Имам и од мобимак и од вип, мобимак го користам само за во кругот да зборам, а вип и во кругот е евтино за 250 денари 1000 мин, а и кон другите оператори не е толку скапо колку што е од мобимак.
Јас имам два броја, еден на Вип, и тој го користам, и уште еден на Т-Мобајл, затоа што мобилниот кој што го имав пред едно два месеци(Сега почива во мир), беше за со две картички, мислам можеше да фукнкционира и со една, ама ајде. Сега сум само на Вип-таа картичка ја користам, и ми стигнува ооооогроомна сметка, ама сега ја нема срцушката, па да ми реплицира што како, зошто. Ех..
Една од ретките што се жали на огромни сметки Не знам која тарифа ја имаш ама ако ти стигаат огромни сметки зашто не ја промениш тарифата и онака моментално е акцијата за пола месечна претплата, понудата е до средина ноември, а месечната претплата на половина ќе ти е додека ти трае договорот. Земи си или Vip Smart М или Vip Smart L. М е 590 ден стара претплата а сега е 295 денари, со 5,9 денари минута кон другите мрежи, кон ВИП скрос бесплатно. Или земи си Л 1.180 денари ти е стара претплата, новата 590 со 4,5 денари кон други мрежи и кон вип бесплатно. Ако и тогаш ти стигаат големи сметки оди во Т Мобиле
Па бројов ми е од времето на диносаурусите на Мобимак, сега веќе Т-мобајл и искрено сум задоволна јас, немам критики. Имав број од Космофон на времето, ме разочараа, од вип со телефонов нели добив, ама го искористив кредитот и го баталив, не ми одговараше, плус сите мои околу имаат на т мобајл така да...
Имам 2 броја! Првиот ми е од на дедо Ное времето и е на t-mobile, а вториот скоро си го зедов од vip, да го користам кога ќе ме исклучат од t-mobile.
T-Mobile Само што веќе подолго време размислувам да се префрлам на VIP бидејќи Т-Мобајл почнаа ептен да ме сатарат. Порано имав и COSMOFON број, но и од нив не бевме баш задоволни (имавме некој фемили пакет) па баталивме симовите цела фамилија =)
На т-мобајл сум на сметка, а имам број на вип, за секој случај На вип е многу поевтино, па да ми истече на т-мобајл договорот ќе се префрлам на вип на сметка.
И јас сум на Вип од неодамна и презадоволна сум. Се убивам од зборење и пишување пораки.Сум имала и на Т мобајл и на Оне број,ама не бев задоволна..на Вип е многу поевтино
Отсекогаш сум имала на t-mobile и воопшто не сум задоволна,сега пред месец дена си земав и на вип и искрено се убивам од зборење и тоа на другиве оператори што се,сега на t-mobile ставам кредит колку да не ми го исклучат
Веќе имам кажано дека сум на Оне (со поракиве 200 за 100 кон сите мрежи месечно ми е лудница), ама од скоро имам и бројче на Вип. Ми го дадоа на факс.
Вип постпејд сум и воопшто не сум задоволна.Колку крадат тоа е невероватно .Ми доаѓа 700 денари сметка а телефонот најчесто го користам за пораки ,ретко зборувам .Да ми истече договорот конечно на припејд ке бидам ,постојано добиваш бонуси и добри понуди
4 години бев на т-мобиле ама сега од пред една година сум на вип..и да ви кажам исто ми доаѓа сметка, ама за инат си ојдов од т-мобиле Мислам дека не е лошо да се распрашам за тарифите во вип сега што се новите, многу ги фалат