1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Наука vs Религија

Дискусија во 'Религија' започната од XMaN, 25 јуни 2012.

  1. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    417
    Дури и да ги одговориме сите прашања (а верувам дека полека се одговараат, со развојот на науката), сеуште ќе постојат религии, од една страна заради финансиско искористување на верниците и од друга најважна страна (заради што најмногу ја оправдувам религијата) е надежта.
     
  2. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Да не постоеше Христијанството јас секако дека ќе се сложев. Затоа што скоро сите други религии се откриени преку човек (“пророк“ и слично), но единствено Христијанството Го проповедаше самиот Бог Син кој се воплоти и шеташе по Земјата, јадеше и пиеше со луѓето, го допираа, му ги миеја рацете и нозете... Дека, Христијанството не е оформено поради пари, ами само поради идното Царство,сведочи оваа Христова изјава: „Лисиците имаат легла и птиците небески - гнезда; а Синот Човечки нема каде глава да наслони”. Значи Христос ништо не стекнал за време на Својата проповед (за разлика од сектоначалниците). Друг доказ, дека Христијанството не е за пари е и самиот апостол Павле, кој бил фарисеј (свештеник, во тоа време на еврејската “црква“, верниците и` плаќале десток). Тој си можел, фино лепо да си биди фарисеј, да си живее во изобилие, но тој сето тоа го остава за да живее со Христа.
    Човекот по падот трагал најмногу по една работа, по лекот за болеста која ја добил јадејќи од забранетото овошје во едемската градина. Болеста што ја добил се вика смртност, а лекот за неа на човекот му го дава Христос, а тоа се Неговите (Христови) Тело и Крв (светата причест).
    Да бидам искрен јас не сум верник затоа што: Бог ги створи Небото и Земјата, ми дарил земни богатства итн, ами верувам и Го љубам Бога, за она што допрва може да ми го даде, (ако се потрудам да го заслужам) а тоа е заедништвото со Него и со Неговата Црква во идното Царство.
     
    На Witchman, stylishh и okcenzi им се допаѓа ова.
  3. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.273
    Никогаш нема да ги одговориме сите прашања. Тоа е несфатливо за времето во кое живееме, за нашите ограничени мозоци, како што за нашите претци било несфатливо да се прокопа една планина за да се направи тунел. Тие патот до другиот крај го гледале поминувајќи над планината, не преку неа.
    Можеби и ние се уште погрешно гледаме на дел од работите и затоа тапкаме во место.
    Религиите, верувањето во задгробен живот, пекол и рај - се тоа е производ на стравот од смртта, или од непознатото со кои сме соочени.
    Но, да ги оставиме религиите и религискиот Бог на страна.
    Дали постои нешто од што потекнува се?! Како настанало тоа?
    „ Бесконечната енергија на Тао (Те) е најдлабока порта на раѓањето. Од неа се родени Небото и Земјата. Таа суштествува вечно и дејствува неисцрпно“
    - Лао Це, ТАО ТЕ КИНГ
    Се верува дека книгата од која е изваден цитатот потекнува од четвртиот век п.н.е. За каква ли енергија се зборувало тогаш? За каква енергија зборуваме ние, тука и сега?
    Мора да има нешто, зарем не? Енергија, што го победила времето и просторот, секогаш присутна, баш како што е напишано погоре - суштествува вечно, дејствува неисцрпно.
    Христос бил човек кој се верува дека воскреснал, дека е синот Божји и дека правел чуда, нели? Дали знаеш колку луѓе постојат денеска кои прават „чуда“?! Па никој не ги нарекува Богови или слично. Само поради тоа што некои луѓе биле понапредни за своето време и правеле работи несфатливи за еден просечен човек не значи дека се Богови. Ајде да продискутираме за Кеопсовата пирамида? Дали неа ја изградиле Боговите?
    Доколку не сме запознаени со тајните на тоа совршенство, еве податоци
    - Пирамидата е точно поставена спрема страните на светот.
    - Таа се наоѓа во центарот на Земјината маса.
    - Меридијанот кој што проаѓа низ Гиза го дели морето и континетите на Земјата на два дела со еднаква големина. Овој меридијан, е најдолгиот меридијан кој што се протега од Север на Југ и преставува нулта точка за мерење на должината на Земјината топка.
    - Аглите на пирамидата го делат регионот на делтата на реката Нил на две исти половини.
    - Пирамидата е совршен геодетски стожер и точка за правец.
    - Трите пирамиди од Гиза се изградени со помош на Питагориниот триаголник, во сразмер 3:4:5.
    - Односот помеѓу висината и обемот на пирамидата одговара на односот помеѓу пречникот на кругот и обемот на кругот.
    - Со помош на пирамидата може да се пресмета волуменот на кругот и неговата површина. Таа е споменик на квадратурата на кругот !
    - Пирамидата е џиновски песочен часовник. Сенките која што таа ги создава од средината на Октомври па до почетокот на Март ја прикажуваат годишната сезона и должината на годината. Должината на камените плочи кои што се наоѓаат околу пирамидата, одоговараат на должината на сенката во еден ден. Со набљудување на секната на камените плочи може точно да се одреди должината на годината на 0,2419 делови.
    - Нормалната должина на квадратна основа дава 365,342 египетски лактови. Бројот е идентитичен со бројот на денови од тропската сончева година.
    - Растојанието на големата пирамида од средината на Земјата е исто како и растојанието од Северниот пол и со тоа одговара на растојанието од Северниот пол па до средиштето на Земјата.
    - Ако основната површина на пирамидата се подели на два пати тогаш се добива бројот Pi=3,1416.
    - Вкупната површина на четирите страни на пирамидата одговараат на квадратурата на висината на пирамидата.
    - Врвот на големата пирамида се поклопува со Северниот пол, и нејзиниот обем одговара со должината на екваторот, а додека пак врвот и обемот се сразмерно оддалечени еден од друг. Секоја страна од пирамидата која што е измерена одговара на четвртина од секторот на северната полутопка или квадратура на сферата од 90 степени. (Обемот на екваторот изнесува 40.076,592 km, а обемот на Земјата пресметан на пола изнесува 40.009,153 km).
    - Нагибниот агол на големата пирамида исто така е подесен од пладневното сонце до крајот на Февруари, па до половината на Октомври да не направи никаква сенка. Тоа има своја причина: богот на сонцето Ра им дал знак на луѓето.
    Тука се споменува некаков Бог на Сонцето, така? Ако тие луѓе биле толку неуки што не можеле да си ги објаснат основните појави како ја создале оваа пирамида? Им помогнале боговите?
    Време е да го оформам мојот заклучок за сето ова. Накратко јас не верувам во Богови. Мислам дека тука има некоја поголема интелигенција, многу поголема, што за нив дури и Леонардо да Винчи би бил идиот. Е некоја таква интелигенција манипулира со нас, нашите умови, се што размислуваме и правиме. И ние навидум слободни не сме свесни со што сме соочени. Не сме свесни за затворот во кој живееме и нашата ограниченост. :)
     
