Искажете го своето мислење во врска со дрогата. Дали би конзумирале дрога, чисто колку да се направите фраер/ка? Кое е вашето мислење во врска со дрогата? Колку е застапеноста на луѓе кои конзумираат дрога во Македонија? Се произведува ли дрога во Македонија? Колку сте информирани во врска со дрогата? Ги знаете ли сите мани и последици? Дали некогаш би пробале или сте пробале дрога? Не само овие, има и многу други прашања што би ви ги поставила, но тоа ви го препуштам Вам. Сега го отворам дискутирањето за дрогата. (Патем се двоумев дали темава би требало да се наоѓа овде или во здравје. Администраторите нека одлучат и нека ја сместат каде и е местото)
Дрога? Не, благодарам! Имам Ух ми тргна денес со шалењево Ај сега сериозно малку. Дрога не сум пробала во животов досегашен, а немам ни намера. Знам се за дрогата, детално сум информирана. Едноставно никогаш сум немала желба за такво нешто. Не ми ја буди љубопитноста. Исто како што никогаш не сум запалила ни цигара, ниту пак планирам. Имам запознаено многу наркомани, се имам дружено со некои, ама ете... Јас си останав на своето
Angel.in.dark супер тема, конечно ќе се развие нормална дискусија Дрога немам пробано, ама никаква , ни трева ни ништо, а ми имаат нудено. Јас сакам секогаш да ја имам ситуацијата под контрола, најмногу ми е страв ако немам контрола над себе, сакам за секоја моја постапка јас да одговарам а не да речам : Не сакав јас , пијана бев, или трева пупшев, или апче земав.
Можеби не знам се за дрогата, но знам доволно за да не консумирам (не знам што да правам со цигарите, уште тоа ми фали ). Искрено никогаш не сум посакувала ниту сум помислила да пробам, имав еден другар и не знам како да ви опишам како се однесуваше кога ... знаете веќе. Не знам, ги жалам тие луѓе што веќе се во таа насока, а ги мразам тие што од чиста лубопитност или да се направат фраери/ки влегуваат.
Не сум пробала дрога и не ни сакам да пробам. За дрогата имам многу лошо мислење. Тоа е најголемото зло на денешницава. Ги жалам оние што се навлечени на дрога. Наместо да уживаат во убавините на животот, тие се дрогираат. Во повеќето случаи дрогата води кон смрт. Жалосно.
Никогаш немам пробано дрога,а немам намера такво нешто да користам,знам дека е штетно,затоа и воопшто не ми текнува на такво нешто,а не па да пробам.Можеби малце ќе избегам од темата,има и отворена друга тема за цигари,па тука ќе направам мал спој,дека ни цигари во животов немам пробано.Незнам зошто луѓето користат дрога,иако ги знаат последиците на користењето дрога,сепак конзумираат,а најчесто на таков чекор се решаваат младите,претпоставувам дека и донекаде е во прашање недоволна информираност,па и покрај неинформираноста е свесноста,за самото значење кое го има дрогата како супстанца.Добро младите понекогаш пробуваат заради тоа да се направат фраери/ки,некогаш можеби од љубопитност,незнам,но како може покрај информираноста,да користат дрога? Може на секаков начин,човек да се информира за дрогата и нејзините последици,но нормално да е свесен за тоа што е штетно,а што не,мислам дека самата свесност кај човекот нема да му дозволи да се нафати на таков чекор.
Имам пробано марихуана во неколку форми и тоа е се. Квалитетна, и во строго контролирани услови. Веројатно од љубопитство. Мислам дека би пробала и екстази, исто така од љубопитство, ама некако емија не ми лежи, па затоа и не сум пробала... Сакав и од тоа халуциногените печурки да пробам, ама ми рекоа дека го оштетувале мозокот, па си реков, ај, ќе ми треба Значи само за проба. Ни блиску до зависност не сум била, не сум ни посакала да користам редовно. Да, имам и цигари пробано, ама никогаш не сум посакала да пушам. Си имам јас други пороци, што ќе ми се дрога и цигари
Значи до сега немам пробано такво нешто по име ДРОГА...Не ни планирам да пробам.Мислам дека тоа го прават оние кои што се љубопити, да видат какво е чувството, некои ја земаат за да избегаат од проблемите...итд. Дрогата е нешто многу штетно.Прадизвикува психича и физичка зависност.Ги оштетува нервните клетки а, штом се тие оштетени повеќе не се обновуваат....ај доста ви е! Наравоучение: Кажете им НЕ на дрогите, кажете му ДА на животот...
Дрогата еден од најголемите пороци на денешницава. Немам пробано, свесна сум колку е штетна и какви се последиците , а за тие што конзумираат сигурно е од некоја причина , или од љубопитност , некој ги натерал или од недоволна информираност. Дрогата ти го уништува животот, немој да пробаш , може да те чини живот. и онаа рекламана Кажете и НЕ на дрогата !
