1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Промискуитет

Дискусија во 'Секс' започната од MSkorpionka, 29 октомври 2011.

  1. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Што мислите за промискуитетот, дали е личен избор или психолошки проблем? Дали и колку сте вие промискуитетни, и дали го подржавате или осудувате ваквиот начин на сексуално однесување?
     
  2. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.645
    Убава тема. :) Колку и да се мисли за промискуитетот дека лесно се дефинира, дека тоа ти е само често менување на партнери сепак тоа ти е донекаде релативен поим. Колку партнери некој треба да смени за да се обвини за промискуитет? За некој 5 партнери се доволни, за некој многу повеќе.
    Честото менување на партнери може да потрае само во еден период од нечиј живот, а некој може да биде таков цел живот. Дали првите може да се нарече дека се промискуитетни?

    Кај нас кога ќе се каже дека некој е промискутетен, ако е женско ќе се смета за курва. На сите ни се познати тие етикети и не би навлегувата во таа тема затоа што ми е смешно тоа етикетирање. Кај нас ова често е осудувано од општеството и луѓето, за разлика од некои други земји каде овој начин на живот често се среќава. Во поголемите земји каде не се знае никој со никој што прави знак прашалник е дали и се размислува воопшто на оваа тема.

    Дали е тоа личен избор или психолошки проблем зависи од личноста. Некои воопшто не размислува за некакви поими и сака да си ги менува партнерите, а позади некои стои психолошка причина. Таа психолошка причина може да лежи во длабока осаменост и потреба за љубов и близина. Знам дека прочитав за ова некаде, но не се сеќавам каде. Логично е сепак.
     
    На eli25 и MSkorpionka им се допаѓа ова.
  3. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Лично не сум, никогаш не сум ни била...Имав еден период после една долга лоша врска кога посакав да пратам по ѓаволите и љубов, и врски, и обврски и чуства...Па да свртам нова страница на тој терен-менување партнери и терање ''по свое''...Пусто и тоа не било лесно, против својата природа се не може...Не ни било пишано со промискуитетот...
    Многу психолози кажуваат како позади неа неретко стојат премногу емотивни особи кои се во потрага по идеален партнер, идеална врска, без да ги прифатат обврските кои одат со истата, па затоа брзо прекинуваат една и уште побрзо се впуштаат во друга надевајќи се дека овојпат е она вистинското...Илузии или премногу високи критериуми-не знам...
    Сега кога на ова ќе го додадеш нашиот менталитет и малите места во кои живееме каде ретко може нешто да се скрие, се добива имиџ на лесен плен, машките тоа го злоупотребуваат-и ете уште една причина за брз крај, па повторен обид...и не до крај но одредено време се вртиш во еден магичен круг...
    Претпоставувам има многу причини, јас од искуство на блиски околу мене само за оваа знам...
     
    На MarchelineAmaru, De-lovely, Magnolija и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    ОД песнава нели ;)
    http://www.youtube.com/watch?v=0J3vgcE5i2o&ob=av2n
    Како и да е, добра тема!
    Moже да се каже девојка која сака да се забавува, која ужива во сексуалните искуства со различни мажи!
    курва е онаа која си ја наплаќа услугата, оваа го прави за задоволство!
    Што викаат кај нас Мерaклика ;)
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Argasi

    Argasi Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    278
    Мераклика и курва е сосема различен поим. Мераклика е уствари ороспииче :D
     
  6. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    прочитај ми го убаво мислењето, не реков така!
     
  7. NATALIJA89

    NATALIJA89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    43
    Еве јас лично го мразам промискуитетот,пред се поради тоа што сум христијанка,и сметам дека промискуитетноста носи само штета ,пред се за физичкото здравје а богами и за психичката состојба.Еве како завршуваат промискуитетните особи-оговарани,покажувани со прст,омалаважувани и најчесто искористени,а и со овој балканскиов менталитет обично жената е осудена ако е промискуитетна.
    Спрема мене,и машките треба да ги вреднуваме така ,како курвари бидејќи не може тие да уживаат во промискуитетноста,без да бидат обележени и лошо окарактеризирани и од околината.
    Јас највеќе ја сакам моногамијата,дали е до тоа што така сум воспитана од моите ....Лошото е што АМЕРИКА дава лош пример а нашава младина го зема тоа како здраво за готово,слушаат песни кои се неморални и се угледуваат на такви неморални личности ,но кога ќе ги согледаат последиците тогаш е премногу доцна....Или кај човекот проработува совеста и не потклекнува на вакви демонски искушенија или потклекнува и таква му станува и душата-ѓаволска.
    Во секој случај,не го оправдувам промискуитетното однесување на денешницава....Затоа и толку бракови се распаѓаат,толку заљубени страдаат...Како што вели нашиот БОГ ,секој да си ја чува својата чесност,за да бидеме СВЕТИ како што е и самиот тој,а ние сме соЗдадени по негов образ...
    Размислете за ова......
     
    На baby-star, angelce1, aerodrom и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Хм, дали е избор или е психолошки проблем?

    Избор е кај личности со зголемени сексуални апетити т.е. кај секс зависници и опседнати со секс. Бидејќи промената на партнери кај нив ја има мотивацијата да го задоволат сопствениот нагон. Ваквите личности можат да изберат и да се контролираат и да не му дадат замав на повикот на дивината :lol: .

    Психолошки проблем е кај личности каде прекумерниот број партнери не е резултат на потреба за секс туку има друга мотивација - не можност да функционираат сами и моментална утеха наоѓаат во сексот,
    имаат постојан партнер но имаат и постојана желба да си докажат себеси дека и натаму се способни да освојуваат, не успевајќи да дојдат до врвно сексуално задоволство упорно трагаат по некој кој ќе им го овозможи, некои се во потрага и по партнер за сериозна врска но во меѓувреме ги почестуваат потенцијалните кандидати со секс :lol: итн.