  4. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    417
    Дури и навистина да постоел Исус и да бил син божји (не навлегувам тука, секој си верува во што сака. Ако јас сум одлучила да не верувам, не ги осудувам тие кои веруваат), неговите учења ни во кој случај не ги поврзувам со она што денес е христијанството. Покрај тоа што неговите учења биле базирани на основата на еврејското учење, денес христијанската религија е прва по број на секти произлезени од нејзиното учење. Во принцип секој си ја менува религијата врз основа на своите верувања и си отвара црква, а потоа и привлекува истомисленици.
    Што е со Крстоносните Војни кои ги организирала христијанската црква чија цел било ограбување на земни богатства, а целта си ја криеле зад божемната идеја дека треба да се ослободи Ерусалим од неверниците?

    И ако е така, зошто црквата зема 2-3.000 за погреб, крштевка, венчавка? Што е со луѓето што ги немаат? Верувам дека црквата треба да фунционира врз основа на донации, а овие дејства треба да бидат бесплатни и достапни до широките народни маси

    honorthyself ако убаво се сеќавам пред некое време ЦЕРН вршеше испитувања како настанало „нештото„ т.е. материја, анти материја
     
  5. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Теоријата на Дарвин, дека човекот настанал од амеба или како и да беше, па што знам јас после тоа евоулирал, па триста други работи, всушност на денот на неговата смрт самиот тој ја негира.

    Знаете ли зошто? Пред да почине, очајно бара свештеник да го испее, притоа му се моли на Бог да му прости бидејќи премногу му згрешил. Што мислите, зошто тој тврди дека премногу му згрешил на Бога, кога нели Бог не постоел, човекот се створил преку евоулирање на амеби? Бидејќи знаеме дека Бог е творец на овој свет, а со самото тоа што Дарвин тврдел обратно, значи го негира Него и со самото тоа прави голем грев.
    Ете човекот и сам си признава, на денот на неговата смрт.

    Отсекогаш науката и религијата се контрадикторни, а во што ќе веруваат луѓето сами си одбираат.
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.300
    Допаѓања:
    28.805
    Пол:
    Женски
    Јас гласам за религијата, иако има многу нешто кои само науката може да ги објасни.. Ама сепак, верувам во Бог и ќе верувам засекогаш.. Не сум некоја утепана религиозна душа, ама сепак и не сум откај Ајнштајн и Њунт.. Меѓу овие два збора (Наука и Религија) има златна средина, тие се посебни на свој начин.. И не може да се одржи дали луѓето веруваат во наука или во религија, затоа што секој човек зазема и има различен став кој многу работи.. :!: овде не можеме да зборуваме во целина 9она што го спомнав погоре, да се одреди во што веруваат луѓето) затоа што секој човек на оваа тема има различен став и тоа треба да го почитуваме..

    Избегав од темава, ама ајде.. :angel:
     
  7. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    http://www.icr.org/article/2834/
    А за науката и религијата не можам да речам дека се контрадикторни , се испреплетуваат :wasntme:
     
  8. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Како се испреплетуваат кога она што го тврди религијата, науката го одрекува?!
    Колку научници се трудат да ги докажат Божјите чуда со хемиски реакции или било што друго што би се објаснило преку накуа? Тоа мене воопшто не ми личи на испреплетување!
     
