Премиерата е на 23-ти септември, па според официјалниот трејлер осеќам дека и оваа серија ќе си добие почесно место во густо збиениот неделен распоред на серии Серијата започнува кога еден од најбараните криминалци доброволно се предава на полицијата, ама нормално има и добро осмислен план во главата. Да не зборувам многу напразно, видете го трејлерот да ви биде јасно. Главниот лик совршено се вклопува во улогата, доколку сте гледале Boston Legal, знете кој e Џемјс Спејдер. Тематиката не е најоригинална, со што има и простор за утка, ама тргнувам позитивно поради главниот лик, па ќе видиме http://www.youtube.com/watch?v=k9_qgX7pTlc
Никој ли не ја загледа серијава? Се надевам дека нема сама да си коментирам на темава затоа што стварно вреди да и се обрати внимание. Дефинитивно се издвојува од сите серии што ги следам или што некогаш сум ги гледала. Главниот лик како што и очекував генијално ја исполнува својата улога, додека за женската главна улога мислењето ми е малку поделено. Тоа плавото лигле ме вади од такт, но тоа е, во секоја ваква американска крими акција со доза на драматичност, мора да има и по некој уфуран лик. Тоа е и единственото нешто што малку ме нервира во серијава, се ежам на тие типични американски бљувотини кога ЦИА, ФБИ и слични на нив ќе здружат сили и ќе го спасуваат денот Како и да е, останатото е одлично, има добра доза на неизвесност и мистерија, па засега има висока оцена од мене.
Дали ја гледавте синоќешната епизода, The Good Samaritan Killer ? Мене ми беше предобра. Дефинитивно сериски убиец каков што до сега не сум сретнала. Ми се допаѓаше тој патерн по кој одеше, иако ова звучи премногу лошо. Ред многу добро си ја изигра улогата, ми се допаѓа како открива податоци, повеќе зема отколку што бара. Дефинитивно мислам нешто, т.е сигурна сум. Спојлер Ред и е татко на Лиззи.
Штета е баш што темава не се развива, и серијава не се гледа баш. Последнава епизода е дииилишс. Спојлер Одличен тек на настаните, целосно бев посветена на епизодата. Заедно со нив ги решавам проблемчињата. Ми се допадна зашто се откија работи многу, а и дефинитивно морам да признаам дека секој член од The Blacklist е со своја приказна, која е многу интересна за гледање. Џолин е прекрасна дефинитивно, мислам дека ќе се роди нешто меѓу неа и Том. Јас мислам дека Ред ја има најмено неа за да и ги отвори очите на Лизи, нели листаше таа едно досје на Том. Колку што е слатка, толку ми е и мистериозна. Никогаш не би помислила дека таа беше таа издајцата. Воопшто ја нема таа фацка.
Јас сум до 6. епизода, интересна е серијава Туку ги сакам Лизи и тој плавиот заедно, Доналд мислам беше Делува на моменти како сељак ама се си мислам дека е само маска тоа, тешко минато имал најверојатно што го направило таков Многу ми е убав
Ја изгледав и 12. епизода. Изгледа во оваа сезона нема желбата да ми се оствари ко што гледам, ама се надевам понатаму Ако не ќе престанам да ја гледам
^ Спојлер Мене најнов пар и најдобар, ми се Том и таа Џолин, новата што е. Ау предобри ми се заедно, Том е срцка. Дефинитивно тип на момче што ми се допаѓа. Интелектуален, скромен, интересен, згоден и привлечен. А Џолин ми е многу мистериозна и слатка.
Сега ја забележав темава.Според вашите позитивни критики и јас ке пробам да си фатам време да ја гледам серијава,гледам убава била,интересна.
Ja гледавте новата епизода? Јас не сум ја видела темава досега инаку имаше да коментирам како луда Спојлер Ја изгледав летово, ептен ми се допадна од секој аспект.Лизи е многу добар лик, не знам како ја немам гледано актеркава досега во други серии, а и ептен убава е.Ренингтон е одличен лик, актерот малку ми има иритирачка појава, ама сепак.Приказната е осмислена на ниво и актерската екипа во целост е одлична. Јас сега сум сигурна дека Ренингтон и е татко на Лизи, поради лузните на грбот, само не ми е јасно дали типкава во новата сезона што се појави, неговата жена и е мајка, зошто кога таа збореше како тој ја оставил не спомнуваше што се случило со детето после тоа. Со Доналд би ми биле убав пар, актеров малку ми беше мутав отпрвин ама сега е океј.
Јас ја гледав Спојлер Многу ми се допадна почетокот на сезонава, само се надевам дека нема премногу да тупат со Берлин и дека ќе почнат да убацуваат некои нови мистерии и уплеткувања. Иначе типчето ми е одвратно, таман го погодиле за улогата. Се надевам дека нешто сочно спремаат, затоа што уствари се' што се случуваше во првата сезона се сведува на ова. Таа жената не ја убација од нигде-никаде за џабе, ќе излезе нешто сомнително и со неа. Не верувам дека се појави само за Берлин да му се одмази на Ред. Има историја со неа во далечното минато пред 20 и кусур години, а тој период од животот на Ред е доста матен. Како и да е има таман доза неизвесност, ми личи дека ќе биде одлична втора сезона.
Оооо, одамна не е коментирано. Серијава кога излезе ми беше супер. Се случуваа различни работи, интересна беше, разни настани... Морам да признаам дека после некое време премина во некоја, како да ја наречам, рутина? Секоја епизода се лови по некој криминалец, има интересни настани, ама нема заземање на други правци во приказната. Последниве неколку епизоди се така, интересни затоа што се пак во фазон на првите епизоди. Џејмс Спејдер не го обожавав порано, глумеше претежно негативци и имаше нешто кај него што ме одбиваше. Во серијава е маестрален. Многу елоквентен, театрален,да ти е мерак да го гледаш. Некој тон на гласот и начин на зборување, абе театар. Ме нервира Меган, некако не ми ја бива баш, ама ајде, се навикнав. И толку смотан ликот и' го направиле, во секоја епизода ќотек јаде. Едвај чекам да ги видам последниве епизоди, разрешницата.
Ја симнав прва сезона уште пред 2-3 месеци, дури сега пред 1 недела ја изгледав цела што се вика во 3-4 дена. И јас навивам за Доналд и Лизи.. Сега сакав да почнам втора сезона, ама торент или сум тупа не знам да најдам или стварно нема.
Ја искрено уште ја гледам од надеж дека ќе бидне нешто помеѓу Доналд и Елизабет, инаку не ми е баш интересна Дај кажете некој ако има информација околу тоа барем да знам да гледам уште или да ја баталам
Серијата заврши (т.е. сезоната, за серијава не сум сигурна), јас ја изгледав цела сезона и во однос на твоето прашање - Спојлер не, нема ништо помеѓу Лизи и Доналд, ама не се откажувај зашто втората половина на втора сезона е сеопшта бркотница. Интересни работи се случуваат и станува многу непредвидливо и динамично, за промена. Just go ahead!
https://thepiratebay.vg/torrent/11956306/The_Blacklist_S02_WEB-DL_x264-FUM[ettv] Јас сум до првата епизода од втората сезона. Серијава најголем впечаток ми остави поради Редингтон, тој ја носи приказната на грб. Одличен лик, мистериозен, театрален во сосема доволна мера. Лизи на почетокот ептен ме нервираше, ама почна малку од малку да се оправа.
Ќе праќав и јас, чекав да се оправи thepiratebay. Како и да е, не испадна лоша втората половина од сезонава, а и да заврши серијата, нема да ми биде криво, крајот на втора сезона не е лош како крај и за серијата.