1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

По смртта

Дискусија во 'Религија' започната од RainBow, 4 февруари 2010.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.793
    Допаѓања:
    65.509
    Пол:
    Женски
    Девојки, што мислите што не чека после? дали имате размислувано на таа тема? или едноставно верувате во рај и пекол?
    Јас некако не можам да замисла дека постои и рај и пекол и тоа некако ми се коси со христијанството.
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Па што знам. Рај, пекол, нешто трето... едно е сигурно.
    Никој не се вратил па да каже. :D
    Мислам дека постои некоја трансформација на енергијата што ја имаме во нас. Не може таа туку така да се изгуби.
     
    На bad girl18, MissAlena, AL.MA.EL и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.516
    Jaс верувам во задгробен живот (рај/пекол). Навистина ние поседуваме душа, енергија .. кое не може само така да исчезне.
     
  4. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Ех,што ли има после смртта,незнам дали има рај или пекол,тоа никој мислам дека неможе да го каже,тој што умрел,не се вратил за да каже.Но сепак мислам,дека постои трансформација на нашата енергија и дух,иако во старо време,еве да речам владетелите,се стремеле кон божественото во нив,па граделе храмови или незнам што,се со цел да се возвишат на некој начин.И ете направиле,што направиле,но умреле,и каде се,не се знае,дали рај или пекол.А што има после смртта,тоа секогаш и засекогаш ке остане мистерија,исто како и тоа што денес научниците барат докази,или пак прават експерименти за да дознаат како настанал универзумот,светот итн,но како што кажав претходно,и за создавањето на светот или универзумот,сето тоа е една голема мистерија.
     
  5. MadeinHeaven

    MadeinHeaven Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2009
    Пораки:
    300
    Допаѓања:
    70
    После смртта ако има рај и пекол ќе идам во пеколот поради пијанствата ( така вели Данте) :D а доколку има реинкарнација би сакала да се родам некаде далеко на запад само не во Макдонија ....
     
    На Dorita, bad girl18, Beautiful_girl.. и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Dark-Rose

    Dark-Rose Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2009
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    76
    Верувам дека нешто постои. Едноставно неможе се да исчезне само така... Верувам во вечноста и бесмртноста на душите, затоа и гледам колку е можно помалку грешки да правам на овој свет, да повредувам луѓе или слично. Некако и ме плаши таа помисла дека сепак постои некаков "суд" и секој ќе си го добие заслуженото :? Па ние овде сме само гости, некаде ќе треба да останеме вечно, нели? Зошто да не си го направиме нашиот престој тука попријатен и за нас и за другите околу нас, прво ради нас самите а понатаму ради се останато во врска со тоа што не чека после смртта. А и некако убаво ми е кога правам добри дела, кога можам да помогнам некаде и да насмеам некого. Таа насмевка ми е доволна награда. Се надевам некој ќе се сложи со моето мислење, позз*** :P
     
    На sj *O*, Black Love, Betty* и 10 други им се допаѓа ова.
  7. Dark-Rose

    Dark-Rose Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2009
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    76
    Па и не е така лошо да се родам тука пак... но во некои други времиња :P
     
    На Meckicja му/ѝ се допаѓа ова.
  8. bubamara

    bubamara Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2009
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    2
    Можеби има рај пекол и такви ствари...мене некако во глава ми е замислено дека по смртта душава ќе ни талка низ космосов...ќе ни исчезнат чувствата и нема да имаме потреба од нашите блиски...и ќе лутаме некаде...којзнае како е ...
     
    На Daddy.girl му/ѝ се допаѓа ова.
  9. kristin4e

    kristin4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2009
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    122
    Па што знам!? И мене идејата за рај и пекол некако ми се коси со христијанството.Верувам во Бога и во неговата справедливост но верувам и во божјата милост и бескрајна Љубов кон сите нас. И затоа мислам дека за секој од нас постои спасение...
    Што после смртта? Па можеби ќе се разбудиме во еден нов свет.Свет без омраза, болка, тага...Свет исполнет со хармонија,љубов и топлина...Кој знае? Знам само дека ќе ни биде многу досадно ако не се најде некоја работа за нас таму.. :lol: Затоа не заборавајте да си понесете многу книги,це-деа и по некој лап-топ...да се читаме и таму по форуми...Зошто вечноста е мноооогу долго време... :lol:
     
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.793
    Допаѓања:
    65.509
    Пол:
    Женски
    Мене некако најлогична ми е реинкарнацијата. Повторно се раѓаме но во друг облик. Или можеби пак како луѓе ама не сум баш сигурна.
     