  9. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Во приказните за настанок на светот не мора да бидат буквално сватени , може носат некоја приказна која е како метафора . Еве на пример Бог го создал од кал Адам , а како што кажа феминка погоре дека кај човекот се среќаваат исти елементи како и во земјата . Во Библијата има многу метафори , кои може истата работа ја објаснуваат но во форма на поучна приказна :)
    Ако ја разгледаш темава ке видиш многу интересни размислувања , баш ми е жал , што не е толку активна
     
  10. meleh

    meleh Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2013
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Машки
    ПОТСМЕВАЊЕ

    Познатиот западен религиозен философ Кјеркегор напишал: „Кога Христос би се појавил во нашето време, не би Го предале на смрт, туку едноставно би Го исмеале.“ Изминало времето кога мачениците умирале сведочејќи за Божјата правда. Денешната идеологија го понижува и го исмејува човекот, за да ја уништи вистината. Ниче, омилениот автор на Хитлер, вака им се обраќа на „богословите“, односно на „оние коишто веруваат во Христос“: „Зарем вие мислите дека ќе дозволиме да станете маченици за вашата лага?“ (Овие зборови ги кажува самиот ѓавол, заменувајќи ја вистината со лага, а мачениците со злосторници.)Блажени се гонетите заради правда  нè теши Господ  Блажени сте вие кога ќе ве срамат и прогонат и кога ќе говорат против вас секакви лоши зборови лажно  заради Мене!
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Andromaster

    Andromaster Нов член

    Се зачлени на:
    10 април 2013
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    66
    ПОТСМЕВАЊЕ

    ...некои велат дека ѓаволот ги оставил коските од диносаурусите на земјата...
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  12. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Науката и вербата

    Оваа тема често се пројавува во дискусиите меѓу теистите и атеистите. Не сите, но некои од атеистите ги обвинуваат теистите дека се ненаучни заради нивната вера во Бог, дека во науката нема место за Бог и дека таа во суштина е атеистичка. На еден друг форум друи и сретнав една тема, поставена како анкета, насловена како: „Во што верувате? Во науката или во Бог?“ - небаре човек мора да се определи во што ќе верува бидејќи основачот на темата е убеден дека овие две (науката и Бог) меѓусебно се исклучуваат.

    Оваа тема е една од моите омилени теми, бидејќи сум љубител и на природните науки и на Бог. Неодамна напишав статија на оваа тема и денес ја објавив на фејсбук, па ако сакате да го видите мојот став на темава (на долго и широко) кликнете на линкот подоле, а тука за да не спамирам со огромни текстови ќе го напишам само заклучокот од моето произнесување по ова прашање:

    Заклучокот, со кој ќе се сложат илјадници научници, професори, доктори по науки, нобеловци – верници, е дека нема спротиставеност помеѓу разумната верба и објективната и чесна наука. Тие одат рака под рака и имаат заедничка цел: осознавање на вистината и живеење подобар и поквалитетен живот. Вербата секогаш била и ќе биде дополнителен поттик на верникот да го истражува и да му се восхитува на делото на Божјите раце.

    „Науката ги доближува луѓето до Бог.“ (Луј Пастер)

    Целиот текст: https://www.facebook.com/notes/zlatko-buckoski/науката-и-вербата/10151947688466240
     
    На okcenzi и elisabeta им се допаѓа ова.
  13. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Науката и вербата

    А да ја поставиш статијата и овде? Сепак немаат сите фб профил, а би сакале да прочитаат... :)
    Инаку темата тие многу интересна, ама сепак имам една забелешка и оние кои се декларираат за научни безбожници сепак се верници. Мене ми е потешко да верувам дека си било едно ништо и опс, му текнало и станало материја и антиматерија, или си била една црна точка и штрак и текнало и си се поделила и настанал цел универзум, или пак си шетала една молекула и и` текнало сега ќе си направам моја копија и ете ти жива клетка (чудно како и сега од мртва материја не настанува жива?)...
    Сума сумарум, во Бога верувам, во науката имам доверба, но случајноста ја исклучувам.
     
    На kva му/ѝ се допаѓа ова.
  14. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.538
    Науката и вербата

    Ми се допаѓа твојата статија EvAngelos ,мислам дека убаво статијата што си ја напишал објаснува.
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  15. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    „Науката без вера е осакатена, а верата без наука е слепа.“ (Алберт Ајштајн)



    еве мила

    Осакатена наука


    Дали сте знаеле дека првите компјутери се користеле најмногу за воени цели и дека првиот електромеханички, програмибилен и целосно автоматизиран дигитален компјутер (Z3) бил направен за време на Втората светска војна со примарна цел да го помогне германското воздухопловство? Дали сте знаеле дека Интернетот и GPS системот биле иницирани, дизајнирани и првично развивани не од министерството за наука, туку од министерството за одбрана на САД со првична намена за воено-одбранбени цели, а дури потоа станале јавна употреба? И најпосле мора да го спомнеме и фактот дека првата употреба на нуклеарната енергија не беше во нуклеарните централи, туку во Хирошима и Нагасаки.
    Да, засега повеќе ги уживаме благодетите од науката, отколку нејзините злоупотреби, но ако некогаш започнеме нуклеарна светска војна ќе зажалиме што сме го измислиле и тркалото.

