Бунтовничка Од понеделник до петок 18:50 Бунтовничка е името на новата турска хит серија која со огромен успех ги освои гледачите во многу земји во светот. Главен лик во приказната е убавата Езо. Млада и одважна девојка која се бори да ја зачува правичноста и честа. Таа им противречи на нормите и непишаните правила што е многу необично за една рурална средина какво што е малото селце во внатрешноста на Турција. прекрасната Езо, од мала останува без своите родители. Ги губи своите мајка и татко, но не ја губи вербата во животот. Тешкото и трагично детство ја прави цврста и храбра па и покрај трагедијата, Езо израснува во вистинска убавица која ги плени и ги освојува сите. Ја пронаога својата љубов но судбината продолжува да си поигрува со неа и постојано ја потсетува дека само несреќната љубов може да биде совршена. Нејзиниот вереник Омер доживува несреќа и сите го сметаат за погинат. Но него го спасува вдовицата која го негува и во чиј дом тој закрепнува. Дека е Омер жив незнае никој, а и самиот тој при сообракајната несреќа го губи памтењето и незнае кој е и од каде доаѓа. Загубата на Омер сака да ја искористи најбогатиот човек во селото и тој се обидува да ја придобие Езо да биде негова сопруга. Езо се противи на строгите правила и по цена на животот не се предава на богатиот ага. За да ја попречи во самоубиствената намера братот на Омер застанува во заштита на Езо и ја зема за своја фиктивна сопруга само со цел да ја отргне од алчниот ага. Кога на Омер ќе му се врати сеќавањето и кога тој ќе се врати во своето село ќе ја затекне својта вереница во прегратка на својот брат. Недоразбирањето ќе доведе до вистинска трагедија, а после многуте случувања езо ќе побегне во Истанбул но дали ќе успее да побегне и од лошата судбина.
дали знаете како да дојдам до музиката од серијата ама онаа музика која е тажна некако јаваш јаваш почнува мислам ве молам помогнете ми песната ми е прекрасна но никако да ја упецам на нет
и јас ја барав јаваш јалаш незнам како се вика на нет и не ја најдов јассна ако го најдеш линкот прати ми го плизз
И утре ќе ги даваат репризите. И јас ја следам и многу ми се допаѓа сега за сега па за понатаму ќе видиме
Ја следам ама дознав дека Спојлер нема да има среќен крај .. не ми се допаѓа кога завршуваат тажноо ..
Ја следам серијата и многу ми е убава, малку ми беше досадна од кога Омер ги виде Езо и Али заедно,па се до тоа кога дојдоа во Истамбул, но сега е преубава посебно Езо и газдата многу се слатки најверојатно ке бидат заедно.
Јас немам гледано серија после Млади Бунтовници, ама оваа многу ми е интересна Почнав да ја гледам покрај мајка ми, сега не пропуштам, а ако пропуштам обавезно репризите ги гледам. Единствено ме нервира што пола од новата епизода е уствари претходната, ама нема врска пак е интересна И јас некако мислам дека нема да има среќен крај
Ми се допаѓа серијава,не ја гледав од почетокот мислев дека е уште една глупава серија ама послем ја загледав и навистина е добра...
езо и кадим заедно ќе завршат и мислам дека ќе имаат 3 деца и ќе работат во друг хотел (изгледа ќе биде нивни) и мерием ќе работи таму засега толку знам и знам дека омер понатака ќе се појави во серијата но тоа ќе биде откако езо ќе се земе со кадим ја го гледам на алсат иако не разбирам ништо сепак гледам кога ќе го фатам
И се гледа крајов на серијава уште 8 епизоди. Најубавата турска серија што ја имаат давано кај нас, можеби затоа што ја следев од почеток до крај. Омилен лик ми е Бали ага закон е човеков секогаш интересни сцени има со него а и гласот му е супер доловен. Улогава на глумецов одлично му прилега за разлика од улогата на бате Ќемал во солзи на есента. А Недим ми е преубав ммммммммммммм иначе се вика Özgür Özberk без тоа Röportajı (ова значи интервју)
Зошто турциве не продолжија не серии од типот на 1001 ноќ, туку не тупат со вакви будалаштини и глупоштини??!!