ТЕМА: Гинеколошки преглед

Мислење 30 Мар 2011, 16:09

Lacrimosa напиша:
ANELIJA напиша:
n.a.t.t.y напиша:Пред месец и нешто станав сексуално активна, и сакам да одам на гинеколог во најкратко време. Ќе ми биде срам, тоа сигурно, ама морам, едноставно не се осеќам сигурно вака сама на своја рака да правам се. Хипохондрик сум, се мислам дека некоја болест ќе фатам или не знам што, и морам да отидам.

Прашањето ми е, ќе може ли некоја во ЛП да ми пише телефон или нешто од некој добар приватен гинеколог? По можност женско, не сакам некој старец да ми гледа таму доле, без разлика дали видел 1000 исти како моите до сега. И да ми каже отприлика колку пари е преглед кај приватен? Тенк ју :)

natty немој да се грижиш за тоа дека пред 1 месец си сексуално активна и дека треа да одиш на гинеколог( мислам ако си сигурна дека партнерот ти е чист нема потреба веднаш)Јас сум 3 години актвина и еве пред 2 недели отидов за 1 пат кај гинеколог и пред некој ден ми стигнаа резлутатите и се беше супер,нема никаков проблем.а мене прегледот ме чинеше 450 ден со плаво картонче без него е дупло поскапо поззззз и без негативни мисли :)

Колку погрешно размислување значи, од такт ме вади! И неинформираност! Затоа све инфекции и болести на сите страни, зошто не одиме според тоа подобро да го спречиш отколку да го лечиш.

Еве вака, многу ме интересира, како ти ќе знаеш дека партнерот нема ништ?
Те молам одговори ми на ова. Од каде таа сигурност? Или на гравчиња гледате?


Машките се преносители на сексуалните болести, а нема ти никаде да приметиш ни по изглед, ни по пенисот нема некој знак за тоа дали тој има нешто што ќе ти го пренесе!!
Денес секоја втора девојка има Цин 1 , кој што е без симптоми, се дознава само преку преглед, затоа што нема симптоми! По што си ти сигурна дека партнерот нема некоја сексуална болест? м? По изглед? По чистота? Фала богу кога имаш партнер, нормално е дека води хигиена, но пред тоа имал девојка , па таа била со некој пред него, па тој некој со друга...итн инт....Па и со еден сексуален партнер да си, прв да ти е, може да фатиш цин. Еве пример јас. Чисто онака си отидов на преглед, немав никакви симптоми за ништо. И оп, цин 1. Да не сум одела на преглед, ќе дошло можеби до цин 2.....можело и до цин 3 недај боже...а после него , може да дојде рак на матката. Честитки.


natty браво , ме радува што има вакви девојки што се грижат за своето здравје, поготово за ова бидејќи еден ден ќе треба да раѓаме и да сме потполно здрави.
Направи си еден пап тест и вагинален преглед, чисто да си знаеш на што си.

Како прво јас добро кажав дека од 1 месец секусално активна не е ништо страшно.....не може толку бргу да фати некоја страшна болест како што рече ти цин 1 цин 2.Второ цин 1 и 2 и 3 неможес да му го пренесеш на партнерот а исто така и вирусот хпв(освен СИДА).Многу добро сум информирана за тоа тоа не се пренесува.Најчесто од тоа заболуваат после пораѓај има х жени што не одат редовно на преглет откако ке се породат и заболуваат, а има и кај нас девојките кои од некоја јака инфекција кој може да се закачи од сешто а не се излекува на време да прерасне во хпв а потоа во цин...... сваќаш?
А за тоа што велиш ти од каде јас знам дека дечко ми е чист...........извини постои и брис за машки!!!!!
Аватар на корисникот
ANELIJA