    Вербата и дава морални водилки на науката и од неа се очекува да ја корегира кога таа ќе залута во погрешен правец. Дури и од еден научник-атеист, иако не верува во Бог, се очекува да има верба во доброто, во хуманоста, да се грижи за природната средина и ресурси, да мисли и за следните генерации.

    „Науката без вера е осакатена, а верата без наука е слепа.“ (Алберт Ајштајн)


    Главниот предуслов

    Со помош на науката можеме многу подобро да ја разбереме природата што не опкружува, редот и законитостите што владеат со неа и потоа истите да ги користиме за своја полза или, се разбира, за свое или меѓусебно уништување. Природните науки воопшто не би постоеле доколку луѓето не веруваа во една рационална вселена, во ред и законитост во природата. Тоа е главниот предуслов за воопшто да се започне со научно истражување. Инаку, која е поентата на самиот експеримент, ако не веруваме дека утре ќе важат истите закони, истите природни константи, ако однесувањето на системот, состојбата или движењето не може да се опише со некоја равенка на законитост? Ако пак веруваме дека природните закони настанале случајно, тогаш нив може и случајно да ги снема или случајно да се променат, да не важат исто секаде и сл. Во срцевината на сите природни науки е дека во Универзумот постои ред и законитост.

    Оттука не е ни чудно што повеќето од основоположниците на природните науки (Исак Њутн, Јохан Кеплер, Роберт Бојл, Леондард Ојлер, Мајкл Фарадеј, Луј Пастер, Грегор Мендел, Лорд Келвин, браќата Рајт, Џејмс Максвел итн.) биле верници кои верувале дека природата е создадена од интелигентен Создател кој плански создал сè и поставил ред и законитост, а на човекот му е дадена таа привилегија да ја истражува и осознава.

    „Запознавајќи ги Неговите дела, ќе Го запознаеме Него ( Господ ).“ (Роберт Бојл)


    Во древни времиња, многу луѓе верувале дека со Месечината, Сонцето, другите ѕвезди, природните појави, плодноста и сл. управуваат некакви митски божества, секое со своите сопствени правила и закони. Сепак тоа не било случај со евреите (Јудеизмот) и подоцна со христијаните кои не верувале во овие божества, имале забрана да им се поклонуваат и верувале само во еден Бог кој поставил небесни и земни закони (природни закони) да управуваат со нив (Еремија 33:25, Јов 38:33, Библијата). Па така кога луѓето истражувајќи дознале што всушност се Сонцето, Месечината, другите ѕвезди и како тие се движат, митските божества почнале полека да исчезнуваат, а оние кои верувале во Создателот кој поставил природни закони во природата, се восхитувале на научните откритија и добивале инспирација за понатамошно истражување.

    „Колку што повеќе ја проучувам природата, толку повеќе Му се восхитувам на делото на Создателот.“ (Луј Пастер)

    Кога познатиот научник и основоположник на современата механика Исак Њутн го открил законот за гравитација, тој не рекол: „Аха, еве сега знам како планетите се движат, не ми треба Бог“. Не, туку тој ја напишал Philosophia Naturalis Principia Mathematica – една од најпознатите книги во историјата на науката, каде меѓу другото напишал:

    „Најубавиот систем од Сонцето, планетите, кометите можел да произлезе само од намерата и власта на интелигентно Битие.“ (Исак Њутн)
    А во друга прилика рекол:
    „Атеизмот е бесмислен. Набљудувајќи го Сончевиот систем, гледам дека Земјата е поставена на оптимална оддалеченост од Сонцето, за да добива соодветна количина топлина и светлина. Ова не се случило случајно!" (Исак Њутн)


    Границите на науката

    Дајте му торта на некој хемичар и тој може да ви каже од што е направена, може да направи анализа и да ви каже точно од кои хемиски соединенија е составена тортата и кои се нивните својства. Но она што нема да може да ви каже е зошто сте ја направиле тората. Тој, анализирајќи ја тортата, не може да дознае дали на некој од вашите блиски му е роденден, или можеби правите годишнина, или можеби ете едноставно ве фатило криза за благо. Слично е и со Универзумот и животот. Науката не може да одговори на суштинските прашања кои си ги поставува човекот: Зошто постојам? Која е смислата на животот? Дали со смртта ќе престанам да постојам? Постои ли духовен свет?

    Понатаму научниот метод е ограничен помеѓу микро и макро светот. Микроскопите не можат да набљудуваат екстремно мали честички, а телескопите бескрајно далечни галаксии.
    Исто така научниот метод е ограничен и во донесување на теории за минати неповторливи настани, бидејќи може да ги набљудува само последиците од тие настани, но не може експериментално да ги повтори. А и кога би можел, тогаш би дал одговор само на прашањето како тоа би можело да биде, но не и дека така сигурно било. Тоа се хипотезите кои всушност претставуваат веројатни научни претпоставки. Затоа често пати постојат повеќе хипотези за еден ист настан/појава и останува на вербата на научниците да веруваат како би можело тоа да биде. Историјата на науката изобилува со примери каде своевремено уверливи научни теории денес изгледаат смешно, како на пример неделивиот атом, геоцентричниот систем на Птоломеј и Аристотел, етерот, апсолутноста на времето итн.


