1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Пост

Дискусија во 'Религија' започната од Lovely, 13 февруари 2010.

  1. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266
    Како што кажа и претходно феминаката, тој пост е најправилен како да се пости.
    Многу е погрешно да се пости на овој денес модерен начин, на своеволно скратување по желба. Постарите тоа го изведиле само да си го олеснат долгиот пост, па затоа си скратиле нешто. Наместо да ги постат целосно постите, тие денес им кажуваат многу погрешно и на младите и тие прават така. Но едно не сфатиле, дека Господ никогаш и никој не може да го излаже. Тоа што го скратуваат предодредениот пост е за нивно лошо на душата и навистина прават голем грев.

    Конкретно за тебе мила :) .
    Не знам дали си постела овие два денови или не. Но ако не си постела и тоа од не знаење, а не си знаела за почетокот на постот и сакаш да издржиш до крај (до Божик), тогаш можеш да се посоветуваш со некој отец во најблиската црквичка.
    Но како за почетник кој започнува да пости, верувам дека ќе ти разреши отецот да блажиш со масло во сите денови, освен евентуално во среда и петок (доколку можеш без масло). Но задолжителен е постот пред Светата Причест, а тогаш се пости најмалку 5 денови без масло.
    Строгиот пост (без масло) кој се практикува за време на првата и последната недела, важи за Велигденскиот пост. Односно, за оние кои им е разрешено да блажат со масло (зашто тие пости се многу строги и тогаш се пости од понеделник до петок без масло, а само во сабота и недела се јаде масло), па само првата и последната им се дава да ја испостат најправилно како што и треба. Првата, зашто таа е неделата на Православието, а последната недела се пости строго, зашто тогаш е предаден, измачуван, распнат и погребан Господ Исус Христос.
     
    На danniela5 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.957
    Пол:
    Женски
    Дали знае некој да каже дали смеам да пијам Омега 3 по препорака на гинеколог( инаку сум бремена) ,бидејќи се пости сум во недоумица. Се пијат секој ден или само кога се блажи со риба за викенд?
     
  3. kamilica

    kamilica Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    36
    Треба да разговараш со духовнот отец.За време на бременост може да ти даде благослов за постење со млечни производи (јас имав таков благослов).Инаку колку што знам,кога мора де се пие некој лек редовно,треба да се пие независно од постот.
     
    На Mama25 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. expert

    expert Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    266
    А зошто и воопшто постиш ако си бремена?!
    Ако веруваш во Бог знаеш дека простува за се, а не пак за непостење за време на бременост.
    Постењето може да е штетно за плодот, потребни ти се секакви нутритиенти посебно за време на бременоста, не смееш да оставиш да не примаш тоа што ти предложил гинекологот.
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.957
    Пол:
    Женски
    Ви благодарам на одоговорите Камилица и Експеерт. Јас постам од љубов према Бога,баш напротив не ми е тешко што не конзумирам некои видови на исхрана,јадам и се држам онака како што е пропишано да пости една трудница,нормално доколку сака и може. Касно открив дека бремените жени исто можат да постат доколку имаат нормална бременост и со првото дете не го знаев тоа и денес ми е искрено криво па затоа овојпат од душа и срце го правам тоа :hai:
     
    На kamilica и Serafima им се допаѓа ова.
  6. jesicaalba

    jesicaalba Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    25
    Тоа значи дека на 13ти јули (сабота) може веќе да се прави свадба така Серафима?
     
  7. gentle.girl

    gentle.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    594
    Допаѓања:
    250
    кога починаат велигденските пости оваа година ? :)
     
  8. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.766
    Пол:
    Женски
    Еве Серафима погоре напиша, на чист понеделник 18 Март, а завршуваат на 5ти Мај 2013. Поздрав. ;)
     
  9. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.616
    Допаѓања:
    5.416
    Пол:
    Женски
    Планирам да ги држам овие велигденски пости, и се надевам ќе го реализирам тоа.
    Нејадам многу месо, ретко некое друго освен пилешко, а и не сум зависна од млечни производи.
    Сакам зеленчуци и риба, и ќе пробам.
    Пред се за здравје ќе ги држам.
    Досега сум постела само во оние строги пости (петок ) најчесто, па ќе видиме како ќе терам.
     
  10. gentle.girl

    gentle.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    594
    Допаѓања:
    250
    риба за велигденски пости не се јаде :x
    незнам дали знаеш ама мое е да ти кажам штом го прочитав ова. :D
     
  11. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    И јас да потсетам, риба не се јаде за велигденските пости. Затоа отпиши си ја однапред. ;)
     
  12. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Планирам, здравје Боже да не се зарекувам, да постам барем една недела од Велигденскиов пост.
    Ова се трудам секоја година да го практикувам. Убаво е чувството :)
     
  13. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    Да се пости не значи само да се јаде посна храна...исто така значи и да не му помислиш лошо на никого а камо ли да направиш нешто лошо...
     
    На Dazey му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Cakica

    Cakica Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    589
    Допаѓања:
    7.664
    Пол:
    Женски
    Во врска со велигденскиот пост сте пишале дека риба не се јаде ај ако може некој нека ми објасни подетално зашто јас знам дека риба не се јаде т.е. јас не сум ја јадела првата и последната недела кога постам без зејтин
     
  15. jesicaalba

    jesicaalba Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    25
    Вака, според она што јас го имам прочитано и ми имаат кажано е дека од понеделник до петок се пости без масло, но доколку се падне празник во овие денови тогаш се дозволува масло. Во сабота и недела се пости со масло, а риба се јаде само на Цветници и Благовец. На форумов има и посоодветни личности да зборуваат на оваа тема (посебно Серафима), па доколку згрешив нешто нека ме исправи/ат.
    Поздрав4е.
     
    На Mama25 и Serafima им се допаѓа ова.
  16. Missbutterfly

    Missbutterfly Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    19
    Дали може да ми кажете од кога до кога се Велигденските пости?.Ви благодарам :)
     
  17. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Тие почнуваат веднаш по прочка која е на 17 март значи утрето на 18 и траат до Велигден.
     
    На x-MajaEsposito-x му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266
    Морам да додадам уште нешто во врска со постот :) .

    Од утре започнува сирната седмица, односно во среда и петок е благословено да се мрси со млеко и млечни производи, јајца, риба, но не и месо. Особено е важно за оние кои сакаат вистински да постат, да се придржуваат кон тоа. Зашто оваа недела е подготвителна за постот и се смета како дел од постот.
    Ќе ја напоменам само како пример мојата свекрва, дека еднаш не се придржувала кон тоа, а отецот не и благословил да се причести, иако цел пост го постела.
     
    На Mama25, Orthophill, Libera и 2 други им се допаѓа ова.
  19. kamilica

    kamilica Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    36
    Serafima,нели цела недела е вака,без месо,не само среда и петок.Така или грешам?
     
  20. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Среда и петок само. Другите денови се мрсни се јаде месо.Тоа е затоа сто оваа недела се вика прочкена недела , се јаде риба, јајца, и млеко затоа што може несакајки да заборавиме на постот и да се омрсеме затоа се мрсни среда и петок кои цела година по нашата вера треба да се пости .За тоа да ни прости Бог што сме згрешиле.