Само се молам да помине до утре и да не е нешто страшно.. На подкожно влакно не ми изгледа, тука на обична бубуличка, незнам..
едно питање од мене ! Вака, значи сум немала односи до сега,сакам да прашам, нели кога ке се скине хименот, би требало да потече крв, но немора и да значи, дали после тоа се продолжува со сексуалниот однос?
Ако не ти е непријатно и немаш болки, зошто да не се продолжи со односот?! Само не знам и после крварење, дали машкото би можело да е во форма
Ако не сакаш да продолжиш со односот, ќе му кажеш на дечко ти дека не ти е удобно да продолжите и готово. Ќе си имате односи нареден ден, без крв, опуштени, без некоја голема болка...
Значи вака сеа пред недела и пол имавме со дечко ми односи (без заштита, секогаш имаме така)... После два дена и кај него и кај мене се јави печење при уринарење, кај него сега се појавило црвенило на главичката и чешање.. а јас имам сеуште печење при уринарење, односно немам ништо друго. Дали досега некој имал сличен ваков проблем или отприлика знае шо би можело да е?? а и заборавив да кажам бил дечко ми на доктор и докторката му дала микорил крема да се мачка и капсули како и крв да испита
^ Сигурно станува збор за кандида. Микорилот јас за тоа го користев Oди на гинеколог да ти дадат и тебе терапија. Ништо страшно, тоа го има скоро секоја девојка.
јас сум нова на форумов и сакам да прашам нешто колку е еден преглед кај гиниколог оти сакам да појдам па затоа сакам да знам и прочитав дека на форумов имало броеви од гиниколози па кај можи да ги најдам
зависно дали ке одиш на приватно или државно. приватните се поскапи а првиот пап- тест со матичен гинеколог ти е бесплатен
ама сакам да знам од прилика колку изнесува оти не ми е згодно да кажам дома па зато сакам да знам колку пари да носам на приватно колку е затоа што не сакам да зна моите А сакав да прашам дали ако одиш на државен гиниколог дали можа да дозна твоите оти така читав на една тема и како да закажам?????
Вљубена, ако одиш државно на гинеколог твоите можат да дознаат само ако ти видат во здраствената книшка. Инаку одиш во амбуланта, бираш матичен гинеколог, и се прегледувач. Тоа си го договараш со докторот/ка.
Бев по пап тестот и добар е освен преложиле да одам на ХПВ типизација да видат дали имам хпв вирус за 6 месеци со следниот пап заедно. А дечко ми ми е прв партнер а и јас него прва и единствена, бар така вика Значи на некој начин логично е да немам ХПВ. Сакав да прашам има ли некој друг начин да се има вирусов бидејки е сексуално преносливо заболување? Прочитав еднаш на интернет некоја го фатила во јавен тоалет (од кај знае дека тоа е стварно не знам). Добро ова си трескам глупости пред време, си се зпрашувам во себе, зашто не е докажано дека го имам Кога ќе размислам може и бараат да се направи тестот само за пари да си земат. Во Словенија секоја жена има бесплатен пап тест на 6 месеци и пример оваа 2011та е бесплатна за сите да си направат типизација ако сакаат.
обично не ги праќаат да направат типизација ако не е покажано присуството на хпв на пап тестот. не се вознемирувај. се мислам дека им е да соберат пари. доколку стварно на папот немаш ништо. за твоја сигурност внесувај поголемо количество на витамин ц во свежо пакување
При пукање на циста чувствуваш болка во долниот дел од стомакот нели? А има некоја течност, некој надворешен симптом дека пукнала? Дали е стомакот подуен тогаш? Ако не отидеш на гинеколог тогаш, може нешто да се случи? Еве чувствуваш болка, не знаеш дека е од пукната циста, лежиш 2 дена дома од што те боле стомак, мислиш дека е онака, од прелада.... и? Може да се искомплицира нешто, или?