1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Цитати од Библијата

Дискусија во 'Религија' започната од FARFELLA, 26 јануари 2011.

  1. flame131

    flame131 Активен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2013
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    42
    Малку „мрачната“ страна на христијанскиот бог, на овој нивни прекрасен празник. Стар Завет, Езекиел:

    А Славата на Израелевиот Бог се крена од херувот над кој што трепереше, кон прагот на Домот. И го повика човекот облечен во ленено кој имаше писарски прибор во појасот,
    И Господ му рече: „Помини низ градот Ерусалим и обележи ги со знакот ‘тау’ челата на сите што тажат и плачат заради гнасностите што се прават во него!”
    А на другите им рече пред моите уши: „Тргнете по него низ градот и убивајте без милосрдие. Вашите очи нека не се сожалат и немајте милост.
    Погубете ги старците, младинците, девојките децата и жените; истребете ги сите до последниот. Но, врз кого ќе биде знакот ‘тау’ него не го зафаќајте. Почнете од Моето светилиште!” И тие почнаа од старешините, кои што стоеја пред Домот.
    И им рече: „Обесветете го Мојот Дом и наполнете му го дворот со трупови! Тргнете!” И тие излегоа та почнаа да убиваат низ градот.
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  2. April87

    April87 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    551
    Допаѓања:
    447
    Пол:
    Женски
    Затоа мажот ќе ги остави татка си и мајка си, и ќе се прилепи кон својата жена; и тие ќе станат едно тело. (Битие 2,24 Библија)

    Биди верен на својата сопруга и дај ѝ ја твојата љубов само на неа.
    Сите да го почитуваат бракот, и брачното легло чисто, зашто Бог ќе им суди на блудниците и прељубниците. (Евреите 13,4 Библија)

    Мажи, љубете ги своите жени и не бидете груби кон нив. (Колосјани 3,19 Библија)

    Кој ќе најде добродетелна жена? Таа вреди повеќе од бисери. (Пословици 31,10 Библија)

    Така и мажите се должни да ги љубат своите жени како своите тела. Кој ја љуби својата жена, се љуби себеси. (Ефесјаните 5,28 Библија)

    Секое огорчение, и јарост, и гнев, и викање и хулење, да бидат отстранети од вас, со секаква злоба. Бидете еден кон друг добри, милостиви, проштавајќи си еден на друг, како што и Бог ви прости вам во Христа. (Ефесјаните 4,31.32 Библија)

    Но заради блудствата секој нека има своја жена и секоја жена свој маж.
    Мажот нека ја исполнува својата должност спрема жената; а исто така и жената спрема мажот!
    Жената нема власт над своето тело, туку мажот; исто така и мажот нема власт над своето тело, туку жената. (1 Коринтајните 7,2-4 Библија)
     
    На meckicka, Ina Lina, hermosa и 2 други им се допаѓа ова.
  3. curious-doll

    curious-doll Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    798
    Тешко вам,законици и фарисеи, лицимери, кои ја чистите надворешноста на чашата и садот,а внатре сте полни со грабеж и лакомост! Слеп фарисеју! Исчисти ја најпрвин внатрешноста на чашата и садот,за да им биде чиста и надворешнота.
    Тешко вам, законици и фарисеи, лицимери, зашто прилегате на варосани гробови, што однадвор изгледаат убаво а внатре се полни со мртовечки коски и секаква нечистотија! Така и вие однадвор им се покажувате праведни на луѓето, а внатре сте полни со лицемерство и беззаконие.
    (Eвангелие според Матеј 23,25-28)
     
    На Таа Сум, meckicka, hermosa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.485
    Допаѓања:
    8.278
    Пол:
    Женски
    Eвангелие според Mатеј
    27,,сте чуле дека им било речено на претците:не врши прељуба!A јас пак ви велам дека секој кој гледа на жена со похота,веќе извршил прељуба со неа во своето срце.

    29Aко твоето десно око те наведува на грев,извади го и отсрани го од себе;зашто подобро е да загине еден дел од телото,отколку целото тело да ти биде фрлено во пеколот.

