Вака да ве прашам...испив од оние ден потоа контрацептивни таблети...и во аптеката ми рекоа дека по саат или 2 треба да искрварам, пука јаце клетката но ништо од тоа...Јас вчера ја испив околу 12h и до сега нема ништо...Дали е тоа нормално или всушност таблетата немала никаков ефект....ако може да ми дадете некое мислење?
слушај ме мила. таблетите за ден потоа содржат висока концентрација на хормони. што тоа значи. тоа значи дека, со внесување на дополнителната количина хормон во твоето тело ( бидејки хормонот нормално се произведува во твоето тело), правиш зголемен ефект на хормонот. овие таблети делуваат на следниов начин- зголемената количина хормон прави дополнителна заштитна обвивка која го оневозможува вгнездувањето на евентуално оплодената јајце клетка во матката. зошто треба да се испијат најбзо што можеш?- за да го оневозможиш вгнездувањето на оплодената јајце клетка. се смета дека за овој процес се потребни приближно 72 часа и затоа се препорачува да се испие во овој временски период. е сега околу крварењето. некои жени да-ке искрварат. но некои не. тоа си е индивидуално. затоа немој да паничиш. можно е да ти го пореметат циклусот малку. доколку се испијат на време, високо ефикасни се немај гајле. се надевам малку ти помогнав.
Јас имам пиено такви апчиња и исто така ми кажаа дека треба ден потоа да искрварам. И се нервирав ко луда, мислам дека животов ко филм ми помина низ главава. Искрварив после 5-6 дена. Значи, зависи од организмот. Така да, не грижи се, нема ништо страшно што сеуште не си искрварила