Форумџика на годината

Пост

Дискусија во 'Религија' започната од Lovely, 13 февруари 2010.

  1. Lovely

    Lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2009
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    1.058
    Пол:
    Женски
    Дали ке постите 48 денови и ке се откажете од сите пораци за да одите на пречест??? И како вие го сваќате тоа, дали некој до сега постел (мислам за време на овие пости, не по еден ден)??? Јас не сум но оваа година планирам да постам. Што мислите вие за постот???
     
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.063
    Допаѓања:
    66.816
    Пол:
    Женски
    Jaс постев минатите две години. Ама онака традиционално цел пост, како што викаш без пороци и се останато. Планирам и годинава, само мислам дека сексот нема да можам да го скратам, а се мислам и дечко ми да го терам да пости ама мислам дека некако нема да успеам ;) Сепак некако си се навикнав и тој период ми е најмирен и се чувствувам прекрасно и со ништо не се замарам и не се напињам.
     
    На katerin му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Минатата и предминатата година ги постев цели пости. Лани баш и не успеав затоа шо нешо крвта ми заслабна, па од дома ме натераа да го прекинам. Годинава не планирам баш да постам, ама барем месо ќе исфрлам од исхрана. Постот е потребен за прочистување, како и физичко, така и душевно. Џабе би ни било да јадеме леб и вода, ако на гревовите им нема крај.
     
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.133
    Допаѓања:
    156.140
    Право да ви кажам од религијски аспект не верувам во постов,ама за чистење на организмот од токсини и масти е супер.Мислам смешно е да мислиш дека така ќе ти бидат простени сите гревови,а башка не се лишуваш нешто особено од задоволства затоа што буквално за се постои замена.Сојата чуда прави,од млеко до месо ти заменува!
    Планирам да постам,ама не знам дали ќе успеам,прво затоа што мајка ми прави неодоливо убави торти,а роденденот ми се паѓа во постот.
    Кажете ми дали некој од вас што постел во тој период качил килограми или симнал?!
     
    На GirlLove и Betty* им се допаѓа ова.
  5. nica

    nica Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    56
    Probav ednas da potam i ne uspeav :D odtogas nemam probano povtorno. Ama znaete najprvo treba dusevno da postis, odnosno da go iscistis duhot i umot od crni misli, zostvo vo sprotivno ako postis samo telesno a ne i dusevno e isto kako da ne si postel
     
    На manasija му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Да ти кажам се зависи од организмот и од колчината на храна која ја внесуваш. Јас лично не сум забележала некоја промена кај себе кога постам. Можеби малку сум ослабнала, но незначително.
     
  7. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.988
    немам постено до сега сите денови...само тие трите пред Велигден....и оваа година неможам да постам...ама здравје некоја наредна можеби ќе се обидам :)
    и уште нешто да кажам кога веќе е отворена темава....постењето барем јас го сваќам како нешто многу лично и многу ме револтираат луѓе кои се фалат, а за жал се почесто околу мене слушам коментари од типот ЕЈ ЈАС ПОСТАМ,А ТИ ПОСТИШ....тоа не е за фалење и што џабе постат со храна кога устата си ја гнасат со секакви зборови и пцости секојдневно....некако многу во погрешна насока се движи сето ова, забележувам дека младава генерација се повеќе постот го изобличува и го прави да биде еден вид "тренд" што е ужасно и сосема погрешно :? :? :?
    да не ме сватите погрешно коментарот не ми е конкретно за темава, туку општо за тоа што гледам дека се случува околу мене во однос на постењето ;)
     
    На manasija му/ѝ се допаѓа ова.
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.063
    Допаѓања:
    66.816
    Пол:
    Женски
    Јас лично не сум симнала килограми во постот. Инаку да постот не е само телесно да се прочистиш. Затоа и алкохол не смее да се пие за да ти остане умот бистар и непоматен. А за тоа дека станува тренд па и не се согласувам баш. Од моите другарки ни една не пости, а и повеќето за жал се атеисти.
     
    На sweet10 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Пред да се причестите мора да се исповедате бидејќи пред светата причест треба да пристапиш исчистена од гревовите и треба да се исповедате пред Свештеник кој служи како посредник во вашето општење со Бога
    позз ;)
     
    На Bitter-Sweet и sweet10 им се допаѓа ова.
  10. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    Jas recisi sekoja godina imam posteno. Sum gi postela i Boziknite i Veligdenskite praznici. Ne e ni malku tesko, tuku bas se osekas ubavo lesno i smireno celo vreme. Znaci ako sakas da se precestis, postot ne e samo vo ishranata, tuku ne treba da pies alkohol, odnosi ne treba da imas, ne treba da pcuvas i da navreduvas i ne treba da imas losi misli. Jas inaku nikogas ne pijam kafe nitu pusam cigari, a poznavam luge koi pusat cigari,ama za vreme na postot se otkazuvaat i od cigarite i od kafeto. Inaku sega e lesno za ishranata zatoa so ima razni rastitelni kaskavali, soja , posni majonezi itn itn ama jas kako so znam baba mi i majka mi nikogas ne postat so takva hrana, tuku bas onaka kako so si e stariot post koga nemalo takvi zameni za meso i mleko. Bas toa e i sustinata na postot da se otkazes od zadovolstvata i da se procistis duhovno, a i dobrata strana e toa so se procistuva organizmot od masnotii.
     