Сино цветче
 
149262
Мислења: 229
Зачленет: 27 Апр 2010, 18:38

Мислење 30 Мар 2011, 16:23

^^^^^^^Anelija
За да се добие сексуално пренослива болест е доволно само еден однос ,а не месец или два .На гинеколошки преглед е најдобро да се отиде пред воопшто да се почне со сексуална активност за да се утврди дека се е како што треба(преглед со надворешно ехо) .Извини но навистина не треба да се фалиш и да советуваш некого од проста причина што ако ти не водиш сметка за своето здравје тоа не треба да биде случај и со другите .
Аватар на корисникот
AIT

Зелено цветче
 
15761978
Мислења: 984
Зачленет: 20 Јан 2011, 16:40
Слика
Слика

Мислење 30 Мар 2011, 16:25

ANELIJA напиша:Како прво јас добро кажав дека од 1 месец секусално активна не е ништо страшно.....не може толку бргу да фати некоја страшна болест како што рече ти цин 1 цин 2.Второ цин 1 и 2 и 3 неможес да му го пренесеш на партнерот а исто така и вирусот хпв(освен СИДА).Многу добро сум информирана за тоа тоа не се пренесува.Најчесто од тоа заболуваат после пораѓај има х жени што не одат редовно на преглет откако ке се породат и заболуваат, а има и кај нас девојките кои од некоја јака инфекција кој може да се закачи од сешто а не се излекува на време да прерасне во хпв а потоа во цин...... сваќаш?
А за тоа што велиш ти од каде јас знам дека дечко ми е чист...........извини постои и брис за машки!!!!!

Гоооооолема чкртка за цел муабет.

Може толку бргу да фати страшна болест, дури и со 1 сексуален однос, иако ЦИН1 не е страшна како што си ја пишала.
ЦИН1 добиваш од партнерот и му пренесуваш, а кога ке ти се предочи дека е ВИРУС ке ти текне дека е нешто заразливо, т.е. преносливо. И си го чуваш во тебе, само прашање на имунитет е кога ке се активира. ЦИН 2 и 3 се следни фази, а почетниот стадиум ЦИН1 е тоа што го добиваш од партнерот, т.е. му го пренесуваш.
Кај машкиот партнер не се воочува со оглед на тоа што имунитетот е повисок од на жената, а при добар имунитет, не се воочува присуство на вирусот. Не е дека го нема.
И не е точно дека жени после породување најчесто добивале, зашто како што можеш наназад да прочиташ, или во другите теми (за ЦИН1), ке видиш дека жени кои немаат родено се плашат дали може да им влијае на плодноста и бременоста.

И обемната информираност во негативен контекст ти оди.
Јас после 3 месеци од првиот однос отидов на гинеколог и веќе си имав заработено ЦИН1, затоа фрли го во вода ова знаењево.
Аватар на корисникот
Marilyn-Monroe

Жолто цветче
 
57634510
Мислења: 1806
Зачленет: 24 Дек 2010, 23:32
Great minds discuss ideas.
Average minds discuss events.
Small minds discuss people.
-----------------Eleanor Roosevelt.

Мислење 30 Мар 2011, 16:33

^^^Леле девојче незнам дали да се смејам или да плачам заради ваквата твоја неинформираност,а уште полошо е тоа што тврдиш дека си информирана :x
Од колку пати мислиш дека доколку имаш незаштитен однос ќе се заразиш?
Одговорот ти е од прв пат
ХПВ е најраширена СПБ на денешницата и нема никаква врска со породување,туку со незаштитени односи
Брисеви се зема само доколку веќе се манифестираат симптоми инаку се праваат прегледи на крвтта.
ХПВ нема никаква врска со ХИВ


Не ќе е лошо малку да се информираш пред да шириш вакви дезинформации,тоа е за твое добро затоа што од ваква неинформираност се повеќе се шираат СПБ....
Аватар на корисникот
bittersweet

Жолто цветче
 
68039285
Мислења: 1077
Зачленет: 28 Ное 2010, 05:30
Локација: where the sun almost always shine`s
How do you spell ‘love’?” asked Piglet. “You don’t spell it. You feel it,” answered Pooh. – A.A. Milne


