Кој мислите дека ќе победи?Имате ли фаворит ? Јас навивам за Федерер и се надевам на победа оваа година
Моето мислење ќе биде сосема спротивно на претходните ама сметам дека Надал ќе победи како и секогаш :y: има многу добра стратегија за успех точно знае на кој начин и кога да го нападне противникот,за тоа секоја чест,па согласно на мојот коментар јас сум за Надал ги следев претходно натпреварите на Вимбелдон,Ролан Гарос и уште некои други,но сега немам забележано кога почнува USopen и незнам кога ќе почне.Додека Федерер и Надал заедно играа неколку пати,нормално Надал победи,но Федерер поистакнат беше на Австралиан опен кога се расплака поради тоа што не победи и не ја доби титулата,мислам дека тоа воопшто не му требаше,но нормално тој очекувал многу,но излезе сосема обратното.Сепак Федерер и Надал се најдобри,но и достојни противници,а подобриот од нив нека победи
Па и не си баш во тек! Како прво Федерер не плачеше затоа што не победи, туку затоа што му се сруши самодовербата! А верувај не беше единствениот што плачеше! Друго- Надал нема никаква стратегија освен онаа да игра од главната линија со сета сила и да не му овозможи на противникот да направи ниеден чекор напред или игра на мрежа! Тоа не е стратегија туку сила на мускулите! А тоа е играта што Роџер Федерер ја мрази!!! Пред да зборуваш дека Федерер бил истакнат заради тоа што плачел разгледај првин за што навистина е истакнат! Прв е во историјата на тенисот, со еден куп рекорди зад себе и реални шанси да оди понатаму! Убаво е да се гледа реално на работите, а не само да се оди по тоа еве Надал сега јак е па најдобар е! Е не е баш така! Зошто не споменуваш како Федерер беше истакнат годинава во Австралија кога зеде уште еден трофеј, м? Зошто не споменуваш како мината година на Роланд Гарос победи и го стигна Пит Сампрас со 14 грен слем титули, па потоа и го надмина со уште 2 плус!?? Федерер сака да игра, а не само да стои на главана линија и да ја удира топката со сета сила, чекајќи противникот да згреши и измори, како што тоа вешто го прави миленикот на женските-Рафаел Надал! поздрав
Во секој случај би сакала да победи Федерер..но некако тоа ми е слабо изводливо... А Надал не сакам да победи,не ми се допаѓа воопшто дечкото..Добро игра,али ете неможам.. Го кажувам истото како Горде нека победи подобриот..а ние да уживкаме во нивната игра Да се надоврзам на Ози...дека Федерер е најтенисер на сите времиња,тоа е докажано со факти и нема што повеќе да се каже на таа тема!
Зошто да е тешко изводливо? Милиот си има нов тренер и се опорави од повредите, освои титула и се подготвува за US Open! Јас и ти ќе си се најдиме во убав муабет ако си се видиме Викиче!
Па незнам срцка некако годините го газат...не е тоа што беше..Али сепак се надевам на најдоброто..не го менувам Федерер за ништо Убивам за него
Ма неееее.... Така велеа уште пред 2-3 години па тој му покажа кој е Федерер на цел свет па и на Сампрас и на Агаси и на Бјорг... Не се предава! не го давам него за ништо!
Јас сум голема обожавателка на Надал и ќе навивам за негова победа, па само уште овој Гранд Слем му фали да го освои. Најдобро би било финале со Федерер за да глeдаме добар тенис.
US open почнува во понеделник на 30 август.Надал ми е еден од најомразените тенисери и согласувам се со absent ако биде финале Федерер и Надал ќе има добар тенис со победа на Шампионот знае се
вечерва е полуфиналето! Сега почнува рафаел... Потоа Федерер против Џокович...Секоја година на Џоко му се паѓа Федерер во полуфинале! И губи! А Федерер е во топ форма и се надевам ќе се сретнат со надал во финале, утре!
Никогаш да не победи во живото веќе Џокович!!!!!!! не ми се живее повеќе!!!! Мразаааааааааааммммммммммм сееееееееееееее........... Федерер зошто???????? зошто живеам??????????
што направи федерер (( леелееее и мене ми е фаворит но за жал нема да го гледаме во финале сепак мислам дека тој си го направи своето...! најдобар тенисер!!!
Јас малку не сум во тек со US Open , па некој ако може нека пише кога е финалето, во колку сат и на кој канал?
Јас сум за Џокович,кога веќе го елиминира Федерер барем нека победи..Надал не го поднесувам!! Федерер Д Бест
Јас НЕ СУМ за Џокович!!!!!!!!!! Јас сум за еден и единствен крал на тенисот и болна си сум по него... засекогаш!!!!