што мислите само високите девојки се секси дали нив машките повише ги преферираат или па ниските се посекси од високите. Дали мислите дека станува збор за вкус или девојките мора да "исполнуваат" критериуми на одредена висина ?
хехе..отсекогаш сум дебатирала на оваа тема...па што знам јас сум некоја средина....е сега и висината и никоста си имаат свои предности и слабости.На пр високите девојки мораат да гледат и дечкото да биде висок инаку доколку е овој понизок малку ....предноста е имат долги нозе,што е провкативно и секси.Ниските девојки па имам забележано ми се некако по слатки и по симатични,тоа нема врска знам ама ете некако јас така мислам за нив,и повеќето машки имаат коментирано дека ниските девојки се по слатки и со наивни фацички.....сепак тоа е до вкус на прво место
Секој со свој вкус! Високите момчиња по природа си бараат високи девојки и обратно. Ретко ќе видите „француски пар“. А за тоа дали само високите девојки се секси, нема врска - бидејќи Кајли Миног, Шакира и ред други се поим за секси ниски девојки. И на крајот од краиштата, висината не можеме да ја контролираме и не можеме да влијаеме на неа. Затоа не знам зошто некои својата висина ја сметаат за комплекс. И... аман со тие критериуми за секси изглед! Такви сме какви што сме! Се што е во средина и непретерано е најдобро!
Ми се допаѓа кога ќе видам некоја девојка со долги нозе и витка става, за очи е мерак и изгледа поатрактивно. Од друга страна пак, таквите потешко можат да најдат тип кој ќе биде на нивна висина барем ако девојката носи рамни чевли (а да не зборам за штикли). Јас сум висока 165, дечко ми е повисок од мене, а ако се качам на 12ка штикла, па... го стигнувам некако. И ниските девојки знаат да бидат многу секси, па видете ја Ева Лонгорија, Ким Кардашин или Меган Фокс. Се е до вкусот на машкиот пол.
СЕ е до вкусот. Некој сака високи, некој сака ниски... И како што рече Брајт: на килажа некако и може да се влијае, ама на висина баш и не!
Хеј тоа е ствар на вкус! Има високи девојки ама се штица....ретко да најдеш некоја со се на себе! Колку што се имам распрашано на оваа тема, на машките не им е битна висината, туку....женската да биде секси...но матер на висина ...па има мн секси девојки со напред и назад...кои се ниски...така девојки кулирајте, ако сте ниски нема гајле...за тоа служат потпетици ...позззззззззз муахххххххххххххх
интересна тема ... како што велат : ''Висина је пола љепота'' се шалам Па според мене секоја девојка во себе носи нешто убаво . Немора да значи дека ако девојката е висока е убава или обратно.Но искрено јас отсекогаш сакам да сум многу висока 173 сум висока и малце ми е , си носам секогаш штикли 14ка коа излегувам гајле немам .... едноставно обожавам да сум висока , за мене само кошаркари дефинитивно
Висината ама никако не влијае на убавината на девојките. има многу убави високи , но и ниски девојки. јас сум ниска , 157 см, порано не излегував без штикли, но по неколку совети од мои другари почнав да ги избегнувам штиклите, па сепак можам да се пофалам дека не поминувам незабележано, сепак се е до ставот а да пред некој ден со другарка одиме низ град и поминува една девојка која беше wоw висока, со убава нога и хаха јас ја измеркав нејзе , а она мене така да висината не влијае на убавината (барем така се тешам хаха се шалам)
Секако дека висината не влијае на убавината, воопшто. Може кога си повисок си позабележителен, ама и ниските луѓе си имаат своја убавина. Но не е нешто пресудна убавината со висината. Постојат девојки низ светов метро и жилет како Кајли Миног, Ева Лонгорија и уште многу други кои без разлика на висината се прекрасни. Но има и високи девојки за кои може само да се сонува. Пример ангелите на Викторија Сикрет. Сите се над 175 високи, слаби и згодни. Најбитно девојката да си ја сака висината. Знам високи девојки кои не сакаат што се високи, кои си набиле комлекси дека сите ги гледаат чудно зашто се високи, не можеле дечко да си најдат, поубаво би се чуствувале ако се ниски. А знам и ниски девојки кои се би дале за да пораснат некој сантим. Сакај си се каков што си и колку си висок толку.