Слика

Слика

Слика

Мислење 30 Мар 2011, 19:15

доброо луѓееее немојте да ме тепате ,,јас ова го имам слуснато од мојто доктор а вие пишувајте како сакатеее не ме итресеира.А јас не дека не водам сметка за моето здравје,туку ми беше страв и срам да одам усте на почетокот и затоа одев сега ......и секој има право да каже сто мислииии а ако не ви се допаѓа моето мислење.................не кажувајте дека не знам пошто јас тоа не го имислувам :) :)
Аватар на корисникот
ANELIJA

Сино цветче
 
149262
Мислења: 229
Зачленет: 27 Апр 2010, 18:38

Мислење 30 Мар 2011, 19:19

Тоа не е мислење за некоја банална работа, сериозни работи се во прашање. Девојките сакаа да ти укажат дека треба да се информираш, сепак за здравје се работи. А и тука шириш погрешни информации што некој може сериозно да ги сфати. Затоа подобро да си бидеш информирана, неинформираноста е болест ;)
Аватар на корисникот
RainBow

Виолетово цветче
 
123231535
Мислења: 12407
Зачленет: 03 Дек 2009, 15:27
Локација: On my feet...
“The mind is its own place, and in itself can make a heaven of hell, a hell of heaven..”
― John Milton

Слика

Мислење 30 Мар 2011, 19:35

Папа тестот може да го спаси вашиот живот. Со помош на овој тест може да се откријат најраните знаци на ракот на матката, рак кој е многу чест кај жените. Во случаите кога ракот на грлото на матката се открива во раните стадиуми, постојат големи шанси тој целосно да се излечи. ПАП тестот, исто така, може да ги открие и инфекциите и абнормалните клетки на грлото на матката, кои можат покасно да се развијат во канцерогени клетки. Лекувањето на инфекциите и на овие т.н. преканцерозни состојби на грлото на матката, можат да го спречат развојот на ракот кај голем број на пациентки.
Ракот на грлото на матката најдобро ќе може да го спречите така што редовно ќе одите на гинеколошки прегледи, при кои, рутински се прави и ПАП тест.Честотата на правењето на ПАП тестот зависи од возраста на жената, како и од нејзиното здравје.Многу е важно сите жени да прават ПАП тест, во склоп на редовниот гинеколошки преглед, како дел од својата рутинска здравствена заштита.
Папа тестот треба го го направите ако сте
- наполниле 21 година,
- помлади од 21 година, но сте сексуално активни повеќе од три години.
Аватар на корисникот
ANELIJA

Сино цветче
 
149262
Мислења: 229
Зачленет: 27 Апр 2010, 18:38

Мислење 30 Мар 2011, 19:37

ANELIJA напиша:А за тоа што велиш ти од каде јас знам дека дечко ми е чист...........иизвини постои и брис за машки!!!!!

Мене ова ми падна во очи.
Ко божем пред да имаме односи со момчињата ќе им бараме здравствена книшка :rofl:
А кондомот е докажано дека не штити од ХПВ 100%, некои велат дека дури и 25% штити кондомот само кога станува збор за овој вирус, што е причина поради која е еден од најраспространетите сексуално полови болести.

Не е воопшто срамота да не знаеш, никој учен не се родил.
Ама лошо е да мислиш дека знаеш, а шириш дезинформации. Подобро да те поправат него да си во заблуда. Можеби мешаш ХПВ со ХИВ. И јас до пред некој месец немав поима за ХПВ освен најосновни информации, додека не ми рече гинекологот да дојдам за 6 месеци за да направам типизација зашто можеби го носам вирусот а јас не сум знаела. Дури не ни знаев дека се пренесува исклучиво преку полов однос, ама сега знам :) Така и ти со текот на времето ќе дознаваш се повеќе информации, тоа е нормално, на почетокот сите сме неуки. ;)
Аватар на корисникот
rossonerka

Жолто цветче
 
150987547
Мислења: 4160
Зачленет: 13 Апр 2010, 14:22

Мислење 30 Мар 2011, 19:42

Како тоа не се добивало сексуална болест од еднаш?
А зошто тогаш се препорачува секс СО КОНДОМ обавезно ако имаш секс за една вечер?? Ако беше за така, воопшто не ќе беше опасно да имаш секс за една вечер на пример, фурај без кондом ајде, од еднаш не се фаќа болест. |(

Затоа што може да фатиш некоја инфекција, вирус , бактерија инт инт.

