1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Позирање гола за Плејбој

Дискусија во 'Секс' започната од aaaGIRLlove, 13 август 2011.

  1. oktavija

    oktavija Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    100
    Е искрено да ти кажам за мене тоа не е воопшто нормално. За маж да те посака во вистинска смисла на зборот не е потребно да ти го гледа да ми простиш на изразов клиторисот како си го сончаш. Тоа како мажите ќе ја посакувале неа, тоа е без везе, тие кон неа само ниски страсти ќе чувствуваат мислам има посакување, во смисла гледа маж преубава жена на улица, или запознава убавица и т.н не мора само од физичкиот изглед да е привлечен, страст може да почувствува и поради нејзиниот карактер и има посакување во смисла на ниски страсти како што напишав претходно, маж додека ги гледа нејзините разголени фотографии не ја посакува неа туку и го посакува половиот орган пак да ми простиш на изразот, а за неа може и најниско мислење да има.
    Секако дека не е уметност сликањето за вакви списанија, тоа се вбројува во порнографија а порнографијата не е уметност, има разлика помеѓу ова и женски актови или позирање во уметнички цели. Порнографијата денес се развива во комерцијални цели, само заради пари за ништо друго. И добро би било другарка ти да сфати дека ако се сликаш за Плејбој не мора да значи дека си лепотица, баш напротив, знаеш ли какви грдотии се имаат сликано за плејбој па потоа сликите со фотошоп им се обработувани? А ни издавачите не ни бараат некои лепотици меѓу анонимните, битно им е само страниците да им се пополнети, ете јас некоја обична девојка да слушнам кај што вели дека и било потребно да се соблече гола за секакви перверзњаци да си го онадат на неа и да и дишат, ќе си помислам дека има некој комплекс или пак којзнае каков проблем има, може мисли дека е грда, глупава, дека мажите ја избегнуваат или дека нормален маж не може на нормален начин да се напали на неа па мора да падне толку ниско секој да и ја гледа "убавината" за да се почувствува "посакувана"
     
    На Meggy и aaaGIRLlove им се допаѓа ова.
  2. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Моето голо тело и те како е ретко уметничко ремек дело! :lol: Ама за приватна колекција.

    И не, дека голотијата е уметност. Се живо може да биде предмет на уметничка фотографија, од голо тело до ситна буба мара, се доколку фотограферот е уметник и знае како окото да му гледа за да ги извади тие слики. И јас сум била предмет на уметник фотографер, кој има направено за мене супер профил слики, па си реков еднаш сум млада и зашто да не и гола(ама со скриени делови, знаете кои), кога веќе видов примероци од неговата работа од клиенти кои се согласиле да нивните слики се користат за презентација. Сакав, платив и се сликав. За мене.

    Голи жени по списанија, со изволте гради како од мајка родени и раширени нозе или не знам која поза со се што имаат на мегдан, не сметам за уметност. Плејбој еднаш не сум прелистала па ни не знам какви се сликите во нив, ама јас сум си приватна личност кога доаѓа до голетарење во јавност, па и колку да се умтенички сликите по списанијата, не разбирам како на некои жени не им смета таа самоволна да ја речеме глобална(макар 20 примероци нека се продале) инвазија на најприватното. Ама што има врска ако јас не ги разбирам, сепак ако не им на нив смета тогаш и мене не ми смета, тоа си е ОК, нивно тело, нивни желби и потреби да го покажат, нивен живот и нивни правила.

    Се додека се работи за полнолетен човек, ако сакаш да се сликаш гола, повели сликај се па продавај ги фотографиите на кое списание сака да ги купи. Не е криминал и не си должна на никого да се правдаш или да се воздржиш од тоа што сакаш, па туго боже ако некој се налути на твоите морални вредности. Ќе те покажувале со прст додека утре некоја друга од селото не направи некоја драма за која бабите ќе речат нефела е така. Животот е еден и претерано е краток за да дозволиме да го живееме по терк на некој друг.
     