    30и ако твојата десна рака те наведува на грев,пресечи ја и отстрани ја од себе;зашто подобро е да загине еден дел од телото,отколку целото тело да ти отиде во пеколот.

    31,,исто така било речено:Kој ќе ја остави својата жена,нека и даде разводна книга.
    32A Jас ви велам дека секој што ја остава жената,освен за прељуба,ја принудува да врши прељуба,и оној што се жени со таква напуштена жена,врши прељуба,,.
     
    На Таа Сум, Feminka22 и Orthophill им се допаѓа ова.
  5. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Второто послание на Павле до Коринќаните.

    За љубовта.
    Ако зборувам на човечки и ангелски јазици, а љубов немам-тогаш сум бронза што sвони или цимбал што sвечи.
    Љубовта долго трпи, љубовта е љубезна, не љубомори, љубовта не се фали, не вообразува, не се однесува непристојно,не го бара своето, не се раздразнува, не памети зло, не и се радува на неправдата, премолчува се, на се верува, на се се надева, се поднесува .
    Љубовта никогаш не престанува, додека
    ако се пророштва- ќе престанат.
    ако се јазици- ќе замолкнат.
    ако е знаење-ќе исчезне .
    Зошто делумно знаеме и делумно прорекуваме, но кога ќе дојде совршеното, ќе исчезне делумноста.
    Кога бев дете зборував како дете,мислев како дете и расудував како дете.
    А кога станав маж го прекинав детинското.
    Зошто сега гледаме како во огледало, загадочено, а тогаш лице в лице.
    Сега сознавам делумно, а тогаш ќе сознавам целосно,како што сум и самиот целосно познат.
    Така сега остануваат триве,верата,надежта и љубовта но најголема од нив е љубовта.
     
    На eliesaab, meckicka, kala21 и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    "...а на некои места ќе има и земјотреси и глад и метежи. Тоа е почетокот на страдањата. Но вие чувајте се... и кај сите народи најнапред треба да се проповеда Евангелието..."

    Евангелие според Марко.

    Додека го читав ова ми се поклопи со моменталните катастрофи низ светов, затоа сакав да го издвојам. Она што Бог го кажал, ќе си биде!
     
    На _Schmetterling_, Таа Сум, ines.h и 6 други им се допаѓа ова.
  7. April87

    April87 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    551
    Допаѓања:
    447
    Пол:
    Женски
    Благословен е оној кој верува! Исус
     
    На Таа Сум, Meckicja, hermosa и 3 други им се допаѓа ова.
  8. SunshineGirl000

    SunshineGirl000 Активен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2016
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    „Да не се плаши срцето ваше; верувајте во Бога и во Мене верувајте.“ Јован 14:1
     
    На Таа Сум, hermosa, baba Rada и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Нека зборовите на устата моја и помислите на срцето мое бидат благоугодни пред Тебе Господи, Карпо моја и избавителе мој! (Псалми 19:14, Библијата)
     
    На SunshineGirl000, meckicka и baba Rada им се допаѓа ова.
  10. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.121
    Допаѓања:
    76.425
    Пол:
    Женски
    Кој ќе нè одвои од Христовата љубов? Неволјата ли, или притеснувањето, или гонењето, или гладот, или голотата, или гибелта или мечот? Како што е напишано: „Заради Тебе нè убиваат постојано, нè сметаат како овци за клање.” Но во сè ова победуваме надмоќно преку Оној, Кој нè возљуби. Зашто сум уверен дека ни смртта, ни животот, ни ангелите, ни властите, ни сегашноста, ни иднината, ни силите, ни височината, ни длабочината, ниту некое друго создание, ќе може да нè оддели од Божјата љубов, која е во Христа Исуса, нашиот Господ.
     
    На Таа Сум и Orthophill им се допаѓа ова.
  11. Incule

    Incule Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    355
    Допаѓања:
    296
    Пол:
    Женски
    Не прави го тоа што несакаш да ти го прават
     
    На Meckicja и hermosa им се допаѓа ова.
  12. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.121
    Допаѓања:
    76.425
    Пол:
    Женски
    FB_IMG_1489736720203.jpg
     
    На vanna, Таа Сум, Meckicja и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.121
    Допаѓања:
    76.425
    Пол:
    Женски
    Матеј 5:43-48

    43 Сте слушнале дека е кажано - Љуби го својот ближен и мрази го непријателот.

