1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Гинеколошки преглед

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од SLATKA23, 17 јануари 2010.

  1. SubChica

    SubChica Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2011
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    1
    На колку години треба првпат да се оди на гинеколог? :worried:
     
  2. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    По правило некое, веднаш после регулирање на менструацијата (чисто за ехо преглед).
    А потоа кога ќе станеш сексуално активна-е тогаш прегледот би требало да е задолжителен за секоја девојка.
     
  3. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.762
    Јас пак кога одев на гинеколок додека бев уште невина не ме прегледуваа долу. Мислам ме прегледуваше онака надворешно, ама ехо на стомакот ми правеа. Ми рече дека нема да ми брка во вагината додека не почнам да имам односи. И сеа коа почнав, нормално вагинално ехо :)

    едит: еј извни, грешка сум сфатила :) Јас мислев прво си идела на гинеколог, па после односи и затоа ми беше чудно. Ги збркав годините :)
     
  4. ANELIJA

    ANELIJA Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    229
    Допаѓања:
    154
    Јас денеска за прв пат направив пап тест,редно беше после 3 год да отидам кај гинеколог :) сум правела вагинално ехо ама на брис никогаш.Сум слушала секакви муабети вака било онака болело.мозе да те раскрвари......и тн нема врска прегледот беше супер (не ни осетив што правесе внатре)хахахахах само ми каза готово е.и матката и јајниците ми кажа дека се добри е сеа ке видиме сто ке кажат резултатите за 2 недели :)
     
  5. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.930
    Пол:
    Женски
    Е е нема потреба до толку, не ги плашете девојчињава. :D
    4 пати годишнo ако имаш некоја инфекција, цин....мада и тоа е многу. 3 пати е доволно во таков случај.
    Иначе ако е се во ред се оди еднаш годишно. Јас би била радосна и толку да одат нашиве девојки, ама слабо некако.
     
  6. sweet.woman

    sweet.woman Популарен член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    1.225
    Допаѓања:
    744
    е да лацримоса ама ако си сексуално активен добро е да се оди на секој трети месец ..........како што читам на тоа :worried: дали сум бремена :worried: ептен неискусни и се едно исто затоа да одат барем по 4 пати годишно ќе им станат јасни некој работи и нема да прашуват некој работи што немат логика
     
  7. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Eх искуството се стекнува со годините, никој паметен не се родил.
    Јес да прашуваат некои глупи прашања, а се сексуално активни, ама сепак 4 пати годишно на гинеколог е беспотребно.
    Гинекологот не е професор па да ти да одиш на предавања неколку пати во годината :D Гинекологот си го прашуваш се што те интересира секако кога си на прегледот, ама па денес 21ви век сме, се има на интернет, ќе си отвориш ќе си прочиташ за подетално за основни работи.
    Повеќе прегледи по потреба се прават, ако има девојката проблеми или некоја бактрија се појави.
    Ама редовен гинеколошки преглед се прави еднаш годишно.
     
  8. MadameButterfly

    MadameButterfly Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    2
    Па кај нас малку и државата заостанува во поглед на таа тема, можеби ако тое е спроведено со закон, да стигнува покана барем еднаш годишно да се посети гинеколог и да се направи пап тест како што е тоа случај во Европа, сите девојки ќе престанат со предрасудите од типот дека им било срам, па не сакале кај машки доктор и тн.
     
  9. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.762
    Каде во Европа ти стигнува покана дома да одиш на гинеколог???

    Не е тоа до државата, туку до образование и информираност. А дражвата се труди за ова прашање, искрено. Ете сите девојки/жени имаме годишно по еден бесплатен пап, има еден куп реклами и пропаганди за тоа. А тоа со предрасудите нема никаква врска со државата туку со самиот народ и заостанатоста.
    Со оглед на фактот колкав процент на неписмено население имаме....понатаму се е јасно. Неможе тоа преку ноќ да се смени, и наеднаш сите на гинеколог.

    Али писма и покани и закони за одење на гинеколог - не верувам да има некаде
     
  10. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    64.623
    Пол:
    Женски
    ^Во Австралија ти стигнува писмо за годишен преглед истотака ти стигнува писмо за на пап кој се прави на 2 години,е сега дали ќе одиш или не тоа е веќе твоја одлука матичниот гинеколог е должен да те потсети ако случајно си заборавила
     
  11. baby.90

    baby.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    197
    Има во Англија. Братучетка ми живее неколку години таму. Живеат под кирија и ако се преселат во друга населба им доаѓа дома покана да одат во амбулантата во таа населба. Им прават секаков можен преглед, до тежина, висина и пропорции им зимаат. Се е тоа бесплатно.
    Неможам да сфатам како девојка од 25 години ќе пише на форумов, срам ми е да одам на гинеколог... а ќе ме боли??? И после некое време ете ја пак, еј абе јас имам кламидија (пример) и сега што да правам???
    Е тоа не!!! Аман, девојки со по 25 год уште на гинеколог не биле??? Не ми е јасно, најискрено!
    Има многу болести. Слушав на бебе магазин дека за 10% е зголемена неплодноста оваа година, за разлика од (мислам) 2005 година. Така да, мора сите да внимаваме МНОГУ!
     