    На aaaGIRLlove му/ѝ се допаѓа ова.
  3. aaaGIRLlove

    aaaGIRLlove Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2011
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    0
    Фала многу премногу си во право, посебно за она-разголени фотографии не ја посакува неа туку и го посакува половиот орган пак да ми простиш на изразот, а за неа може и најниско мислење да има. Не ми се извинувај за ова треба отворено да се зборува премногу го ценам ова што ми го кажа, како да и го кажам ова ама не толку дирекно за да не се налути???
    Многу фала за ова-се доколку фотограферот е уметник, значи ДаВинчи и другите биле уметници ама денес овие за плејбој многу тешко дека ке гледаат уметност да направат, сите знаеме дека никој нема да гледа уметност во ова...а зошто мислите дека некој жени не сфакаат дека голотијата нема цена-телото, и не им пречи да им платат за да ги сликаат голи, дали е само за пари??? Ти чувствуваше некакво задоволство преи сликањето, е нешто посебно или?
     
  4. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Најозбилно не знам ни јас зашто се сликаат девојки за во списанија. За пари ли е? За внимание ли е? Не знам, затоа велам и дека не ги разбирам. Они си знаат. Еве можеш другарка ти да ја прашаш што е тоа за што таа би се сликала за во списание. Можеби и ќе ја разбереш, или ќе се сретнете со мислењата на пола пат барем, ако ја сослушаш.
    Јас се сликав едноставно затоа што еднаш во овој живот сум млада. Еднаш ми е телото убаво на својот млад начин, полн живот, и што знам, ама мислам на овој начин ми дава да го доловам како што е, за кога еден ден кога остарам, да немам само меморија од тоа, туку на некој начин нешто по солидно.
    Додека се сликав не можам да речам задоволство ми беше, срам ми беше, оти додека фотограферот беше искусен професионалец, јас не бев професионален модел, и од првите десетици слики ништо не испадна, оти јас не се чувствував слободно и правев фаци :rofl:
    Ама исто беше и кога се сликав само за профил сесија. Постепено се опуштиш и гледаш во објективот на апаратот за тоа што е, апарат, а личноста зад неа стане само прст што стиска копче.

    Сликите сега, ми прават задоволство. :$
     
  5. oktavija

    oktavija Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    100
    Па друг начин да и го кажеш ова баш и нема, можеш само да ублажиш некои зборови, а нема ли некој друг кој се обидува да ја разубеди и кој не го одобрува тоа што сака да го направи? Не знам член на семејството или... Јас мислам ете можеби некоја машка особа што ви е блиска и на двете а го дели твоето мислење може од машки аспект да се обиде да и укаже некои работи. Мое мислење е дека колку и да сака да гледа вакви фотографии, ниту еден маж со солиден IQ не би сакал негова девојка или жена или блиска да ја види во вакво издание... Па да се обиде некое добронамерно машко (ваш близок) да ти помогне и да и го каже ова... Не знам, тешко ќе биде ако таа е решена, сепак твое е да одлучиш како ќе се поставиш понатаму. И мило ми е ако нешто што прочита овде ти е од помош, зашто убаво е тоа што си загрижена толку за таа личност, не знам колку сте блиски, но да беше некој друг досега сигурно ќе се откажеше, може и ќе и го свртеше грбот, некои ти велат нејзин живот е што сака може да прави, што делумно е и точно ама пак разбирам и дека не ти е лесно да гледаш некој близок како прави нешто кое потполно се коси со твоите сфаќања и со вредностите ти што ги почитуваш...Не знам како ќе ти испадне ова, но со среќа
     
  6. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Затоа што факт е: sex sells, секогаш тоа било така и секогаш ќе биде, а со тоа пропратно оди и голотијата. И за сите оние што мислат дека ако се сликаат голи ќе станат посекси и попосакувани, едно ќе им речам сексапилот е во главата, привлечноста доаѓа од тоа што самата си мислиш дека си посакувана, ниедна гола фотографија не може да го смени тоа. Оттука според мене и доаѓа причината зашто на пр. сите во кафичот се загледани во некоја типка, а ти не знаеш што гледаат во неа. Се е во главата, па и бурка носеле, битно е да знаеш да се носиш со својата облека. Поголем предизвик за машко е облечена девојка од соблечена, а за голите, им ја завршиле работата на мажите, тие се за клозетска забава само, за жал...
     