    На MissAlena му/ѝ се допаѓа ова.
  11. suGarBaby

    suGarBaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    112
    Искрено несакам да размислувам за тоа затоа што сакам да уживам додека сум жива и да го искористам секој момент со нешто паметно и корисно.А иначе сум помислила онака што ќе биде коа ќе биде и никој не се вратил од мртвите па да верувам дека постои или пак не постои задгробен живот.Тоа е мое мислење.Позз. :D
     
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.793
    Допаѓања:
    65.509
    Пол:
    Женски
    Па смртта е составен дел од животот. Да ја нема неа и животот не би имал некоја смисла. Мене воопшто неми е страв од смртта повеќе ме плашат некои други работи...
     
  13. suGarBaby

    suGarBaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    112
    Да да у право си,али самата помисла дека ќе се оделиш од саканите.(незнам мене од тоа ми е страв неможам да се замислам без некој личности.) позЗ. :)
     
    На Black Love му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Shigjetari

    Shigjetari Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2010
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Телото после смртта не може ништо да прави, па така тие глупости со рајот и пеколот мислам дека не постојат.А што се случува со душата, за тоа не знам со да кажам.
     
  15. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.190
    Пол:
    Женски
    Не верувам апсолутно во ништо....умира телото и се поврзано со него. Тоа што викаат дека имаме душа и дека таа после смртта некаде оди, по мое мислење се само моменти на утеха бидејќи ние луѓето како високо интелектуални суштества едноставно неможеме да се помириме со смртта и дека нема ништо после нејзе. Ако постои душа, што е со душата на растенијата на пример? Па и тие се живи организми кои еден ден одумираат, зарем можат и тие да имаат душа?....Едноставно мојата професија како биолог не ми остава да верувам во ништо друго. Ние луѓето исто како животните и растенијата или било која друга животна форма, сме изградени од жива значи органска материја која после изумирањето преоѓа во друга форма, значи влегува во органскиот циклус и таа материја е на некој начин искористена за други цели. Што се однесува до многу споменуваната енергија, која како што повеќето мислат дека мора да оди некаде по умирањето на телото, исто така од биолошки аспект, и таа се гаси. Многу вака звучи сурово и тажно, но така е. Знам дека многумина незнаат всушност што е таа енергија и од каде доаѓа. Клетките се нашата подвижна сила, или како што гласи дефиницијата дека се основни функционални и градбени единици. Од клетките произлегува таа енергија која кружи во сите циклуси што се одвиваат во телото на еден организам. Клетките ја генерираат таа енергија. Кога ќе настапи смртта, умираат сите функции, органите, ткивата, клетките...Многу веројатно е таа енергија да "живее" уште некое време по изумирањето на клетките. Но кога нема подвижна сила, и потенцијал кој ќе обезбеди постојано кружење и продукција на енергијата, и таа згаснува.
    И покрај соочувањето со овие факти, јас не се плашам од смртта. Животот е убав и еден и го живеам најдобро што знам. Поради овие мои сознанија не верувам дека некогаш ќе го сменам мислењето за смртта и животот после нејзе. Не се обидувам ни да ги наметнам, секој има право да верува во што сака. На пример на дечко ми многу пати сум му ги објаснувала овие процеси, па тој пак си верува во нешто и тоа си е негово. Такви сме ние луѓето, сами си ствараме визии да веруваме во тоа што ни одговара, верувам и јас го правам тоа за некои други работи :)
    Имавме и една дискусија со дечко ми околу таквите верувања за задгробен живот или какво е чувството кога ќе умреш, баш поради верувањата дека има нешто после смртта. Генерално сите се надеваат дека не очекува нешто многу поубаво во задгробниот живот. Еве за тие што размислуваат за него, едно прашање...Дали сте помислиле дека можеби смртта е бескрајна болка која никогаш нема да престане? Бидејќи еве според библијата знаеме дека човекот е казнет од господ и е пратен на Земјата да се мачи. Навистина ме интересираат вашите размислувања, многу интересна тема....Инаку јас сум тежок атеист, знаете, професијата не ми дозволува :lol:
     