    44 А јас, пак, ви велам: љубете ги непријателите свои, благословувајте ги оние што ве колнат, правете им добро на оние што ве мразат и молете се за оние што ве навредуваат и гонат,

    45 за да бидете синови на вашиот Отец небесен, зашто Он го остава своето Сонце да грее над лошите и над добрите, и праќа дожд на праведните и на грешните.

    46 Оти, ако ги љубите оние што ве милуваат вас, каква ќе ви биде наградата? Зар не го прават тоа и митниците?

    47 И, ако ги поздравувате само браќата свои, што особено правите? Не постапуваат ли така и незнабошците?

    48 Но бидете совршени, како што е совршен вашиот Отец небесен.
     
    На vanna, Таа Сум, EvAngelos и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.121
    Допаѓања:
    76.425
    Пол:
    Женски
    „Кој ги има заповедите Мои и ги пази, тој е оној што Ме љуби“ (Јован, 14,21).
     
    На Таа Сум, EvAngelos и Rama им се допаѓа ова.
  15. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.120
    Допаѓања:
    14.348
    Пол:
    Женски
    И ете, дојде еден човек, по име Јаир, кој беше управник на синагогата. Па кога падна пред нозете Исусови, Го молеше да појде во домот негов, зашто имаше една единствена ќерка на дванаесет години и таа умираше. А кога одеше Исус, народот се туркаше во Него. И една жена, која страдаше дванаесет години од крвотечение, и сиот свој имот го беше потрошила по лекари, а ниеден не можел да ја излекува, пристапувајќи одзади, се допре до крајот на Неговата облека и наеднаш ѝ престана крвотечението. И рече Исус: „Кој се допре до Мене?” А кога сите се откажуваа, Му рече Петар и оние што беа со Него: „Учителе, народот Те опколил и Те притиска, а прашуваш: »Кој се допре до Мене?«“ Но Исус рече: „Некој се допре до Мене, зашто сетив дека излезе сила од Мене.” Жената, штом виде оти не може да се сокрие, со треперење пристапи, па како падна пред Него, Му кажа пред сиот народ зошто се допрела и дека веднаш оздравела. А Он ѝ рече: „Не бој се, ќерко, верата твоја те спаси; оди си со мир!” Додека Он уште зборуваше, дојде некој од управникот на синагогата и Му рече: „Ќерка ти умре; не мачи Го учителот!” Но Исус, штом го чу тоа, одговарајќи, му рече: „Не бој се! Само верувај и ќе биде спасена!” А кога пристигна во куќата, никому не му позволи да влезе, освен на Петра, Јована и Јакова, и на таткото и мајката на девојката. Сите плачеа и ридаа по неа. Но Он им рече: „Не плачете, таа не е умрена, туку спие.” И му се потсмеваа, знаејќи дека е умрена. А Он откако ги истера сите, ја фати за рака и извика, велејќи: „Девојко, стани!” И се поврати нејзиниот дух, и се дигна веднаш, и заповеда да ѝ дадат да јаде. И се зачудија родителите нејзини. А Он им заповеда, никому да не кажуваат за тоа што стана.

    Лука 8:41-56

    Ќе треба ли да се уплашиме од тајната на смртта? Зашто, веќе чувме дека смртта не е крај на нашиот живот. Таа е нашиот најголем и последен непријател што треба да го победиме. Ова свето евангелие е навистина чудесно поради големата радост што ни ја благовести, поради големата утеха со која нè радува нас маловерните. Поголемиот дел од нас, живеејќи во овој свет, живееме како луѓе што чекаат сиот свој живот да го положат во утробата на земјата, да го запретаат в земја, соочени со бесмислата и бесцелноста. Христос во ова свето евангелие ги скрши контурите на одавдестраниот живот и нè соочи со вечниот и несмртен живот. Со него нè беше дарувал дента кога благоволи да нè повика од непостоење во постоење, да нè повика од небитие во битие, да нè повика од смрт во живот. Христос не нè дарува со воскресение за смрт, туку со воскресение за живот вечен. Амин

    Извор: http://pravoslavie.mk. Прочитајте повеќе на: http://pravoslavie.mk/jairovata-kerka/ .


