Во Македонија?? Ако е за во мак. тога во Охрид, А ако е за во странство тогаш во Париз Парле ву францес??
Во Македонија,би живеела повторно во Скопје,стандард,како што си е и сега,а за во странство би сакала да живеам во Италија.
http://www.zazabava.com/content/view/10476/73/ Сум била во Виена и навистина е најубава, не само за туристичка прошетка туку и за студирање, работа, културно-социјален живот. Ама многу парички треба за таму
Јас сакам да живеам во земја која што е цивилизирана, чиста, каде што можеш нормално да живееш, да работиш да имаш пари доволно за комфорен живот, а не за преживување.Незнам која би можело да биде ,можеби некоја мирна островска земја,со вода,плажи, ама кога би се прашувала јас не би сакала да се родам во Македонија, ама пошто веќе сум тука,мислам дека каде и да идеш ќе те влече назад,дома. Најубаво е да ти е дома се ок, и да имаш доволно пари да прошеташ насекаде низ светот и пак да си се враќаш тука,ете тоа е мојата желба
сакам да живеам на море мојата најголема желба е да имам куќа на море на самата плажа, и секоја вечер да седам и да го гледам моретооо или со саати да шетам низ плажата
Со овој памет,плус уште многу храброст,со сите желби и аспирации во услови кога светот би бил совршен,со одлични системи на функционирање...сакам да живеам во не толку урбана средина,по можност некаде во Африка,макар и во шатор заедно со некое племе,во хуманитарна акција,да ме касаат комарци,ама јас среќно да си живеам (имам еден сон што го вртам пред спиење околу ова...еееех....) или било каде на друго место каде спиритуалните нешта му предничат на материјалниот свет...Немам проблем и со Индија и слични. Ама...како што се поставени нештата...Виена,Прага,Љубљана за интелектуално да се надградам...Лос Анџелес (или Сан Франциско како малку посмирена варијанта на западњачки живот) за да живеам опасно брзо и да си ја истакнам индивидуалноста (ваков живот никогаш не би ми бил проблем,си го сакам времето и си ги сакам работите кои ги правам,тешко ми доаѓа кога треба да уфрлам нешто непланирано),како и делот со воркохоличарството во мене...а може и во Аргентина...на милонга и танго...каде жените се убави,морам да ја вклопам и мојава убавина таму! Ма јас сум ви бре светски човек!Башка криласто животинче сум,а ми зодсади фаќам џадето...сакам секаде по малце да живеам...секаде да стапнам...ама еден живот... А тука во Македонија,супер ми е Скопје,ама Охрид ми е посебен...таму повеќе се сакам.
Некаде каде што има функционална држава, каде што не мора да се занимавам со банални работи. Никаде не е поубаво од дома - така што веројатно пак би ја одбрала Македонија, мојот златен Охрид, затоа што ми е во срцето. Има причина што сум се родила токму тука, што сум Македонка и не би ја сменила државата, само оние кои што ја водат (ух, пак забегав во политика). Значи, во Охрид - ама не ми било таму пишано (уствари, може да лобирам околу тоа нели жената има огромна моќ за убедување ). А за надвор... е па некаде покрај море, каде што ќе можам да работам како океанограф - можеби Ница, или пак Сан Франциско?! Ама пак, домот ти е каде што ти е срцето - нели?!
Ама пак, домот ти е каде што ти е срцето - нели?! bas e taka ... a inace jas sakam da ziveam vo Indija... da vidam ako e ako ne mi se sviga nazad
Ваква куќа во Gijón (Шпанија).Ќе бидам најјсреќната девојка на целиотт светтт лала или пак ваква ама во Прага
Ако заглавам во Македонија цел живот, Скопје и само Скопје. Сакам живи, бучни, урбани, темпераментни градови, таква каква што сум јас. И задолжително да имаат вода во близина. Од тие што сум ги посетила, Барселона е совршена за мој вкус. Преубаво, разиграно, едноставно градот има душа, се' што посакувам во едно место за живеење. На второ место ми е Каиро. Го има и оној налик ориентален шмек кој го обожувам, го има Нил, оди во екстреми (исто како и јас ), згради прекриени со злато и сиромашни квартови со бедни куќички без покрив... Совршен е. Од посмирените варијанти наспрема овие два, Ница. Што не би дала за куќа во Ница. 20 години од овој живот, поштено.