    На Bitter-Sweet и sweet10 им се допаѓа ова.
  11. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.517
    Еве денес се причестив :)
    Следните недели ќе ги постам со масло. И колку што ќе издржам - ќе издржам :) Можеби една недела ќе направам пауза и во исхраната ќе внесам само јогурт и млеко.. месо никако.
     
  12. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    Kako moze da napravis pauza i da jades jogurt i mleko :worried:hock: :?: Ednostavno neprifatlivo e toa. Ako mislis deka ne mozes da izdrzis togas trebalo da postis pa ako izdrzis da se pricestis poslednata nedela. Ako postis posti do kraj. I za Veligdenskiot post otkoga ke se pricestis potoa ne se prodolzuva so maslo, tuku celiot Veligdenski post e bez maslo, a samo sabota i nedela se jade so maslo. Nesfatlivo mi e kako moze da se pricestis pa da si kazes aj ke napravam pauza c c c :?
     
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  13. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
    А каде пишува во која Библија или друга книга што треба да се јаде или не јаде??Постот е измислен од народот..И со време гледам само се измислува ова не се јаде,тоа не се јаде итн.Порано многу години наназад се немало се живеело поскромно и сиромашно..па месо колку се можело само за празник се јадело..Тоа не било од религиозни причини..А последно време веќе ко да стана ова помодарство..постот.Кој има потреба да си пости разбирам ама од здравствена гледна точка не е нормално.Организмот си бара да се внесува се само умерено.Колку проблем се прави, се пости подолг период и после седнувај јади месо јади појака храна и оп..мачнини,стомаци болат,вируси се закачуваат..болни сите.А бе суштината не е во храната суштината е во духовното.
     
    На GirlLove и elisabeta им се допаѓа ова.
  14. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
    И уште ова..прашајте ги поповите дали и колку постат.
     
  15. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.517
    Еве сега ќе ти објаснам. Првата недела ја постев без масло, па се причестив. Продолжив уште 3 недели да постам но со масло бидејќи сум ученик и немав шо да јадам нашколо и сл. После тоа имав проблеми со стомакот и затоа прекинав да постам - ама барем не јадев месо. (за разлика од други кои ја постат првата недела и последната без масло, а помеѓу прават скари и гозби). Последната недела ја постев, но не се причестив, што се подразбират. Мислам дека доволно разјаснив.
    Друго, велигденскиот пост не е цел без масло. Понеделник среда и петок се без масло, а останатите денови со масло.
    Единствена сабота која се пости без масло е Велика Сабота.
     
  16. e.m.a

    e.m.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 мај 2010
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    13
    јас сум муслиманка и ние постиме еден месец, ама кај нас е друго, ние не јадеме и не пиеме нисто додека постиме од сифир до ифтар тоа доага некои 12-до 14 цасови, посто секој ден ифтар мислам јадеме 2 мин подоцна. да постат е задолзитено девојцињата от кога ке добие менструација а за маското до 15 и натака треба да постат редовно, ако немат некаков здравствен проблем. за ова има многу да се писе ама јас се обидов на кратко да го описам постот кај муслиманите, кај нас се вика RAMAZAN. поздрав до сите.[/b]
     
  17. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    ЕМА во иднина внимај со каков фонт пишуваш, не мора толкави букви да користиш, и со мали да си напишала пак ќе прочитавме :^)
    Да се надоврзам на темата, девојки јас почнав од понеделникот да постам, малку се големи овие пости ама барем ќе го исчистам организмот од мрснотии. Секогаш лесно го издржувам постењето и не ме фаќа стрв за мрсни јадења, единствено што највеќе ми фали е сирење, затоа што без сирење не можам тоа е највеќе што сакам од храна :) Ама прекумерена количина на сирење ствара камења во бубрегот па така добро е што ќе направам мала пауза од него :) Има ли некој друг што почна со постот?
     
  18. e.m.a

    e.m.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 мај 2010
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    13
    veri neznam dali ti preci goleminata na tekstot ili sodrzinata na tekstot :?: ali toa ne e vazno jas imam pravo kolku i ti tuka . ike pisuvam so koi bukvi sakam -mislam deka toa e najmalku vazno+mozebi nekoj sto ima slab vid ke mu pomgnam da cita podobro ;) pozz do site :hai:
     
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.
  19. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.098
    Допаѓања:
    4.461
    Пол:
    Женски
    e.m.a тоа што ти го кажала veri е добромамерно, големите букви се за потенцирање нешто. Ако пишуваш со голем фонт не е убаво затоа што болат очи, тешко се чита. А во врска со содржината , на никого не му пречи поради тоа што не прекршуваш ниедно правило на форумов во однос на содржината.
    Се надевам во иднина и сама ќе го приметиш и примениш ова што го збориме. :)
    Инаку јас не постам, татко ми секоја година ги држи оние 40-дневните пости пред Велигден, и тоа со сите тертипи, кога смее масло, кога вода...
     
  20. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.040
    Допаѓања:
    36.063
    Пол:
    Женски
    Никогаш не сум постела и нема ни да постам.