    Во она време, пристигна во Гадаринскиот крај, спроти Галилеја. А кога излезе Он на суво, Го сретна еден човек од градот, кој имаше бесови од многу години, и не облекуваше алишта, и не живееше дома, туку по гробовите. Кога Го виде Исуса, извика и падна пред Него, и гласно рече: „Што имаш со мене, Ти, Исусе, Сине на Севишниот Бог? Ти се молам, не мачи ме!” Зашто Исус му беше заповедал на нечистиот дух да излезе од човекот; оти долго време го мачеше, и беше во окови, и со вериги го врзуваа, чувајќи го; но тој ги раскинуваше оковите и бесот го тераше да оди во пусти места. А Исус го праша, велејќи: „Како ти е името?” Тој одговори: „Легион”, зашто многу бесови беа влегле во него. И Го молеа Исуса да не им наредува да одат во бездната. А таму, по ридот, пасеа многу свињи; па Го молеа да им позволи да влезат во нив. И им позволи. И откако излегоа бесовите од човекот, влегоа во свињите; и се гргнаа свињите низ стрмнината и се издавија во езерото. Свињарите, кога видоа што се случи, избегаа и раскажаа по градот и околината. И излегоа да видат што станало; па кога дојдоа кај Исуса, го најдоа човекот, од кого беа излегле нечистите духови, како седи пред нозете Исусови, облечен и со здрав разум; и се уплашија. А оние, што беа виделе, им кажаа како се исцели бесниот човек. И сиот народ од Гадаринскиот крај Го молеше да си отиде од нив; зашто се беа уплашиле многу. И Он влезе во коработ и се врати. Човекот, пак, од кого беа излегле демоните, Го замоли да биде со Него; но Исус го отпушти, велејќи: „Врати се во домот свој и раскажувај што ти направи Бог!“ Тој си отиде и расправаше по целиот град, што му направи Исус.

    Извор: http://pravoslavie.mk. Прочитајте повеќе на: http://pravoslavie.mk/oruzhje-protiv-loshite-sili/ .
     
    На Rama и Orthophill им се допаѓа ова.
  16. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.121
    Допаѓања:
    76.425
    Пол:
    Женски
    А ако ве укоруваат поради името Христово, блажени сте, зашто Духот на славата, Духот Божји почива на вас; тие, значи, на Него хулат, а вие - Го прославувате. (Петар 4:14)
     
    На hermosa, Таа Сум, Orthophill и 3 други им се допаѓа ова.
  17. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    „Овој народ се приближува кон Мене со устата своја, и со јазикот свој Ме почитува, а срцето негово му останува далеку од Мене, и почитувањето пред Мене е само човечко правило“
    (Исаија 29:13, Библијата)

    Да не ја мешаме верата во Бог со религијата и човечките преданија на народот. Очигледно за Бог тие немаат допирна точка.
     
    На blonde_supergirl му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Daern

    Daern Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2017
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    1.247
    Пол:
    Машки
    Зашто, на своите ангели тој ќе им заповеда за тебе да те чуваат на сите твои патишта. Тие ќе те носат на раце за да не удриш со ногата во камен. - Псалм 91:11,12

    Еден од најомилените ♥
     
    На hermosa и EvAngelos им се допаѓа ова.
  19. veteruska

    veteruska Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2014
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    5.798
    Боже, избави ме, Господи, побрзај ми на помош! Нека се засрамат и збунат, сите кои ја бараат мојата душа! Нека отстапат и нека се засрамат, оние кои се радуваат на мојата несреќа! Нека се повлечат, заради својот срам, оние, кои мe понижуваат.
    Нека извикуваат радосно и нека се веселат во Тебе, сите кои Те бараат!
     
    На Daern и Nalutena1 им се допаѓа ова.
  20. Daern

    Daern Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2017
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    1.247
    Пол:
    Машки
    И светлината светеше во темнината и темнината никогаш не ја покри