.


    Христовиот крст е наша надеж

    Зар не знаеш што се направи Крстот Христов? Ја уништи смртта, го затре гревот, го обесмисли адот, му ја одзеде моќта на ѓаволот, а зар телото да не ти го исцели? Целата вселена ја воскресна, а ти не Му веруваш. На какво оправдание ќе се удостоиш?

    Демоните не лечат

    Чекаш ли бесовите да те исцелат? Кога Христос им дозволил да влезат во свињите, тие веднаш ги фрлиле во морето не сожалувајќи ги, а ќе се сожалат ли на човечките тела? Каква среќа би било тоа да не убиваат, да не му сакаат зло на човекот! Те изгониле од рајот, те лишиле од небесната чест, а ќе ти го исцелат ли телото? Каква жалосна заблуда. Демоните знаат само како да прават зло, да нанесуваат штета, а не знаат да исцелуваат. Не ја жалат душата, а мислиш ли дека телото ќе го пожалат? Со сите сили настојуваат да го оддалечат човекот од Царството небесно, а зарем ќе сакаат да го ослободат од болеста?
     
    На elisabeta и hermosa им се допаѓа ова.
  13. meleh

    meleh Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2013
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Машки
    ФАРИСЕЈ

    фарисејство = одење в црква или друг верски објект, а живеење повеќе од развратнчко.........
    Фарисеј = човек без принципи и без верски дух, а на молитва и в црква прв, па дури и тој поучува како треба да се живее...........................................
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  14. gentle.girl

    gentle.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    594
    Допаѓања:
    250
    епа вака да ве прашам. незнаев каде да го поставам прашашево па ете тука нека биде..
    еднашка кога бевме вманастир со моите калуѓерката му кажа на братми дека таа белезиката со светци у вц не смее да се носи,јас мислам нај нормално е тоа,и од тогаш тоа го поштувам.
    Сега прашањево ми е. дали тие крвчињата што се како ланчиња се за секојдневно носење и може било каде да се носат или ? (знам дека малце ми е глупо прашањево ама немаше каде да прашам другде) :?:
     
  15. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Тоа е само накит со верско симболичко значење. Нема никакво магично дејство. Можеш секаде да го носиш. Тоа е предмет, како што е каишот, како што се обетките, саатот на раката итн.
    Господ сигурно нема да се навреди ако влезеш во веце со крстчето. Бог се навредува кога ги прекршуваме Неговите заповеди. Тоа е тоа што не му е по вољата. Во целото Свето Писмо нема да најдеш никакви заповеди или забрани или регулативи во однос на носењето верски симболи, ланчиња, крстчиња и сл. Едноставно тоа човекот си ги направил за лична симболика и нема ниту ништо добро или погрешно во однос на нивната упореба. Тоа е моето мислење.


    Отиди до најблиската џамија и посети ја. Влезот е слободен, освен ако не вршат намаз (клањање), тогаш може да ти речат дека џамијата е зафатена.
     
    На LadyDPC му/ѝ се допаѓа ова.
  16. meleh

    meleh Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2013
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Машки
    абре вие од СЕКОЈ СТУДЕНТ кога почнавте да давате свое мислење, кај вас тоа е забрането..................
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  17. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Дезинформирана си. Никогаш не било забрането кај нас да даваш свое мислење.
     
  18. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Дали верувате во Божји чуда?

    Незнаев каде да го напишам прашањето па овде ќе ве прашам зошто не најдов соодветна тема но во врска е со Религија. Па вака сонував еден многу убав сон вчера и бев пресреќна а подоцна слушнав дека се што сонуваш пред големиот празник Велигден се остварува, значи ти се покажува иднината односно животот во сонот. Вистина ли е ова или некоја бабина деветка..?
     
  19. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Бабина деветина. На Велигден ние го одбележуваме Христовото воскресение (а со тоа и идното воскресенеи на верниците), но ѓаволот смислил 1000 глупости, бабини деветини и обичаи поврзани со овој ден се со цел да ги дефокусира луѓето од суштината на овој празник.
     
    На elisabeta и aerodrom им се допаѓа ова.
  20. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Ете ме разочара :rofl: .......... ;(
     
    На EvAngelos му/ѝ се допаѓа ова.