    Лошо е кога ако веќе е во врска или брак промискуитетната личност не води грижа за партнерот кој не го одобрува тоа, кога пак ќе се изнајдат двајцата на иста фреквенција ќе си тераат заедно еве и кај нас веќе слушам има и свингери и организирања оргии итн.

    Инаку кај нас постои двоен аршин за промискуитетноста по однос на полот и тоа нема за скоро да се промени.
     
  9. Imezaforum

    Imezaforum Активен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2011
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    2
    Како ја дефинирате потребата, имате дечко, го сакате и све топ. Ама едноставно имате потреба еднаш у месец така убаво да профлертувате со некој тип. Нема мување, бакнеж само ете некое едночасовно флертување. Тоа промискуитет е? :D
     
  10. NATALIJA89

    NATALIJA89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    43
    Не :!: .Промискуитет е кога луѓето се крајно неморални.Тоа што го велиш ти ,флерт е онака како некоја игричка.Желбата да се чувствуваш посакувана ,убава и привлечна е многу далеку од промискуитет верувај ми ;)
     
  11. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    Hемам зашто да мразам некој што си го тера ќеифот :D Kој како сака ќе си се води во животот :)
    Aко некоја жена од мерак сака да менува партнери, нека си менува, мене не ми пречи
    Cекако зборувам во границата на нормалата, а не 30 партнери во 1 година, тоа секако дека е за на психолог, бидејќи таа цифра не е нормална!
    Jас не спаѓам во оваа група, ама воопшто не ми сметаат овие девојки, нивна интима, што има тоа до мене да допре

    A ние како добри христијанки, требаше да си седиме невини дур до брак, па затоа да не го мешаме бога во темава :)
    е сега, јас искрено не подразбирам баш баш што спаѓа под поимот промискуитет.... :) 5 партнери, 150, ненаситна жена, жена која сака авантури... :D
    или како сакаме можеме да си го дешифрираме? :)
     
  12. Imezaforum

    Imezaforum Активен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2011
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    2
    Ја мислам дека не треба да гледаме у бројките туку како еден психолошки синдром. Желбата да се има многу парнери, макар и во мислите. Тоа е заебаното. :D
     
  13. lylaby

    lylaby Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    631
    Допаѓања:
    333
    Пол:
    Женски
    Во мислите можеме да имаме што сакаме поточно фантазијата и со милион одеднаш да сме интимни додека фантазираме ок,но во реалноста постојат некои принципи ете непишани правила барем јас така размислувам.Не велам дека треба со еден да сме цел живот,во псоледно време и се прашувам дали воопшто сме моногамни по природа,и во ред е да смениме партнери една врска друга една друга авантура...Ама промискуитетот го сфаќам како константно менување на партнери чисто за да се задоволат нагоните и се се сведува на тоа-потребата од секс и ништо друго.И не се сметам за конзервативна личност ако наидам на некоја промискуитетна девојка и не ја почитувам,не верувам дека таква жена е психички здрава како прво или што знам нешто во глава и не се таман,замислете се во ситуација да третирате и бидете третирани како парче месо,легнуваш со секој кој барем малку ја рабудил желбата за секс во тебе...тоа буни неможе да не ги буни таквите девојки,постои и нешто што се вика емоционална интелегенција а тие што ја имаат не верувам да можат да си дозволат да се прмискуитетни...
     
  14. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    ^ значи овој поим е жена што менува партнери како луда?? :?:
    или што имала нормална цифра до 10 партнера?
    Jaс прв пат слушам за поимов да бидам искрена
    Mногу јасно е дека ако е секоја вечер со различен тоа не е нормално, се знае каде да се оди
    Aма здрава нормална возрасна девојка созреана во секој поглед, дури и 10 да имала- не е ништо ненормално и лошо според мене :)
    Kакво време дојде некој на малолетни години волку партнери имал
     
  15. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.818
    Мислам дека најдобро објаснување за поимов е ликот од „Сексот и градот“- Саманта :)
    [​IMG]
     
    На Meggy, lylaby и ludoto19 им се допаѓа ова.
  16. lylaby

    lylaby Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    631
    Допаѓања:
    333
    Пол:
    Женски
    е да да господ здравје д ти даде она е дефиниција за поимот :D
     
  17. deer

    deer Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2011
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    39
    Само да прашам? Дали се сметаат за промискуитетни само девојки кои имале секс со повеке машки, или и оние кои смениле многу партнери но со нив немале секс туку само орален, т.е пусенје и дркање?
     
  18. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Па мене лично не ми смета, кој како сака нека си живее, ако на некој тоа му причинува задоволство, негова работа е. :)
    Второ, јас сум личност без предрасуди, мразам етикетирања. А за нашиот менталитет тоа е својствено, а мене ми е крајно глупаво и недоздеано да коментирам за нечиј сексуален живот.
    Е сега има некои кај што промискуитетот е поврзан со психата, јас искрено верувам дека станува збор за осаменост, или некое претходно разочарување. Некои пак избрале да живеат така, затоа што им е убаво, си го прават меракот. ;)
     
  19. Towelie

    Towelie Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2011
    Пораки:
    517
    Допаѓања:
    688
    Ако менувањето на партнери ти е во интервал со менувањето на чорапи,тогаш да. Оралниот СЕКС мислиш?
    Пошо и тоа е секс,бар у мојот речник е у таа секција.
     
  20. Antonija123

    Antonija123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2011
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    73
    |( И едните и другите.
    И внимавај малку на речникот, немаше да ти прилега и да беше постара, а камо ли сега на 16 години.