ЏАНАН (Canan), 2011 Според истоимениот роман на Пејами Сафа. По многу години, Џанан се враќа на местото од нејзиното детство, полна со омраза и предводена само од една цел – да се одмазди за болката и неправдата нанесена од страна на фамилијата која ја одгледала како дете и потоа ја исфрлила од својата куќа. Џанан, уште во раното детство е одвоена од својата биолошка мајка од страна на Ренгназ и одведена во семејството Карахан. Таа расте во преубава девојка, нејзината убавина не може да остане незабележана. За време на еден прием во куќата на Карахан, Џанан е силувана во нејзината соба. Единствениот сведок на овој чин е Бедија, која тврди дека ништо не видела. Џанан останува бремена. Семејството, на чело со Ренгназ ја осудува поради бременоста. Џанан се пораѓа, но Ренгназ го одвојува новороденчето од неа, убедувајќи ја неа дека бебето е мртво. Џанан е исфрлена и од нејзиниот сопруг, за која е претходно присилена да се омажи и завршува на улица. Исчезнува од животите на членовите на семејството Карахан и од животот на нејзиното момче, Селим, без објаснување. Години подоцна, Џанан се враќа заслепена од омразата и желбата за одмазда и го расветлува минатото. Но, во целиот тој процес на расчистување на сметките, Џанан наидува на неочекувани вистини кои ќе го сменат нејзиниот живот, во непланирана насока... Режија - Bahadır İnce Главни улоги - Dilara Yücel, Gamze Özçelik, Evren Bingöl, Erdinç Gülener, Gözde Türkpençe, Şemsi İnkaya
Џанан (Canan) [Канал 5)] Баш барав ваква тема, и еве ја. Ја гледам серијава, преубава е девојкава Убава серија, содржајна е барем така мислам засега. Сакам да продолжам да ја гледам. Џанан е дама со стил
Џанан (Canan) [Канал 5)] И јас барав ваква тема. Имам гледано неколку епизоди и сега за сега серијава ми остави добар впечаток. Баш ме интересира што ќе се случува понатака.Претчувствувам дека ќе биде интересно. Денеска ја пропуштив ама ќе надокнадам. Спојлер Инаку девојкава е навистина убава,мистериозна..
Џанан (Canan) [Канал 5)] Серијава ми е во стилот на старите добри шпански серии, полна со мистерии и интересно е тоа што дел по дел откриваат од минатото. Ама ако не сум грешка не е доснимена серијава мислам дека засега има само 22 епизоди. Глумицава ми е преубава ама за Селим можеле некој поубав глумец да најдат некако не си одговараат многу.
Џанан (Canan) [Канал 5)] Како за личност која нема гледано серија уште од времето на Млади Бунтовници, оваа ми изгледа интересна. Мислам дека ке почнам да ја гледам.
Џанан (Canan) [Канал 5)] Една од реткиве турски што ми се свија ама онака, ми заджува внимание. Па откако прочитав дека е снимана по роман, дефинитвно ќе продолжам да ја гледам.Добра е добра е ветува
Џанан (Canan) [Канал 5)] одвај ја чекам секоја епизода. Многу ми се свиѓа, има интриги, дејствие милина. Уште да не беше синхрознизирана ... Спојлер вчера кога кажаа дека Елиф е ќерката на Џанан ја останав подзината!!!
Џанан (Canan) [Канал 5)] Јас уште кога слушнав дека Џанан имала ќерка си реков Елиф да не и е? И после си викам не бе нема логика.
Џанан (Canan) [Канал 5)] А што мислите кој ја има силувано? Јас се сомневам на оној стариот со репчето Абдула мислам се вика или син му меѓу тие двајца се си викам. И синхронизацијата е одлична да не беше синхронизирана немше да биде интересна.
Џанан (Canan) [Канал 5)] Јас ја гледам серијава!Супер е А мислам дека Џанан ја силувал син му Абдула..
Џанан (Canan) [Канал 5)] И јас мислам дека е син му на Абдула, според реакцијата на Абдула и психата на синот тој ќе да е.
Џанан (Canan) [Канал 5)] Како да знаев дека Eлиф е ќерка на Џанан И јас мислам дека синот на Абдула ја силувал. Се ке се дознае..
Џанан (Canan) [Канал 5)] Прво бев сигурна дека е Шехир, мажот на Ригнас, но сега незнам или абдула или синот ми се мн сомнителни, манијачишта Не би се изнедалила и да е овој слугата Али се викаше мислам...незнам сеа сите ми паѓаат на памет. Али како и да е интересна серија
Џанан (Canan) [Канал 5)] Не ги гледав претходните мислам 2 епизоди, денес нешто погледнав. Елиф, на тој што го сакала во минатото ќерка му? Па нели таа имаше мајка што и починала, или таа не ја знае мајка си, туку татко и така и кажал. И од кај сеа дека Елиф ако е таа што мислам кога нели била силувана од некој? Од каде детето од саканиот тогаш? За силувањето штом вика дека Бедија видела, мислам дека е маж и.
Џанан (Canan) [Канал 5)] Селим се оженил со некоја ама немале деца, Елиф 3 години живеела кај некоја роднина од шоферот и потоа оваа Реигназ им ја дала нив демек за да им го спасела бракот
Џанан (Canan) [Канал 5)] И ја мислев дека Елиф и е ќерка, мислам турска серија мора да испадне најчесто среќен крај како Џанан и е биолошка мајка а по каква случајност Селим и е таткото што ја чувал цел живот И јас мислев на Елиф, ама не знаев дека е посвоена...
Џанан (Canan) [Канал 5)] Не ги сакам баш-баш турскиве серии,ама оваа и Лале и ги загледав.Интересни ми се и поразлични од досегашните. Интересна и е приказната ,барем сега од почеток,ќе видиме како ќе се одвива. Ако и овие почнат да замотуваат испреплетуваат ко останатите турски и шпански серии,ондак нема да ја ужива мојата гледаност . А иначе Плавуша,ја па баш колку што сум приметила Турскиве серии имаат трагичен крај бе...за разлика од шанскине.