    Идеолошка наука и слепа вера


    Сепак, не секоја вера е разумна вера. Постојат верувања кои директно верниците ги насочуваат да го исклучат интелектот и разумот, да не им веруваат на сетилата и на здравата/разумната логика, им нудат некаква си „духовна логика“, создаваат догми кои се јасно спротивни на очигледните факти, поттикнуваат суеверија, празноверија, им забрануваат на верниците да бидат позитивно скептични, да поставуваат прашања за својата вера итн.

    Добар пример за разумна вера е банката. Банката нема слепа вера кога ви доверува кредит и не верува слепо дека вие редовно ќе го исплаќате. Таа пред да ви даде кредит, прво ќе ви постави еден куп прашања, ќе провери каде работите, колку имот имате, дали имате редовни примања, дали редовно плаќате сметки итн. и дури потоа ќе ве определи за кредитоспособен и ќе ви даде кредит.

    На сличен начин и ние треба да се стремиме кон разумна верба, верба која поставува прашања, која не зема сè здраво за готово, која бара причини за да верува, верба која истражува, анализира, споредува, која е во согласност со разумот, со објективната наука. Исус Христос рекол дека најголемата заповед е да се љуби Бог со сето свое срце, душа, сила и разум (ев. Марко 12:30, Библијата).

    Како слепата вера, така и идеолошката наука може да биде исто толку штетна, затоа што денес науката е културна моќ, еден вид авторитет меѓу луѓето и може да се злоупотреби за научна индоктринација. Науката не смее да биде заложник на идеологија или одредена филозофија. Денес, за жал, природните науки се заложници на филозофскиот натурализм. Филозофскиот натурализам тврди дека природата/материјалниот свет е сè што постои и дека априори не постојат Бог, духовен свет, натприродни појави, чуда и сл и дека сè што било, е и ќе биде, мора да се објасни единствено со помош на природните закони и никако поинаку. Ако не може да се објасни со овие закони, тогаш едноставно се вели „не знаеме зошто е така, ама во иднина ќе се најде објаснување“ и точка. Нема место за Бог и покрај тоа што тој е најдоброто објаснување за постоењето на Универзумот, дизајнот, редот и законитостите во природата, животот, дигиталната ДНК молекула итн. Од друга страна пак, историјата и општествените науки често знаат да бидат заложници на политичките интереси на различните држави и ние на балканот тоа најдобро го знаеме.


    Погрешна битка

    Еден од најголемите проповедници на атеизмот, Кристофер Хиченс (1949-2011), откако бил дијагностициран со рак и увидел дека прогнозите му се лоши, заминал кај христијанинот д-р Франсис Колинс како последна надеж да го проба неговиот нов третман со мапирање на геномот и селективно таргетирање на оштетената ДНК. Очигледно атеистот не само што ја признавал научната дејност на овој христијанин, туку и ја гледал како последна надеж. Д-р Франсис Колинс бил директор на националниот институт за истражување на човечкиот геном и е заслужен за неговото декодирање, што веројатно е најголемото научно откритие на минатиот век. Во тимот кој работел на тој проект биле неколку научници, меѓу кои едниот бил истакнат атеист (д-р Крег Вентер). Науката не ги спротиставила овие двајца со различни верски убедувања да работат на ист научен прокет, како што не ги спротиставува и другите верници и атеисти кои искрено и објективно се занимаваат со научна дејност. Спротиставеноста е на друго место. Таа не се наоѓа помеѓу науката и вербата, туку помеѓу различните светогледи. Таму лежи зајакот. Таму е битката.

    Во античка Грција, генерално циркулирале два основни светогледи за универзумот. Првиот вели дека материјата и енергијата е сè што постои и сите работи и појави мора да се објаснат преку нив. Не постои трансцендентност, Бог, духовен свет и сл. Тоа е филозофскиот материјализам или натурализам. Така учеле Демокрит, Епикур, Лукрециј, Левкип итн. Вториот светоглед, пак, вели дека материјата и енергијата не се сè што постои и дека има нешто и над материјалниот свет. Тоа е натприродниот светоглед.
    Филозофот Кит Вард (Keith Ward) го дава следново резиме: „Речиси сите големи класични филозофи, а особено Платон, Аристотел, Рене Декарт, Готфрид Лајбниц, Спиноза, Емануел Кант, Хегел, Џон Лок, Џорџ Беркли – го гледале потеклото на Универзумот во трансцеденталната реалност. Тие имале различни специфични идеи за оваа реалност и различни начини на кој и пристапувале, но сите биле согласни во тоа дека Универзумот не е објаснив сам по себе и дека бара некое објаснување над него (трансцедентно)“.