    На julie77 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    За да позираш за Плејбој мислам дека треба да се задоволат одредени критериуми. Сигурно пропорции на облини и во најмала рака добро да го згрееш креветот на дотичната особа. Се прави за пари а не за задоволство, зашто е од типот на брзо правење на пари.
    Ако другарка ти сака да го направи тоа и е убедена во тоа, и некој + денар во џебот тешко дека ќе ја разубедиш, туку ќе ја гледаш во Плејбој ако ги исполни нивните критериуми.
    Секој си го поседува своето тело и одлучува за него.
     
  8. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    818
    Допаѓања:
    666
    Зошто користиш туѓи цитати, од друг форум?
    http://forum.kajgana.com/threads/Позирање-гола-во-списание-за-мажи-од-ваша-блиска-личност.53089/page-14
    Не пиеме тука нафта.
    Свашта.

    Онтопик: ништо посебно, плејбој, пф.
    Сакам актови, т.е голи тела на жени ете, не сум лезбејка ама сакам, ама да биде убаво спакувано, не да цедиш пари од тоа што си покажал што има на тебе. Тоа не.
     
  9. aaaGIRLlove

    aaaGIRLlove Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2011
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    0
    Фала премногу на сите, многу луге ми рекоја дека е порнографија, јас мислев порно се само видеата со секс ама можело се да биди шо предизвикува возбуда и експлотација, а плејбој бил премногу вулгарен за да е еротика, со мислите вие???
    И уште нешто бидејки овде се поврзуваат мн теми, таа е религиозна ама вели свети сме во голотијата ако не Бог би не создал со пердуви, јас не мислам така, ние имаме убави тело, интелегенција, глас за да сме подобри од животните ама не треба да го злоупотребуваме ова-јас знам дека Бог не го дозволува ова-како беше она во библијата дека голотијата твоја може да ја гледаш само ти, маш ти и мајката дур си мал...??? Позз
     
  10. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Хмм, нема врска колку си гол, туку како е тоа спакувано. Ако е спакувано за да му го
    активира алатот
    некому, тогаш е порнографија, но ако е направено за уметнички цели, фотографијата е направена со умешност и веднаш се познава. За жал во светов повеќе ги има оние од првата група, затоа што во денешново време ретко кој го боли уво за уметност. Така да, од уметничката голотија не остана речиси ништо затоа што не се продава. :)
     
  11. Seznajka2

    Seznajka2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    590
    Допаѓања:
    119
    Кога го прочитав насловот помислив дека ти ќе позираш,но ако веќе е некој друг што сака нека прави,јас да сум во ред знам и разбирам дека ти е тешко,но саката ќе си го уништи (на некој начин) живото,јас сум многу рамнодушна во вакви случаи,бидејќи мобем да немаат глава да си размислат... како и да е ќе позира или ја разубеди?!?!?!?!
     
  12. Antonija123

    Antonija123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2011
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    73
    ако веќе зборуваме од религиозен аспект, јас би рекла дека таа не си ја познава религијата, во Библијата неколку пати е потенциран срамот на луѓето од голотијата,тоа во врска со религија, вистина нејзин живот нејзино право, ама не може да се повикува на религијата кога е ова во прашање ... И сите тие списанија спаѓаат во порнографија и се помалку или повеќе вулгарни од причина што мажите ги купуваат со цел достигање возбуда предизвикана од сексуален нагон што може и експлоатација да се нарече ти самата како што рече, значи имаат за цел активирање на алатот, како што пишува наназад.. А гледам поминало време откако си ја поставила темата, што направивте? таа, се разубеди или уште е на исто?
     