Висината не е најбитна, има многу други атрибути што се поважни Се е до вкус, секое машко си има различен вкус, ама мислам дека повеќе сакаат високи девојки. Јас сум 1.70 цм и штикли носам само на излегување петок и сабота навечер. Преку ден кога излегувам и на факс кога одам секогаш сум на ниско. А сестра ми е висока 175-176 цм па некогаш и е срам да облече високо за да не штрчи над другарките
И мене не ми е толку битна висината.Јас сум средна,165 и ми е таман. Нејкам да бидам повисока,дури и еднаш кога правев муабет со една пријателка ми се чудеше и мислеше дека лажам,ама ете стварно нејкам да сум повисока.Мислам дека се е до вкус. Јас иако не сум нешто висока многу,кога ке облечам штикли и отприлика сум како машките 175 цм,зависи од големината на штиклите и често ми е непријатно кога ке застанам до некој.Нејкам да сум иста височина со машкото или пак со дечкото,некако ми се губи женственоста,незнам зошто.По секси ми е кога машкото е повисоко,а вака што знам... И ИЧ нејкам долги нози,и не лажам Полно девојки со долги нозе кога ке видам како скачки ми се Знам дека повекето сакаат долги нозе ама ете,јас изгледа имам некој чуден вкус Е сега има и многу високи девојки убави,и ниски убави,не е пресудна висината за тоа.Само не ми изгледа убаво кога девојката е повисока од дечкото,иако немам ништо против таквите парови,таман работа
висината не е битна (можеби ако девојката е 10-20 см повисока од него -се шалам), се зависи од вкусот, јас сум средна, 168, и мене не ми изгледа убаво кога девојката е повисока (ако се приметува), на пр ако е 3-4 см повисока не се приметува толку. кога ќе размислам подобро, не дека не ми изгледа убаво, туку проблемот е во тоа што јас обожавам високи штикли (како и повеќето девојки-жени), и кога ќе помислам дека таа нема да може да оди на високи штикли јас за неа
Се согласувам со постовите над мене, дека висината нема голема улога. Станува збор за вкус. И не значи дека секоја висока девојка има долги и секси нозе, се зависи и до градбата и конституцијата. Секој е убав на свој начин и во нечии очи.
Зависи до вкусот Еве на пример јас сум прилично висока,172 см. а имам само 15 години.И мило ми е што сум височка бидејќи и дечко ми е висок и си одговараме.А си ги сакам и долгите нозе,тие ми се најдобри квалитети
На машките висината не им е битна. Побитно им девојката да е надарена. Има високи девојки кои што се рамни како даска и ниски девојки кои што имаат облини. Јас сум ниска (1.55 см) и тоа не ми претставува проблем. Што се однесува до облините, имам добар заден дел. Со дечко ми не си одговараме со висината. Тој е висок 1.80 см. Јас сум му до раменици.
Алелујааа!!!Си помислив леле сите се височки.И јас сум 155 и досега сум немала некој проблеми или пак комплекси поради тоа.Дечковците сите обавезно ми биле барем една глава над мене.И баш ми беше убаво што можев да се стуткам во нив. Не мора да е висока девојката за да е привлечна.Признавам тие се попривлечни со оние убави долги нозе,ама има и ниски па се убавки.Јас немам долги нозе,но си го имам мојот надарен заден дел.
Висината, ама баш ич, нема врска со убавината. Не мислам, туку тврдам. Големите девојки некако... да, знаат да имаат долги нозе и све тоа, ама... Најчесто и немаат некаков нормален став, не се толку шармантни и харизматични, што би рекла јас-караконџули се. Не, без навреди, не зборувам генерално за сите, фала богу, од све постојат исклучоци. Има на пример и мали девојки кои изгледаат за никаде, без никаква сразмерност на телото... Ама, генерално, го поддржувам мислењето дека малите девојки се поатрактивни во смисла на облини, а и секогаш делуваат помладешки и често поинтересно. Јас сум 157 см, дечко ми е 2.05 и воопшто не ни смета таа разлика. Не мора да значи дека ако сте малечко, нема да ве забележи некој висок и згоден дечко.