    Овие два светогледи често се препукувале низ историјата, а се препукуваат и денес. Во секуларните земји и секуларното образование денес преовладува натуралистичкиот светоглед и покрај тоа што првите универзитети во светот биле основани од верници. Од првите 108 колеџи и универзитети во САД, 106 биле основани од христијани, вклучувајќи ги тука и познатите универзитети Харвард, Јеил, Принстон, потоа и универзитетите Пенсилванија, Колумбија итн.

    Заклучокот, со кој ќе се сложат илјадници научници, професори, доктори по науки, нобеловци – верници, е дека нема спротиставеност помеѓу разумната верба и објективната и чесна наука. Тие одат рака под рака и имаат заедничка цел: осознавање на вистината и живеење подобар и поквалитетен живот. Вербата секогаш била и ќе биде дополнителен поттик на верникот да го истражува и да му се восхитува на делото на Божјите раце.

    „Науката ги доближува луѓето до Бог.“ (Луј Пастер)
     
    На elisabeta и Gordana10 им се допаѓа ова.
  16. kva

    kva Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    345
    Познавам многу верници(во вистнска смисла на зборот, кои редовно одат на литургија) а кои се занимаваат со материјална наука. Највпечатлив ми е еден хемичар, д-р на науки.
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  17. eticka

    eticka Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    85
    ЕВОЛУЦИЈАТА НА ЗЕМЈАТА НЕ ТРАЕЛА МИЛИОНИ ГОДИНИ ТУКУ НЕКОЛКУ МИНУТИ


    ЕВОЛУЦИЈАТА НА ЗЕМЈАТА НЕ ТРАЕЛА МИЛИОНИ ГОДИНИ ТУКУ НЕКОЛКУ МИНУТИ


    Роберт Џентри (Robert Džentri) , водечкиот светски стручњак во областа на радиохемијата и геохемијата дошол до откритие дека гранитните карпи се создадени за неколку минути, а не за неколку години, откритие кое во парчиња ја разурнала теоријата на еволуцијата.

    Замислете, директор на компанија да му врачи отказ на Никола Тесла. Тоа би била ударна вест во сите светски медиуми. Нешто слично му се случило на д-р Роберт Џентри, водечкиот светски стручњак од областа на радиохемијата и геохемијата.
    Причина?
    Откритието кое во парчиња ја разбило теоријата на еволуцијата.

    Лабораторијата Оук Риџ во Америка е една од најпознатите лаборатории на светот од областа на радиохемијата и геохемијата. Стручњаците на оваа компанија се занимаваат со различни работи, а една од нив е и безбедното складирање на нуклеарниот отпад во основните карпи на земјата – гранитот.

    Водечки стручњак на оваа компанија до скоро беше д-р Роберт Џентри, кој објави мноштво научни трудови во најпознатите светски научни списанија.
    Но, еден ден врачен му е отказ.
    Причина? Неговите неверојатни откритија кои ја оспоруваат теоријата на еволуцијата, за која се осмелил да објавува во најпознатите научни списанија. И не само тоа. На судењето во државата Арканзас, се осмелил да биде сведок кој го бранел воведувањето на библискиот концепт на Создавањето во училишните програми. По исфрлањето од работа д-р Роберт Џентри ја напиша книгата „Мала мистерија на создавањето“ која е објавена во Србија, а неговите два видео материјали се преведени и објавени и кај нас.
    Заради сето погоре наведено, го замоливме д-р Роберт Џентри за кратко интервју.
    Д-р Џентри, кажете ни како започна сè во Вашиот случај, кој ја вознемири научната и пошироката јавност?
    .
    Роден сум во либерално христијанско семејство во Америка и не се занимавав многу со прашањата за научно докажување на точноста на Библијата, туку бев христијанин по верување и ми беше важно дек Бог постои, но не навлегував во детали во односите меѓу теологијата и науката. Додека студирав физика, забележав дека некои религиозни студенти се бунтуваа кога професорот изнесуваше наводни докази за еволуцијата и за Големиот Прасок.


    Професорот ги смируваше со зборовите дека „можеби Бог го покренал Големиот Прасок и еволуцијата, а дека деновите на Создавањето всушност се симболично прикажани во милионите години на еволуцијата кои што Бог ги водел“.


    Што Вас ве поттикна да го промените своето мислење за еволуцијата?
    - Еден ден ми пријде еден човек кој ме запраша дали верувам дека десетте Божји заповеди се вистински. Одговорив потврдно. Потоа ме праша дали навистина верувам дека деновите на Создавањето се симболични и дека претставуваат милиони години еволуција.
    Одговорив потврдно. Потоа ме потсети на зборовите на една од Заповедите во која што се кажува дека треба шест дена да работиме, а седмиот да одмараме, зашто Бог за шест дена се` создаде а седмиот, одмараше“.
    Човекот продолжи: „Ако деновите на Создавањето симболички претставуваат милиони години, тогаш оваа Заповед нема смисла. А, ако таа нема смисла, како можеме да прифатиме дека и останатите Заповеди имаат смисла.“
    Бев затекнат и не знаев што да му одговорам. Моето верување во Бога и посветеноста на науката дојдоа до голема криза. Би било повеќе од лицемерно и понатаму на студентите да им предавам нешто во што и самиот повеќе не можев да верувам – дека еволуцијата и библијата се компатибилни.


