Е па јас мислам дека треба да се даде внимание на молитвата..Јас од слушање и гледање документарци и различни прилози, филмовите за Исус итн.,сватив дека најголемото и најмоќното оружје била и е молитвата.Дури нели Исус самиот има кажано дека секоја вечер пред да се легне да се кажува, а со тоа ние ќе сме блиску до него и тој ке ни помогне.Преку неа соединувајќи се со Бога добиваме и мир на душата и ни се исполнува она што го посакуваме..Практикувам секоја вечер и навистина можам да кажам помага не секогаш ама да,можеби не одма ама по некое време кога ќе се случи она за кое сте побарале помош од Бога..Нели молитвата поместува и планини.Па сакам да прокоментирате доколку имате искуство ако ја практикувате молитвата..колку ви помага, а и колку вие верувате во сето тоа?Колку верувате во молитвата дека навистина има моќ да ни помогне во животот за било што?
Потполно се согласувам со тебе Јуле Јас сигурно 5-6 години нема вечер без да се помолам и да се прекрстам пред да си легнам...ја кажувам Оче Наш..потоа една моја молитва за здравје на моите и ако имам некоја посебна молба...полесно ми е и едноставно неможам да заспијам ако не се помолам...како помала пред неколку години нон-стоп сонував како некој ме дави и имав страшни кошмари тогаш тетка ми ми кажа да си се прекрстувам пред спиење и верувале или не уште првата вечер кога се прекрстив престанав да имам кошмари...исто се согласувам и со тоа дека секогаш кога ќе се помолам на Бога за нешто што ми е важно чувствувам дека ме слуша и порано или подоцна ми се исполнува а ако не ми се исполни после некое време сваќам дека за мое добро било зошто не ми се исполнило,значи Господ ме слуша..некогаш дури ми се дешава кога се молам за нешто стварно многу важно почнам да се тресам и да ми течат солзи како нешто силно д аме тера од внатре да плачам колку и да нејкам...ви се има ли случувано ова и на вас?
Е убаво Катја што сподели твое мислење и искуство за оваа тема..Како не ми се има случено..така одеднаш доаѓа од внатре неконтролирано..почнуваш да плачеш..И мислам дека има нешто..ми се случило да добивам на некој начин некакви знаци околу мене одреден период и после да се случи нешто и кога ке поврзам..тоа е тоа.И барам понекогаш во мојата молитва да ми даде Бог знаци по кој ке знам дали нешто е така или не дали нешто има во тоа или не..и ред др работи..Сакам да кажам не е се случајно.Џабе не рекле постарите помоли се било каде да си кога ти е тешко или имаш проблем ама од срце и ке видиш ке ти олесни и ке најдеш решение..
Молитвата помага и тоа многу,сум се молела и се молам,кога практикувам да се молам незнам зошто истото и мене ми се случило како на вас,само ретко,а тоа е да почнам да плачам,незнам зошто но мислам дека тоа можеби е еден вид на прочистување на душата за се што ти било тешко во животот,како да се испразнуваш,можам да кажам дека сличен ефект има и медитацијата која исто ти овозможува поголема концентрација и ослободување на енергија односно празнење на се што те изнервирало,нешто што ти било тешко.Ми се случило и кога се молам да добијам веројатно преку молитвата поголема свесност,поголем мир,а тоа го знам уште од мала,значи цел живот,меѓутоа во тоа што го проповедал Исус нема ништо лошо,те поттикнува на добри нешта.Додека ако веќе збориме за сонови,ми се има случено да го сонувам Исус,жена облечена слично на Богородица која во соновите се појавуваше некако чудно,односно како жена од секојдневието,никогаш не сум имала кошмари,секогаш многу лесно заспивам,како некое бебе иако понекогаш незнам зошто мислам дека соновите и не се случуваат или доаѓаат од потсвеста или од тоа што сме го мислеле во текот на денот. Верувам дека постои Бог и дека има влијание,а ке има доколку веруваш,ако не веруваш нема да има.
И јас исто, имав тежок период, бев толку беспомошна што само чудо можеше да ми помогне, почнав да се молам секоја вечер пред спиење, и јас почнувам со Оче Наш па си имам и една своја молитва. Можам да кажам дека има некоја моќ во молитвата, тоа е разговор со Господ и мислам дека многу помага.
Луѓето обично се молат кога ќе ги задеси некоа несреќа, што за мене е погрешно. Јас се молам скоро секоја вечер и така се чувствувам поблиску до Господ. Не треба да се молиме само кога ќе отидеме во црква, бидејќи Господ е насекаде.