А ако тоа што го кажа ти, ти го има гинеколог кажано, (што се сомневам, али ај така нека е), тогаш под итно да му се одземе дипломата.

Цин 1 се добива секогаш, а во поголеми случаи баш после пороѓај исчезнува. Меѓутоа хпв вирусот си го имаш во тебе за цел живот, и при намален имунитет ќе ти се појавува цин 1. Што и не е "страшна болест" како што кажа.
Цин 1, 2 и 3 не се пренесувало? :x Кога веќе одиш на гинеколог убаво распрашај се и слушај кога ти објаснува.


Штом девојка стане сексуално активна, препорачливо е одма си почне со прегледи. Ако одолговлекува, може потоа касно да е кога ќе отиде. А од еден сексуален однос, верувај се пренесува одма се. А не постепено, како што мислиш ти. Барем прифати го ова што ти го кажуваме, и признај дека си згрешила и не инаети се дека си во право.
Аватар на корисникот
Lacrimosa

Жолто цветче
 
26401066
Мислења: 1757
Зачленет: 19 Јул 2010, 01:50

Мислење 30 Мар 2011, 19:48

ANELIJA напиша:Папа тестот може да го спаси вашиот живот. Со помош на овој тест може да се откријат најраните знаци на ракот на матката, рак кој е многу чест кај жените. Во случаите кога ракот на грлото на матката се открива во раните стадиуми, постојат големи шанси тој целосно да се излечи. ПАП тестот, исто така, може да ги открие и инфекциите и абнормалните клетки на грлото на матката, кои можат покасно да се развијат во канцерогени клетки. Лекувањето на инфекциите и на овие т.н. преканцерозни состојби на грлото на матката, можат да го спречат развојот на ракот кај голем број на пациентки.
Ракот на грлото на матката најдобро ќе може да го спречите така што редовно ќе одите на гинеколошки прегледи, при кои, рутински се прави и ПАП тест.Честотата на правењето на ПАП тестот зависи од возраста на жената, како и од нејзиното здравје.Многу е важно сите жени да прават ПАП тест, во склоп на редовниот гинеколошки преглед, како дел од својата рутинска здравствена заштита.
Папа тестот треба го го направите ако сте
- наполниле 21 година,
- помлади од 21 година, но сте сексуално активни повеќе од три години.

:clap: :clap: :clap:
Чичко гугл послужил за нешто корисно |(
На гинеколошки преглед не се оди само за ПАП тест,се оди за многу работи.
Искрено не сакам да си го трошам времето да информирам некој кој очигледно несака да биде правилно информирана туку да биде во право.
И за на крај да те оставам со една информација секоја девојка без обзир дали е сексуално активна или не треба еднаш годишно да си направи гинеколошки преглед може да и го спаси животот.Јас бев 20години и не бев сексуално активна кога ми открија тумор на јајникот,немав никакви симптоми туку се откри при редовната посета на гинеколог.
Ти и понатака мисли си дека си во право
Аватар на корисникот
bittersweet

Жолто цветче
 
68039285
Мислења: 1077
Зачленет: 28 Ное 2010, 05:30
Локација: where the sun almost always shine`s
How do you spell ‘love’?” asked Piglet. “You don’t spell it. You feel it,” answered Pooh. – A.A. Milne


Слика

Слика

Слика

Врати се на Секс

Кој е онлајн

Оваа категорија моментално ја разгледуваат: broken1, chocolatesighs, Jovanna.I, richgirl, young.lady и 28 гости