    Како го решивте настанатиот проблем ?

    - Бидејќи повеќе ѝ верував на Библијата отколку на теоријата за еволуција, одлучив да го истражувам прашањето за постанокот на Земјата и нејзината старост. Дојдов до неверојатни откритија и ќе се обидам сега и вам да ви ги приближам на еден интересен начин.Повеќето луѓе слушнале за витаминот Ц. Него го произведуваат растенијата, а од неодамна човекот е во состојба да го направи во форма на шумечки таблети. Ако таблетата од овој вид ја ставиме во чаша вода, таа ќе почне да се распаѓа создавајќи меурчиња во водата. Да претпоставиме дека на таблетата на витамин Ц ѝ е потребна една минута за потполно да се распадне во водата ослободувајќи меурчиња.
    Што би се случило доколку во чашата со вода би ставиле витамин Ц, а веднаш потоа чашата би ја ставиле во замрзнувач? На замрзнувачот би му било потребно околу петнаесет минути да ја замрзне водата. Дали по 15 минути во замрзнатата вода би пронашле меурчиња настанати од распаѓањето на таблетата? Секако не, зашто процесот на распаѓање на таблетата е многу побрз од процесот на смрзнувањето на водата.
    Но, кога би ја виделе чашата со смрзната вода во која што се наоѓаат фатени меурчиња од таблетата на витаминот Ц, што би заклучиле? Единствен можен заклучок би бил дека во прашање е некој модел на замрзнувач кој што е во можност да ја замрзне водата побрзо отколку што таблетката на витаминот Ц би се распаднала – побрзо од една минута.
    Значи, кога би имале пред себе чаша вода со смрзнати меурчиња од таблетата на витаминот Ц, би можеле да извлечеме најмалку два заклучоци:
    1. Некој jа уфрлил таблетата на витаминот C во чашата со вода;
    2. Водата во чашата замрзнала за помалку од една минута , зашто во водата се наоѓаат фатени меурчиња од таблетата која што се распаднала.

    Овој пример со чашата вода, таблетата на витаминот Ц и смрзнувањето, ги наведов за подобро да разберете што сум открил. Веќе спомнавме дека во растенијата се одвиваат одредени процеси во кои се создаваат витамините меѓу кои и витаминот Ц. Од друга страна, во карпите се одвиваат процеси каде што одредени хемиски елементи се распаѓаат и на тој начин создаваат одреден тип „меурчиња“ во карпата.
    На пример, во карпите често пронаоѓаме милиони атоми на нестабилен уран, кои заедно се групирани во микроскопски мала точка и кои се распаѓаат. Во текот на распаѓањето тие исфрлаат мали честички на сите страни. Така создаваат оштетување во цврстата карпа во вид на меурчиња. Некои нестабилни елементи се распаѓаат во повеќе чекори, така што често пронаоѓаме по неколку меурчиња кои се наоѓаат едни во други. Доколку карпата ја пресечеме низ средината на овие меурчиња, на пресекот ќе видиме концентрични кругови.
    Некои нестабилни хемиски елементи се распаѓаат побрзо, а некои побавно, но своите меурчиња на распаѓање можат да ги остават смо во цврста карпа. Ако е карпата течна, како што е случајот со вжештената лава, тогаш тие не можат да остават меурчиња – на ист начин како што и таблетата на витаминот Ц не може да остави меурчиња на распаѓање во течна, туку само во замрзната вода.
    А сега да го примениме нашето знаење за „меурчињата“ на прашањето за постанокот на планетата Земја. Познато е дека најголемиот број на нашите континенти ги сочинуваат карпи кои што се викаат гранит. Меѓутоа, долго време не беше познато како постанал гранитот, зашто никаде во природата не може да се посматра неговото создавање, ниту било кога било возможно да се направи во лабораторија.
    Затоа, многу научници ја прифатиле претпоставката дека основната карпа на нашите континенти - гранитот – настанала со постепено ладење на вжештената лава во текот на повеќе милиони години. И многу луѓе, кога помислуваат на настанувањето на планетата Земја, веднаш замислуваат вжештена планета која постепено се лади во текот на долги временски периоди.

    Меѓутоа, јас открив нешто сосема спротивно. Всушност, на сите континенти по целиот свет во гранитот се пронајдени меури на распаѓање на еден необичен хемиски елемент. Во прашање е полониумот кој се распаѓа само за неколку минути.
    Toа значи дека гранитот морал да зацврсне за најмногу – неколку минути.
    Извршени се детални научни испитувања за да се провери ова откритие и првобитните резултати беа потврдени. Така, потврдено е дека нашата планета не била вжештена маса во текот на повеќе милиони години, туку настанала за многу кратко време – максимално за неколку минути!
    Она што го направи ова откритие уште поневеројатно, е тоа дека типот на полиниумот кој оставил меурчиња во гранитот, не постои самостојно никаде во природата, туку само како дел на некој поголем синџир на распад, како што е тоа синџирот на распад на уранот.
    Значи, како што витаминот Ц не настанува во природата самоастојно во вид на таблети, така ниту овој тип на полонијум не настанува никаде во природата самостојно, како независен хемиски елемент.
    Во случајот со замрзнатата вода со меури на таблетата на витаминот Ц можевме да изведеме два заклучоци. На истиот начин и тука, во случајот со гранитот за меурчињата на овој полонијум, можеме да изведеме два јасни заклучоци:
    1. Некој го уфрлил овој тип на полониум во гранитот;
    2. Гранитот се зацврстил само за неколку минути.