Кога се молам, обично тоа е пред спиење. Разговорам со себе си, се судирам со моето јас, се покајувам пред Бога, Му благодарам за се‘. Молитвите секогаш ми помагале. Навистина имаат посебна духовна моќ.
Навистина е така..има моќ.Еве практикувам секоја вечер и навистина што и да си кажам, за што и да си побарам помош или сакам да знам..навистина се случува..се исполнува.
Да и јас мислам дека кога се обраќаш на Бог, или на сопствената потсвест и кога се молиш или заблагодаруваш за нешто, добиваш сила, насока за исполнување на тоа што го посакуваш и едноставно некако работите се подредуваат и завршуваат онако како што си посакувал. Само ако си искрен пред сам себе, ако вистински посакуваш исполнување на нештото, а посакуваш со чисто срце, тогаш на тебе е да исчекориш кон исполнување на тоа, а останатото ќе се подреди.
Се молам често за она што сакам да ми се случи или да го имам но и често се заблагодарувам на Господ за тоа што имам.Молитвата едноставно те ослободува на некој начин,вербата треба да ти даде сила и истрајност за она за што се молиме бидејќи како што рекле старите Господ забавува но не заборава.
јас практикувам пред спиење обавезно да си кажам молитва, веќе навика ми е створена дедо ми кога беше жив (бог да го прости) уште кога бев мала не научи мене и сестра ми пред јадење и пред спиење да си кажуваме молитва сега ако не се помолам пред легнување имам како немир во мене и едноставно морам
Порано повеќе се молев, сега морам да признаам дека поретко. Но обавезно кога треба да направам нешто важно, како кога ја полагав матурата одејќи на место си ја кажував „Оче наш“. Туку да ви кажам, лани во училиште учевме за молитви, не знам точно, и речиси цел клас не ја знаеше „Оче наш“
Јас ја знам само Оче Наш. Откако знам за себе пред спиење си ја кажувам и му се заблагодарувам на Господ за се, а кога ќе станам на сабајле пак си ја кажувам ама овојпат се помолувам за мир, љубов и среќа за претстојниот ден. Навистина дава некоја чудесна енергија, самата помисла дека му се обраќам на Бога внесува во мене некое спокојство.
Јас ја знам Оче Наш. Верувам во моќта на молитвата! Неколку пати, ќе ја кажам молитвата и ќе ми се исполни тоа што сум го побарала. И да, секогаш кога ќе ми се случи нешто убаво, пред да легнам ја кажувам молитвата се заблагодарувам и си легнувам.
Одамна немам пишано на темава.Ама кој и да е препорачувам пред да си легне навечер на спиење обавезно да си ја каже молитвата Оче наш и да си побара помош за се што го мачи и сака да му се исполни.Верувајте помага и навистина се случува тоа што и ќе побарате да ви се случи! Ова го кажувам од мое искуство.Убаво е секој да си се моли секогаш секој ден пред спиење.И ќе се чувствувате посмирени и поисполнети.
Поздрав со сите кои што напишале нешто во врска со темава ... Еве може некој од нас ако знае по некоја молитва (освен Оче наш...) да напише некоја друга , така можеби и ќе научиме нешто повеќе , се разбира доколку има волја и за пишување и за читање . Бидете во здравје и љубов
Оче наш- таа молитва ја знам само. Можеби не се молам многу често,но сепак си ја кажувам молитвата. И да верувам и тоа многу.И јас како анфејтфул кога полагав матура,кога правев тестови обавезно во себе си ја кажував молитвата и си држев икона во раката.
На темава ќе бидам искрена.Не се молам секоја вечер пред спиење,не се молам пред ручек и вечера,не се молам од навика. Се молам секогаш кога имам потреба да си ја прочистам душата,да разговарам со Бог,кога имам некоја мака па барам просветлување.Искрено кажувам дека порано или подоцна тоа што го барате во молитвата Господ Бог го исполнува затоа што сите ние сме негови чеда,сите не сака и не избавува од гревовите доколку се заколниме дека нема веќе да ги правиме истите грешки.Молитвата е најдоброто духовно прочистување.Баш сакам да почнам да практикувам да се молам секоја вечер,а не само кога имам потреба.Убаво е чувството да знаеш дека си се помолил,си отишол во црква,си запалил свеќа.Си ја прочистил душата. Од молитвите ја знам само Оче наш,глупо ми е да видам некој што не ја знае.Останато од молитвата го зборам со свои зборови.