Dechki sega iskochi nikoj nema probano a drogata ja ima sekade okolu nas hehe bez navred Imam probano skoro se marihuanaa, ekstazy ( mdma i speed ) kokain amfitamin znachi skoro se osven trip i heroin toa nikogash heroin nikad da drogata e stetna da ama ete ziveeme u takvi okolnosto sto veruvam deka site imaat probano ako ne nisto drygo samo marihuana i da filmot e dobar ako znaesh da se kontrol.irash a ne da se drogiras hhe Marihuanata za mene e najubava si se opustash u odredeno drustvo 4 5 sto si gi znaesh smeshki shali i super e Ekstazy ili bombona za nekoja zurka dobro da se izdensash posebno ako e elektronska muzika isto i za amfi i kokain Ne sum nikogash bila navlechena nitu ke bidam Probav vidov i zavrsiv hehhe Pusta ljubopitnost )
Не ми се верува, па нема тука пробав и завршив,туку пробуваш и стануваш зависник. Е, да НЕ те осудувам тоа твое право, но треба да знаеш каде се можеш да стасаш со таа дрога, можеби сега викаш така, но не знам дали си свесна кои се последиците од неа.Имавме проект за најголемите пороци на денешницата , плус тоа смешно и забавно може да биде и без дрога, само не сваќам какво е тоа забавно кога си ''издрогиран''-не знам да имав пробано ќе ја знаев разликата.Еднаш пробуваш и веќе си навлечен.Ти преостанува само разговор и цврста одлука дека нема повеќе никогаш да пробаш зошто ги знаеш последиците. Само ме интересира, пред да пробаш се информираше?
Во средно секогаш доаѓаа да ни држат часови, предавања за дрога, секс, правни совети, други проблеми, ова-она, ни мене не ми текнуват сите сега. Кога дојдоа тие за дрога, едниот што ни предаваше беше "бифш" наркоман, некои 3-4 год престанал да консумира. Не праша нас, која дрога е "најлоша"??? Сите размислувавме, едниот викаше хероинот, едниот не кокаинот...! (овој говор ми текна кога го прочитав постот на мисс, ни кажа што пробала, и рече "никогаш хероин" ) Рече: " НЕМА ДОБРА ДРОГА, СИТЕ СЕ ЛОШИ, СИТЕ СЕ ШТЕТНИ !!! Значи секој вид дрога, било тоа екстаза, било марихуана, кокаин, хероин или не знам што, сите се исто ризични и штетни. позз
Ja mislaam deka ako ne si probala nema ni da znaesh zanci nema potreba od osuduvanje site ja znaeme teorijata a vo praksa ne ima se povise i povise I od kade toa ednash probuvash i si zavisen Mozebi probav da vidam kako e pa ne mi se svigjashee pa nikogash poveke ne probav , znachi sekoj so razlicno mislenje i stav pa ja mozam na prsti da ti izbrojam od 15 god pa na navamu koj ne probal treva mariihuana Site znaeme deka e sttetno i deka ne treba ama ete se desavaa ne znaci za toa deka si pomalku chovek ili pa narkoman..Pa normolno deka i na svesno mozesh da se smeesh i zabavuvash ama na treva e sosem dr film ne znam kako da ti opisam haha Se mislev pred da pisam zasto tuka site ste polni so soveti i osuduvanja a sekoj ama sum 100% sigurna deka nekogash posakal ako ne i napravil da proba pozz
Извини вака, ама јас мислам дека е жално шо ти треба дрога за да се „опуштеш“ или поминеш убаво... Убаво е човек да е радознал ама за работи како на пример од кај па сеа a^2 + b^2 = c^2, а не за нешто шо слушаме од сите страни дека уништува животи. И биди сигурна дека и покрај тоа шо живееме у време коа дрогата е насекаде уште има такви шо не се пробале.позз
И јас имам пробано.....марихуана...и тоа неколку месеци....но тоа не ме прави зависник......значи се е до контрола! чувството е да, супер...ама тоа беше лјубопитност и ништо повеќе! Јас лично има периоди кога сакам да се опуштам, и не гледам нешто лошо во тоа! значи 3-4 пати во годината би го правела тоа...но мислам дека тоа не е зависност! Ова го кажувам за себе, секако за другите е поинаку зашто секој за себе си е приказна! И мислам дека све е до котролата! Добро сега тоа е мое мислење, разбирам има некои луѓе што се ептен против дрогата и го подржувам тоа...значи јас сум од групата кои марихуаната не ја стваат во тешки дроги..и мислам дека цигарите се поштетни од марихуната...и читав некоја статија која тоа го потврдува...
Извини Суперишка ама Мисс никаде не спомна дека секој треба да ја проба! Туку таа си даде мислење, и незнам што тука сите осудувате...сепак ова е форум...и слободно се изразуваме! Е сега тебе ако не ти се свиѓа одредено мислење тоа е твој проб! Поззззз и те молам не сфаќај го ова лично!...
Овде никој никого не осудува, бе да не се разбереме погрешно, ама како сите сме свесни колку е дрогата штетна и дека од неа се умира, па кој сака да си го уништува животот слободно нека повели, ни ве осудувам ни па можам да ви забранам тоа да го правите, да не биде само касно после, да не се каете подоцна, само сетете се на фемина и што зборував ја во врска со ова, а јас пак за мене сигурна сум 1000% дека ниту сум посакала да пробам нити сум љубопитна, а кога и веќе ја знаеш теоријата зошто сакаш да пробаш, да се увериш во тоа што си го прочитала? Нема тука тешки лесни Алкохолот, цигарите и дрогата се најголемите пороци и треба сите да ги избегнуваме, ајде алкохолот и цигарите не се толку штетни колку дрогата, дрогата е ОПАСНА ПО ЖИВОТ! И не планирам повеќе да дискутирам за неа и никого нити убедувам нити па ќе убедувам да се одкаже, ваше мислење , ваше право, вие одлучувате за вашиот живот , т.е вие го живеете и вие донесувате одлуки на кој начин да ви биде забавно. Поздрав