    Tреба да се истакне дека и покрај бројните обиди, никој до сега не успеал да го оспори ова откритие. Овие заклучоци јасно укажуваат на Оној кој го уфрлил полониумот во гранитот и ни оставил докази за создавањето на планетата Земја за многу кратко време – токму така како што пишува во Неговата книга – Библијата. Затоа овие откритија за гранитот јас ги нарекувам „отпечатоци на Божјите прсти“.

    Kако овие откритија влијаеја на вашиот проблем на работа?

    - Долги години работев на складирање на нуклеарниот отпад во гранитот, така што примероците на гранитот можев детално да ги истражувам. Покрај пронаоѓањето на полонијум во гранитот, кој укажува дека нашата планета е создадена за кратко време, открив во гранитот и големи количини на хелиум – гас кој брзо испарува и кој одамна би испарил од гранитот во случај гранитот да е стар милиони и милијарди години. Но, огромните количини на хелиум во најдлабоките слоеви на гранитот укажуваат дека нашата планета е многу млада, само неколку илјади години – токму така како што тврди Библијата.
    Во тоа време дојде до судски спор во државата Арканзас, зашто таа држава донела одлука, покрај теоријата на еволуцијата, во училишните програми да се воведе и науката за библиското Создавање – позната како „креационизам“. Една многу влијателна невладина организација АКЛУ ја тужела државата Арканзас заради ваквата одлука со образложение дека со таа одлука се крши Уставот на Америка, во кој се вели дека државата и религијата се одвоени.
    Званичниците на државата Арканзас чуле за моите откритија и ме викнаа да им бидам сведок на одбраната на судењето – да ја бранам државата од АКЛУ. Директорот на лабораторијата Оук Риџ, во која тогаш работев, дискретно ми скрена внимание да не бидам сведок на тоа судење, затоа што ќе ми биде ускратена понатамошната работа во лабораторијата. Јас сепак прифатив да бидам сведок на судењето.



    Како помина судењето?
    - Првите седум дена најпознатите еволуционистички научници во Америка, кои ги ангажирал АКЛУ, изнесуваа пред судијата наводни докази за еволуцијата. Сите најпознати светски медиуми, не само американски, туку и европски, известуваа за „блескавите докази на сведоците на тужителот“. По седум дена јас ги изнесов доказите за младата земја и за речиси моментното создавање на нашата планета. Никој од влијателните медиуми за тоа не известуваше – само локалните медиуми напишаа куси статии во своите весници.
    По моето убедливо излагање, судијата Овертон го повика водечкиот светски еволуционист од областа на геологијата, д-р Брент Делримпл, да се обиде да ги објасни моите откритија. Д-р Делримпл, кревајќи ги рамениците, рече дека сега не е во состојба да ги објасни моите наоди во гранитот и дека во овој момент тоа за него е „мистерија“. Но, додаде уште дека „не треба околу тоа да се возбудуваме, затоа што науката наскоро сигурно ќе успее да ја објасни оваа мала мистерија на создавањето“.
    Судијата Овертон го прифати ова негово „објаснение“ и АКЛУ на крајот го доби процесот, а државата Арканзас мораше да се откаже од воведувањето на креационизмот во училишните програми.
    Како Ве дочекаа на работа?
    - Набрзо ми беше врачен отказ под образложение дека не е потребно со мене да се продолжува договорот за соработка и понатамошна работа.
    Во која насока понатаму се одвиваа вашиот живот и научната работа?
    - Според зборовите на д-р Делримпл, за „малата мистерија на создавањето“, ја напишав книгата „Мала мистерија на создавањето“, во која ги објаснив своите докази, а снимив и два видео-материјали за младата Земја и нејзиното брзо настанување. Мило ми е што Центарот за природни студии од Белград ја објави мојата книга и видео–материјалите и што јавноста во вашата земја може да се запознае со овие важни откритија.
    Кој би бил Вашиот заклучок на крајот?
    - Можам да порачам дека науката, особено во последниве неколку децении, открила големо мноштво докази кои до детали ја потврдуваат автентичноста на Библијата. Тие откритија имаат голема важност за нас, зашто дополнително нè уверуваат во исправноста на Божјиот концепт, кој укажува дека прашањето за моралот е прашање на среќата, здравјето и животот.


    Преведе: Мина Даниловска

    26.07.2013 год.
     
  18. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
  19. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.551
    Допаѓања:
    21.644
    Пол:
    Женски
    Повеќе сум кон науката,ама верувам во господ не да не ! Мислам дека господ не води кон светлината,господ ни помага во животот но настанокот на светот,она ова е научно мислам :)
     
  20. doutzen

    doutzen Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2013
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    158
    за мене наука сепак, што е докажано докажано е