Ах, ајде да си ја отворам душичката.
Јас невиноста ја изгубив на 18,5 години, решена бев да чекам до полнолетство. Тогаш тој ми беше дечко и беше 6 години постар од мене , од денешен аспект сметам дека не беше вистинско време за тоа ама тогаш така одлучив.
Бев апсолутно неискусна, значи до тогаш дечко ми (сега бивш) ме немаше фатено на голо ни за гради ни меѓу нозе. Беше интересно тоа што јас сакав да биде посебно, купив секси долна облека а он не ни примети, за него сексот беше нешто нормално бидејќи беше поискусен , цела се тресев, он не сврши а ниту пак јас, освен тоа јас инсистирав на кондом а он ме излажа дека ставил , после тоа видов дека нема кондом ставено што ме извади од такт, а кога се заврши му се јави на другар му да му каже дека биднала работата зошто јас бев помлада и го зезале дека нема секс па он така се пофали дека официјално почнува нашиот сексуален живот, потоа ми рече: поднамести го креветот и да одиме да јадеме.
А јас само барав нежност, ама така е кога не си спремен за тој чекор.
Дечкото имаше сериозни намери со мене, ме запозна со цело семејство, планираше датуми демек несакал да чека , зашто да не се вериме и такви муабети. По некое време повторно се обидовме да спиеме заедно но ни тоа не пројде добро бидејќи повторно инсистирав да стави кондом, а он сакаше се да се одвива спонтано, ми велеше дека нема потреба од кондом, сакал семејство со мене.
Јас само што се запишав на факултет, несакав деца, знаев кон што цели он и зато му раскинав а и бев престрашена од моето прво сексуално искуство.
По некое време ми се појави на врата со пакет кондоми и ми рече ако сакаш и цел живот ќе ги користиме само да бидеме заедно. Не попуштив, му раскинав. По неполна година откако раскинавме он се ожени, незнам зошто толку му се брзаше.
По една година го запознав мојот сегашен дечко и можам да кажам дека иако не бев невина он ми е прв, чудно нели ама он ме научи дека во сексот треба да ни биде убаво на двајцата, дека треба и јас да свршам, а не само он.
Мојот сегашен дечко е првиот со кој сум имала орален , првиот со кој сум свршила, првиот кој мене орално ме задоволил.
Значи девојки не е се во тоа кој ќе ви биде прв , за нас девојките важно е кој ќе ни биде последен
