Често од навика знам да речам помести се од место или пу-пу-пу и некои такви слични работи. Но сето тоа од навика. Не дека стварно верувам во тие работи. Не верувам дека ако поминеш под бандера ќе имаш лош успех на училиште, не верувам дека ако црна мачка ми го пресече патот дека нешто лошо ќе ми се случи и во никој случај не чукам во дрво (три пати ). Пошто прашањето е колку сте суеверни?, на скала од 1 до 10 ќе речам ете 0,5 само заради таа навика што ја имам.
Темава е суеверија , па постојат многу суеверија не е само за бебиња, ама јас не сум суеверна. Добро, машала е турски збор , но често се употребува, но јас ретко си го употребувам , незнам што значи зборот зарек , а урочи уште баш не можам убаво да го сфатам ,но како и да е ќе кажам примери за суеверија На пример , кога пред тебе ќе помине црна мачка викаат демек ќе те следи несреќа па треба или да го заобиколиш патот или да се вратиш 3 чекори на назад или да фрлиш не знам колку камчиња така ми имаат кажувано Друг пример читав пред неколку месеци во весник дека некоја девојка што била толку суеверна од кога на испит носела зелена чорапи и го положила испитот , од тогаш секој ден на испит носела зелени чорапи мислејќи дека тие и носат среќа, но тука не се согласувам ако не научиш доволно ни магични чорапи нема да можат да те спасат.
Реков ќе пишам еве спортистите како се суеверни Превземено 1.Серена Вилијамс. Таа ги врзува врвките на ист определен начин и го удира топчето пет пати пред да сервира прв пат, и два пати пред вториот сервис. За време на турнирите секогаш носи исти чорапи 2.Џордан под шорцевите постојано ги носел кратките панталони од University of North Carolina. Верува дека тие му носат среќа. За да ги прикрие почнал да носи подолги панталони, што поттикна нов тренд во кошарката. 3.Бјорн Борг. Пред секој Wimbledon пуштал брада и носел една иста Fila маица. 4.Џејсон Гиамби. Еден од најдобрите бејзбол играчи, секогаш си носел на себе златна танга.
Суеверија na ova samo ke dodam deka rafael nadal sekogas gi mesti sisencata so voda na isto rastojanie i isto da bidat svrteni [mod-kirilica:30f2z7te][/mod-kirilica:30f2z7te]
Па ни најмалку.Не знам зошто некако ко бабини деветини ми се,...Од 1 до 10 , 1 ајде да не биде без ич ради поместувањето и пу пу као божем
не сум суеверна и стварно не можам да ги разберам тие луѓе што се суеверни. вториот збор за суеверие е празноверие (што сакате повеќе)
E не знам дали сум суеверена. Има во некои бабини деветини во кои и по малку верувам, а има и некои кои ми се чисти глупости.
хах само што ни откри дека СИ суеверна Значи велиш дека не си а дека носело лоша среќа. Штом веруваш дека нешто носи лоша среќа значи си суеверна
Колку сме суеверни и дали се молиме? Која поврзаност имаат овие две? Молитвата е дел од религијата, а суеверието е сосема контра од неа, или како што некои викаат ѓаволска работа. Како апсолутен неверник ниту се молам, а ниту пак сум суеверна...ама ич!
Јас лично воопшто не сум суеверна.Но види,молењето не го сметам за суеверност.Јесте дека сум верник,одам во црква,на гробишта,немам некоја голема навика за молење ама сепак и тоа го практикувам понекогаш... Суеверна можам да ја наречам мајка ми ... Ете таква е.Верува во такви глупости кои јас не ги запазувам.Вчера беше петок 13ти,а тато тргна на пат и цел ден збореше зошто го пуштила.Исто и гости кога се има.Пред да дојдат и да заминат не требало да се усисува или мети низ дома.Си стои на ова,како заречена,и никако не прекршува.Јас не сум многу по овие работи...Не ми се некако реални...