Што знаете за оваа течност, има ли шанси да се забремени, колкави се шансите? Од теорија знам дека може, но ме интересира од искуства зашто немам досега слушнато некоја да забременила од таа течност, посебно земајќки го во пред вид фактот дека многу парови имаат скс без кондом и ја користат методата прекината ејакулација. Дајте некој пример од животот, имате ли секс без кондом и дали оваа течност некогаш направила беља(не дај боже). Само пишувајте вистинити одговори, не од типот : -да, јас забременив така-, а всушност на дечкото му избегал дел од ејакулатот т.е. не се тргнал на време. Зборуваме само за предсемена течност. Ме интересира темава, пишувајте. Поздрав
3 godini imame redovno sex so decko mi bez koristenje na kontracepcija i vo plodni denovi duri i do sega ne se slucila takva belja..
Предсемената течност (со друго име може да ја сретнете и како Ковперова течност или pre-cum) е течност која излегува во текот на сексуалниот чин од машката уретра (напосредно пред ејакулирањето). Ретко може да се види, бидејќи е само една мала капка, а мажот не чувствува кога таа излегува (всушност таа е како ’навлажнување‘ на пенисот).Композициски е слична како спермалната течност, што значи дека таа течност им е поволна на сперматозоидите да преживеат во неа. Доколку мажот има ејакулирано неколку часа пред појавата на наредната предсемена течност, поголеми се шансите таа да содржи поголем број сперматозоиди, кои по ејакулацијата не се доисфрлиле и останале во уретрата. Значи внимавајте при ‘втора рунда‘. Шансите за забременување постојат теоретски 99,9% но не верувам дека некој забременал на ваков начин.
мене ова исто така многу ме интересираше и пошто слуснав се и сешто ( а не сме љубители на кондом со дечко ми ) уште на почеток кога почнавме со секс, ја дечко ми го пратив на уролог да си праша. Доби одговор дека во пред-семената течност може но не мора да значи дека ке има спрематозоид потентен да оплоди јајце клетка. ако да речеме во одредена количина сперма има 100 потентни сперматозоиди ( со соодветна брзина...бла бла ) за оплодување, во пресемената течност има 1 на пример. Теоретски и тој еден е доволен да оплоди...но во пракса ретко се случува. Демек онака на смеа му рекол - да не те боли глава користи си кондом Ама ние не користиме кондом- наша контрацепција е прекинета еакулација на време ... :geek:
Do newring86: kolku vreme vi uspeva toa ? i dali gledate plodni neplodni denovi ili se trga navreme i nema problem ? Mwaa
e i mene me maci toa prasanje , dali ima sansi ako ne svrsi vo tebe , i prethodno ima oralen seks da se zatrudni?
Кажав и погоре, значи ако ејакулирал претходно, поголеми се шансите предсемената течност да присобере сперматозоиди кои останале неисфрлени и заостанале во уретрата. Забременувањето е теоретски можно (шансите се мнооогу мали), но не верувам дека би забременала од предсемената течност, која може и воопшто да не се појави. Но за да ти е мирна главата, користи заштита. Прекината ејакулација не е најдобар избор за заштита.
isto i jas so decko mi ne koristime kondom i dosega ne se slucilo nisto nesakano... potrebno e vnimanie i higiena za seksot bez kondom,a predsemenata tecnost nekogas moze i da ne se pojavi(kako sto mi kaza decko mi i kako sto sum zabelezala jas pri oralniot seks)
Do strawberry18 - skoro dve godini plodni denovi ne racunam zasto mojot ginekolog mi rece deka na moi godini0 24 znaci site denovi mi se plodni. ako se zeme u predvid deka spermatozoidite ostanuvaat zivi i sposobni da oplodat i po nekolku dena, smetanjeto plodni neplodni denovi nema vrska. plodni denovi ke smetas koga ke pocne bioloskiot casovnik da titka Pozdravcinjaaaa
Mnogu se mali sansite da se zabremeni od predsemenata tecnost, no jas znam primer na devojka koja zabremeni. So deckoto si imaa odnosi bez kondom ali deckoto nikogas ne svrsuval vo nea i op odednas trudna i i kazaa od predsemenata tecnost. Taka da mozno e no sansite se mnogu mnogu mali
Се создава од уретралната жлезда и се лачи секогаш кога пенисот е во ерекција (кај некои повеќе, кај други помалку)
А да додадам уште нештo: за да биде оплодена јајце-клетката потребна е концентрација на сперматозоидите од 20 милиони по милилитар (т.е. околу 40 милиони/мл по ејакулација). Бидејќи ваквата концентрација во Ковперовата течност е невозможна, сперматозоидчето кое оплодило јајце-клетка, а потекнува од неа, е едно среќно копиленце Значи, нема шанси за забременување од неа.
Леле браво Ѕверка, ме изнасмеа со “Бидејќи ваквата концентрација во Ковперовата течност е невозможна, сперматозоидчето кое оплодило јајце-клетка, а потекнува од неа, е едно среќно копиленце„ Инаку да, шансите се премногу мали!
Шансите се мали ама постојат. И на други теми имам пишано пример за ова, моја пријателка остана бремена од предсемена течност имале 2-3 *рунди* како што ги викате, значи првиот пат нема шанси ама после секој друг е ризично зашто може да има останато сперма во каналот ПАЗЕТЕ
На теорија и вонземјани постојат Јас немам слушнато дека некоја забременила од предсемена течност,не знам колку е веројатно да се случи такво нешто,но потемелно да се побара може и да се најде нешто такво Се на се сè е можно според мене...
Дечкото никогаш не свршувал во неа, ок, ама за се постои прв пат, доволна е само 1 секунда да задоцни во прекинувањето на сексуалниот однос и доволно за забременување. Може тој за тоа не е ни свесен. Инаку баш прочитав во едно списание за ова и вака нешто гласеше: Шансите за забременување од предсемена течност се исти со шансите да ти се скине кондом и пак да забремениш. Значи и таму и таму постои ризик, ако ви е судено ќе забремените и без и со кондом