    На Shana и karak им се допаѓа ова.
  12. eli12

    eli12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2011
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    8
    Редовно еднаш годишно одам на гинеколог-така ми препорачува мојот матичен гинеколог,бидејки освен кандида до сега и дај боже и понатака не сум имала ништо посериозно на Пап тестот,инаку пред да останам бремена правев и микробиолошки брисеви и се беше ок.Затоа девојки кои сте сексуално активни,одете на гинеколог,не е срамно да се грижите за вашето здравје и како што викаат подобро да се спречи одошто да се лечи
     
  13. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.983
    Само што се вратив од гинеколог, си направив еден општ преглед и пап тест и резултатите се одлични, само од пап ќе почекам 1 недела ако не дај Бозе нешто има сомнително мада докторот ми кажа нема потреба од паника штом на прегледот беше се супер :D
    Така да, девојки одете редовно на гинеколог и ќе видите колку е убаво чувството кога ќе ве прегледа докторот и ќе ви каже дека се е одлично со вас ;)
     
  14. m.a.l.e.c.k.o.t.o

    m.a.l.e.c.k.o.t.o Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2011
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    3
    јас не одев на преглед само поради муабетите што ги слушав од другарки, како тоа било болно искуство, страшно, бла, бла, блааа.... нема си благе везе тоа!
    Првиот преглед ми беше лани летото. Препотував додека бев на боксот, ми земаше брис, па после тоа вагинално ехо, НО се исплати и срамот и потењето. стварно чувството е мнооогу убаво кога ќе заврши и ќе слушнеш се е во ред, нема за што да се грижите!

    Муабетот ми е, ако има некоја што веќе е активна на сексуално поле, а сеуште нема ниту еден гинеколошки преглед направено, да не слуша никого, никакви муабети и крај краева што има тука што толку би болело тој канал е веќе разработен, па не е тоа губење невиност!
     
  15. Lisica81

    Lisica81 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    ДАЛИ НЕКОЈ ИМА ИНФОРМАЦИЈА КАДЕ МОЖЕ ДА СЕ НАЈДАТ ЕТЕИЧНИ МАСЛА? ИМА МНОГУ ДОБРИ РЕЦЕПТИ ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ИНТИМНАТА ХИГИЕНА СО ПРИРОДНИ ПРЕПАРАТИ И МАСЛА. САМО КАДЕ МОЖЕ ДА ГИ НАЈДЕМЕ?:)
     
  16. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Одржување на интимна хигиена е доволно само со вода. Никакви препарати и етерични масла не ти требаат, тие можат да ја нарушат природната киселост на вагината.
     
  17. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    За интимна нега е убаво да се користи сода бикарбона растворена во млака вода и со тоа да се врши одмивање, бидејќи содата била најблиску до природната Пх на вагината- 4,4 , така ми објасни мојот гинеколог.
    Никако земање различни препарати, па потоа купување креми и тотално нарушување на Пх вредноста, па чешање, иритации што тој на смеење го формулира како „и потоа се прави цела наука од чешање :D „, а од друга страна вагината е слузница, па оттаму таа иритантна потреба за чешање, беше коментарот потоа.
     
  18. n.a.t.t.y

    n.a.t.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2011
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    763
    Пред месец и нешто станав сексуално активна, и сакам да одам на гинеколог во најкратко време. Ќе ми биде срам, тоа сигурно, ама морам, едноставно не се осеќам сигурно вака сама на своја рака да правам се. Хипохондрик сум, се мислам дека некоја болест ќе фатам или не знам што, и морам да отидам.

    Прашањето ми е, ќе може ли некоја во ЛП да ми пише телефон или нешто од некој добар приватен гинеколог? По можност женско, не сакам некој старец да ми гледа таму доле, без разлика дали видел 1000 исти како моите до сега. И да ми каже отприлика колку пари е преглед кај приватен? Тенк ју :)
     
  19. ANELIJA

    ANELIJA Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    229
    Допаѓања:
    154
    natty немој да се грижиш за тоа дека пред 1 месец си сексуално активна и дека треа да одиш на гинеколог( мислам ако си сигурна дека партнерот ти е чист нема потреба веднаш)Јас сум 3 години актвина и еве пред 2 недели отидов за 1 пат кај гинеколог и пред некој ден ми стигнаа резлутатите и се беше супер,нема никаков проблем.а мене прегледот ме чинеше 450 ден со плаво картонче без него е дупло поскапо поззззз и без негативни мисли :)
     
  20. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.930
    Пол:
    Женски
    Колку погрешно размислување значи, од такт ме вади! И неинформираност! Затоа све инфекции и болести на сите страни, зошто не одиме според тоа подобро да го спречиш отколку да го лечиш.

    Еве вака, многу ме интересира, како ти ќе знаеш дека партнерот нема ништ?
    Те молам одговори ми на ова. Од каде таа сигурност? Или на гравчиња гледате?


    Машките се преносители на сексуалните болести, а нема ти никаде да приметиш ни по изглед, ни по пенисот нема некој знак за тоа дали тој има нешто што ќе ти го пренесе!!
    Денес секоја втора девојка има Цин 1 , кој што е без симптоми, се дознава само преку преглед, затоа што нема симптоми! По што си ти сигурна дека партнерот нема некоја сексуална болест? м? По изглед? По чистота? Фала богу кога имаш партнер, нормално е дека води хигиена, но пред тоа имал девојка , па таа била со некој пред него, па тој некој со друга...итн инт....Па и со еден сексуален партнер да си, прв да ти е, може да фатиш цин. Еве пример јас. Чисто онака си отидов на преглед, немав никакви симптоми за ништо. И оп, цин 1. Да не сум одела на преглед, ќе дошло можеби до цин 2.....можело и до цин 3 недај боже...а после него , може да дојде рак на матката. Честитки.


    natty браво , ме радува што има вакви девојки што се грижат за своето здравје, поготово за ова бидејќи еден ден ќе треба да раѓаме и да сме потполно здрави.
    Направи си еден пап тест и вагинален преглед, чисто да си знаеш на што си.