Еве девојки како што можев да ги разгледам сите теми не забележав ништо слично,па ако има некаде вметнато,слободно избришете ме. Ме интересира што мислите за течноста т.н.по нашки шпанска мушица, дали би пробале,ако сте пробале какво е чуството,вреди ли да се проба. Ве поттикнува ли на секс,што ве тера да мислите,штетно ли е за здравјето........... Одамна се мислиме со партнерот да пробаме,ама некако нема кој да иди да купи Мислења...
Шпанска мушица, од родот на бумбари.. Всушност, афродизјакот се наоѓа во кантаридинот, кој го лачи од задните нозе. Но, бидејки тој секрет тешко се издвојува од телото на мушицата, па затоа се чека мушицата да се исуши и да се истолчи целата како прав и така и се продава. Нејзиниот ефект е во тоа што предизвикува горење, запалување во уриногениталните органи, а со тоа и подолга ерекција кај мажите и зголемена сексуална желба кај жените.. Но, границата помеѓу дозата за да се постигне тој ефект и оној што предизвикува тешки последици е многу мала.. Последиците се многу болно мочање, треска, исфрлање на крв со мочта, а потешки се оштетување на бубрезите а со тоа и смрт.. Сето ова настанува поради големата температура која ја предизвикува. Внатрешните органи не ја поднесуваат таа температура па затоа доаѓа до нивно оштетување и смрт на организмот. Ако се меша со арсен и некои други хемикалии во вода и во алкохол дејствува како отров и како наркотик.. Ова штотуку го прочитав од неколку веб-страни. Навистина, и јас се распрашував за оваа Шпанска мушица и ме интересираше како дејствува.. Но ова што го прочитав, ни малку не ми се допаѓа.. Мислам дека е преголема цената што треба да се плати.. Ако некој има некое искуство или некои позитивни критики нека каже..
Мислам дека и не е толку страшно,бидејки ако не е проверено,како ќе се пушти на пазарот да се продава,па да го конзумираат луѓе. Шо знам,може е и добро...
Нели виното и добрата атмосвера прават ист ако не и подобар ефект? Ако веќе сте решиле да купите такво нешто сигурно ќе бидете возбудени од самата помисла на тоа па Шпанската мушичка нема ни да ви биде потребна, или пак ако едниот го купи тајно и му го стави на другиот во што е разликата кога и така и така си имате редовен секс. Само за пример имам гледано документарец каде што му даваат на еден ментол бомбонче и му викаат дека е таблетка против мачнини и седнува го вртат на столче типо стана после тоа без да има никакви маки а на друг му дадоа против мачнини па сепак му се слоши. Не е до тоа што го козумираш него на тоа што мислиш, па сега ти види.
млади,здрави,прави Овде би истакнала само за младите... Па додека си млад ке пробаш,кога ќе остариш ќе си викаш стара сум,не сум за тие работи... Иначе зарем пијанството не го прави на човекот исто што и дрогата,али луѓето пробуваат... И ако реков не пререков право да ми судите,прашав дали некој има искуство...
УУУУФФФФ!!! Можеби ќе звучи како клише, ама мене чоколадото и црвеното вино, ми вредат за 10 шпански мушички
Па јас не сум искрено за хемиски препарати како шпанска мушичка, или вијагра или некои такви додатоци. Но, сум за тоа дека понекогаш е потребно атмосферата да е пожешка, и си имам испробани рецепти. Од храна, бадеми, лешници , а посебно индиските оревчиња прават чудо за сексуалната желба. Вино во нормални количини, ве опушта, ја загрева атмосферата... Секси долен веш, чипка задолжително! Има ли нешто посекси од чипка? НЕМА! Јас најмногу сакам мед, чоколаден прелив и шлаг, значи сите три до мене и душекот на сред соба. Мачкање до бескрај, и понатаму фантазијата нека работи Само не се откажувајте, знае да е нормално лепливо и хаотично, ама косата врзана и трпение, уживањеее... (чаршавот после го фрлам, немам живци да го перам ). Конечно, некаде прочитав дека ѓумбирот е добар афродизијак, ама во прав ми е чуден. Затоа си најдов рецепт за колачиња со ѓумбир и чоколадо. Вреди да се пробаат. Каснуваш едно-две... и после... проверете
А зошто колачињата не ги гледам во категоријата РЕЦЕПТИ? Засрами се Трендафилке, имаш таков убав рецепт, а не го споделуваш со нас. : Ааааа, така , ќе се караме ................................... Инаку на темава можам да кажам дека 1чашка жесток пијалок од мене прави чудо
Одма го ставам рецептот срцко, ич да немаш гајле! Испробано :y: Најтешкото беше да најдам тавче со такви калапи внатре, ама и тоа бидна.
Чекам да го напишеш и во прва прилика ги правам, па ќе ти го кажам ефектот . А по колку може да се јадат, немој да се предозираме од тоа ѓумбирот ? И каде можам да најдам ѓумбир, незнам како изгледа за тебе
Мене не ми требаат поттикнувачи за секс, природно имам доста голема желба за тоа. Секогаш сум расположена. И никогаш главоболката не ја употребувам како изговор, иако често ја имам. Баш тогаш ми е најубаво, се опуштам и веднаш прекинува Би водела љубов цело деноноќие и малку ќе ми биде
Исто , алкохолот го користам за да бидам подива и поопуштена кога правам нешто ново(ама тоа е ретко, ретко пијам бидејќи веднаш ме префаќа) Ама колачињата сакам да ги пробам чисто да мидам каков ефект ќе имаат, ама Треднафилка ни се изгуби
Сакав порано да пробам а и дечко ми ми рече еднаш ,,Баш ме интересира како би реагирала на шпанска мушичка''. Ама па реално, не ми треба тоа, чисто љубопитство е во прашање.
Ја па мислам дека е мит таа „шпанска мушичка“. Има некој повеќе инфо за ова? Или пробано? И мене исто не ми треба нешто за поттикнување.. хммм можеби нешто за намалување на желбата за секс зашто сегашнава девојка ми се жали дека малку муабет сме правеле а многу секс, а не дека си неаме муабет, али шо знам, ваљда дека пролет
Тоа е она глупо чувство кога на тебе ти се „работи“, а она е така малку емотивна и сака длабоки муабети да праите. И ти у себе си викаш: А да се изебеме па да праиме муабет на раат?