    На elenkata20 и vetre им се допаѓа ова.
  16. Dark-Rose

    Dark-Rose Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2009
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    76
    Јас никако не се сложувам со ова :? Не мислам во никој случај дека смртта е бескрајна болка, освен ако не сме живееле грешно, нечесно, неморално... Тоа е само почеток на една вечност. А на земјата не верувам исто така дека сме пратени како за казна... Мислам дека тука сме да научиме што е болка, страдање, среќа, неправда... и покрај сите искушенија да останеме присебни и не тргнеме по најлесниот пат, погрешниот. Да научиме да простуваме, затоа што сите грешиме, да им помагаме и да ги заштитуваме послабите од нас, да го цениме она што ни е од Бога дадено. Ова е мое мислење, позз***
     
    На Dorita и Sahlene им се допаѓа ова.
  17. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Психологијата потврдува дека иако и човекот и животните и растенијата се живи суштества, човекот се издвојува бидејќи има ПСИХА или со друг збор ДУША.
    Физиката пак тврди дека енергијата ниту се создава, ниту се губи,туку преминува од еден вид во друг.
    И едно прашање до Китен: ако си како што велиш ТЕЖОК АТЕИСТ, зошто тогаш земаш примери од Библијата? За тебе како атеист таа би требало да има значење како и секое друго дело. :D :D
     
  18. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.190
    Пол:
    Женски
    Точно, нема никакво значење за мене...Тоа го кажав како пример после разговорот со дечко ми кој ете на тој начин размислува, а до сега не сум слушнала такво мислење од тие што сметаат дека има живот после смртта. Па ме интересираше вашето мислење бидејќи секаде се спомнувани само убави работи, и како после смртта треба да ни се случува нешто многу поубаво. Тоа од библијата го слушнав исто така од него, па го наведов како такво, бидејќи поголемиот дел од луѓето што веруваат во задгробен живот се и верници, и во склоп на тоа ме интересираат вашите ставови, чисто ради дискусија :mrgreen:
     
  19. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Не знам за вас,ама јас планирам да живеам вечно! :lol:
    Шега на страна,не размислувам што ќе се случува потоа,но веќе кога прашавте...После смртта,смрт и ништо друго.Солидни два метра кои патем доволно некој ќе се потруди да ги ископа,дали лете,дали зиме,иста мака е и пред време му благодарам многу.Можда и најдоброто нешто што некој ќе го направи за мене за да можам достоинствено да скапам и да никне јаболкница од мене,над мене.Не верувам во задробен живот од било каква форма,ниту во реинкарнација,а навистина ради филм баш би сакала да бидам ептен влезена во тоа,занимливо изгледа како концепт! :lol:
    Освен храна за некои видови на паразити,ништо друго не очекувам,ниту пак мислам дека ќе бидам некој опак дух кој ќе си ги шпионира прапраправнуците (ви викам,долго ќе живеам за да ги исчекам сите прапраправнуци :D ).Ова ако ме прашувате реално,но од емотивен,малку духовен аспект навистина сакам да верувам дека некој кој неодамна ме напушти ме чува и ме гледа,тука во земскиов живот,но мојата перцепција за реалноста кога ќе ме удри и не е баш симпатично за прифаќање на вистината која сакале или не се нарекува круг на животот.
     
  20. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Телото умира,ткиво,органи и др.Што е со духот,енергијата,па тогаш ако само телото живее и умира,прво како функционира,значи има енергија,еве пример земјава како опстојува,универзумот како,нели постојат,атоми,протони,неутрони,па тогаш како сите тие функционираат???А едно е атеист,атеист кој што не верува во Бог,а сосем друго рај или пекол.Па рајот е се добро што правите тука,исто и пеколот,се е тука,зарем тие војни,убивања,зарем тоа не е пекол,ужасот.Едно е биологија а друго е парапсихологија.Се е енергија.