  13. paulina2

    paulina2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    122
    ако е голото човечко тело срам,тогаш немало луѓето да се раѓаат голи.исто како и сексот ,ако било тоа најсрманото нешто немало бог да ни дава полови органи ..голото човечко тело е убавина и уметност....
     
    На NovusOrdoSeclorum му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Antonija123

    Antonija123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2011
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    73
    A, и ти си религиозна? Епа прочитај си ја и простудирај си ја Библијата подетално па види што пишува за неа таму, ако веќе зборуваме од религиозна гледна точка. А од нерелигиозна голотијата била уметност. Па може голотијата и како уметност да се гледа и да се прикаже ама порнографијата не е уметност.
     
    На oktavija му/ѝ се допаѓа ова.
  15. paulina2

    paulina2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    122
    тука никаде не станува збор за порнографија....порнографијата опфаќа слики и видео каде се прикажани сексуални чинови.Мешате поими ,извртувате зборови.Разголена слика на убаво машко или женско тело најмалку значи порнографија.
     
    На NovusOrdoSeclorum му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Antonija123

    Antonija123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2011
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    73
    Аха добро јас си мислев порнографија е и она што се продава за на некого да му ги активира половите нагони ама грешка сум била |( .. мислам овде некој друг извртува поими само не е баш свесен за тоа..уметност, му е гајле на Митре или Трајан кога ќе купи плејбој за уметност.. И ајт доста е сега, кога ќе научи некој разлика меѓу порнографија и уметност тогаш ќе се навратам да одговорам
     
    На oktavija и tessie им се допаѓа ова.
  17. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.635
    Допаѓања:
    4.456
    Пол:
    Женски
    Секој си има право на свој избор што сака да прави арно ама кај нас тоа балканското не не пушта
     
  18. LadyIvvy

    LadyIvvy Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2011
    Пораки:
    572
    Допаѓања:
    772
    добро и? се слика девојката? па да видиме слики бе :P :P
     
  19. marijaz

    marijaz Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    190
    Пол:
    Женски
    ии? што се случи?? :D
     
  20. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.139
    Допаѓања:
    4.112
    Мислам дека позирањето гола не е само по себе нешто лошо - луѓето голи се раѓаат, но последиците се тие кои од тоа можат да бидат лоши.

    Пример: голите женски го зголемуваат тиражот на списанието - газдите се богатат. За што ги употребуваат потоа тие пари? Како допринесуваат ти кон вистински посреќно општество?
    Во една прилика Хју Хефнер основачот на Плејбој им испрати бесплатни примероци на американските војници во Ирак демек за забава и подршка.
    Незнам детално како влијаело тоа врз војниците но изнесувам една претпоставка: Дел од нив ќе се „напали„, сексуалниот нагон значи додатно бил поттикнат од гледањето слики а можност за нормално празнење нема (а не се они ни газда Хефнер па да си платат курви по избор) - тоа создава напнатост, напнатоста води кон агресија, агресијата кон страдање на луѓе, можеби и силувани деца, девојки, жени. Кој е одоговрен? Сторителите. Но и оние кои ги поттикнале индиректно на тоа, по најмногу оној кој најмногу имал корист од тоа - газдите, бордот на директори на списанието, но во еден дел и моделите ако тоа доброволно го направиле и имале материјална корист (хонорар на пр.).

    Друг пример: Поради голите слики во плејбој девојките не можат да конкурираат за избор на мис, или ги губеле титулите. Мене лично и изборот на убавица ми е глупост, но ете некоја можеби сака да проба а не знае за тие правила.

    трет пример: можеби мала веројатност, но што ако ја препознаат на улица некои кретени? „Ај маче покажи газе да сликнеме со тоа ајфонот!„ - колку ќе и биде пријатно? како ќе се одбрани ако почнат да навалуваат?

    Некои навистина привремено станувале попопуларни во шоубизнисот поради тоа што позирале голи но таквите се само мал процент.

    Дали да се позира или не гола? Мислам дека никој не треба никому да наметнува ниту да ниту не, но мудро би било најпрвин добро да се размисли кон што може да води долгорочно тоа.