Верувам во таа сила, енергија таму горе во бескрајното синило. Мора да има нешто што ги слуша моите молитви, што ми помага кога ми е најтешко. Верувам и во бледиот, долго-брадест човек. Тој ми е олицетворение на Бога. Бог - во човечко издание.
Верувам во господ. Православна христијанка сум крстена во православна црква,верувам и ја сакам својата религија. Верувам дека БОГ постои и не барам докази.
Верувам во Бог ..од пред некоја година почнав да ја читам Библијата и се сменив сосема како личност..Гледам да правам како што му годи на Бог но сепак ние сме несовршени и грешиме.. Многу често кога ни се случи нешто лошо го обвинуваме Бог зошто дозволил итн што не е негова вина за се што се случува на овој свет лошо туку напротив на злобниот...Пред некој месец ми се случи семејна трагедија но јас останав сеуште да верувам во Бог и ни најмалку не дадов дека е негова вина што ја нема повеќе таа личност,напротив се надевам дека еден ден Бог ќе направи да ги сретнам сите што ги сакам а ги нема повеќе!
Мислам дека имам напишано на тема дека, Да верувам во Господ и тоа многу. Ми се допадна текстот што следува подоле, а незнаев кај да го ставам, ако не е за тука преместетего. Спојлер М А М А !!! Еве една прекрасна приказна, полна со многу длабока вистина: Си беше едно дете кое требаше да дојде на свет. Детето беше многу загрижено заради непознатиот свет во кој требаше да се роди. Еден ден реши да го запраша Бога: -Господе ми рече дека утре ќе ме испратиш на светот, но јас сум толку мал и немоќен, како ќе живеам таму? -Бог му одговори на детето: Немој да се грижиш, определив еден ангел кој ќе се грижи за тебе. Тој ќе те пречека, ќе те чува и ќе те научи на се што е потребно. Секој ден ќе ти пее и ќе ти се смее. Така што постојано ќе ја чувствуваш неговата љубов и ќе бидеш среќен. -Добро, а како ќе разберам кога нешто ќе ми кажат луѓето, кога јас не го знам нивниот јазик? запраша детето. -Твојот ангел ќе ти ги кажува најубавите и најслатките зборови што можат да се слушнат на земјата и тој нежно и со многу љубов ќе те научи да зборуваш на нивниот јазик. -Детето загрижено продолжи со прашањата: Слушнав дека на земјата има и многу лоши луѓе и опасности, кој ќе ме штити од нив? -Бог се насмевна и рече: Ангелот ќе те заштитува од секакво зло, па макар и по цена на својот живот. -Детето го погледна Бога и со расплакано гласче рече: Но јас сум многу тажен што никогаш повеќе нема да те видам. На тоа Бог му одговори: Твојот ангел секогаш ќе ти зборува за мене и ќе те научи на патиштата кои водат до мене. Тогаш во рајот се прекина тишината и гласовите од земјата допреа до детето. Тоа сфати дека мора да оди и го постави последното прашање: Господе нешто морам да знам, кажи ми како се вика мојот ангел? Господ му одговори со голема насмевка: Не е важно како се вика, ти ќе го викаш МАМА.
види во Библијата пишува:''Блажени се оние кои не виделе а поверувале".А ако бараш доказ почни да ја читаш Библијата поголем доказ нема.Да постои "тој чичко" и не гледа се што правиме.Прашуваш зашто страдаме Тој ни остај избор или да веруваме во него или не и да одиме против Неговата воља.Тоа што има гладни мислиш дека Бог не се грижи и дека не постои,тие сомневања се од ѓаволот.Мене баш ми е убав животот се разбира има искушенија но во душата чуствувам мир поради тоа што го избрав Неговиот пат.Можеби ти мислиш дека не постои и дека ние си ја одредуваме судбината и дека сме одговорни за нашиот живот но многу грешиш,размисли малце кој го создал овој свет?како сме создадени ние?зарем не веруваш за живот после смртта? Извини,но ако не веруваш во ништо од ова ти со сигурност си на погрешниот пат.И уште нешто Бог нека ти го отвори срцето за да ја сватиш вистината и нека те благослови.Позз!!
бог не ги заборава лугето, тоа да знаес, треба да го побарас бог, да му се приблизис со твојте дови, а бог не мозе да трца по тие кој залутале кој не го спомнуваат ни на јаденје ни на спиенје, ни во оденје ни во нисто, и како сакаме бог да биде со нас и да не цува, не туку тој ке не не искусава само. и нисто друго а мозе и да бидеме и казнети од него.
Зошто Бог би го искушувал човекот? И доколку Бог навистина го искушува човекот, зошто тогаш би го казнувал?
Не верувам во Господ. Тачно кај мене дома, во околината често се споменува името Господово. До сега, кога разговараме со моите дома, со потесното семејство остануваат вакви: а јас ваква: после разговорот и претежно истиот разговор води до расправија бидејки немам исто мислење со нив. Или едноставно, ставам и си заминувам од тоа место!. Не свакам зошто се обидуваат да ми го наметнат нивното мислење. Јас не им ги прифакам мислењата, но им ги почитувам Не верувам во Господ и истото неможе никој да го промене! Не сваќам кога нон-стоп повторуваат мантрии од типот: : бог ми дава сила, бог ме става во искушение, бог нема да ми даде нешто што неможам да ги поднесам, боже поможи ми и слично ми се премногу бесмислени. Почитувам сeмеjни трaдиции и истите ги практикувам. Ги пoчитувaм ситe рeлигии нa свeтoв и смeтaм дeкa ситe сe eднaквo дoбри и лoши - бeз рaзликa дaли сe рaбoти зa хрстиjaни, муслимaни, марсовци итд.. Вeрувaм вo Дaрвинoвaтa тeoриja бидejkи зaсeгa e eдинствeнaтa научно дoкажaнa пaтeкa нa eвoлуциjaтa. Фaкт e дeкa библиjaтa, кaкo и другитe свeти книги (K'ирaнoт нпр) сe фикциja и мнoгу сe слични мeѓу сeбe. Тргнувajќи oд тoa рaзумoт нe ми дaвa дa вeрувaм вo Бoг или бoжeствeни пojaви. Живoтoт нe зaпoчнувa вo мoмeнтoт нa зaчнувaњe oд прoстa причинa штo aкo e тaкa тoгaш живoтoт нeмa ни пoчeток ни крaj бидejkи и jajцeклeткaтa живo нeштo. Смeтaм дeкa жeнaтa (и рoдитeли зaeднo) имaaт прaвo нa избoр дaли нa свeт кe дoнeсaт нoв живoт или нe. Нe oпрaвдувaм кoгa сe пoпувa кaкo бoг сaкaл или сличнo дa сe зaчнe и дa сe рoди... oд eднoстaвнa причинa стo личнoститe кoи прoпaгирaaт прo-лифe пoлитикa нe сe иститe oсoби кoи утрe кe сe грижaт зa тoa дeтe рoдeнo сo мaлфoрмaции или тoa дeтe кoe e рoдeнo a нe сaкaнo oд рoдитeлитe.
Господ постои,и за оние што веруваат и за оние што не веруваат во него!Со тек на време ќе сватите дека Господ постои барем така мислам.