ТЕМА: Доктор Оз (Doctor Oz) [Сител]

  • Во оваа категорија се дозволени само теми од типот Наслов на македонски (Оригинален наслов).
  • Пожелно е при отворање на тема да се стави слика (постер) од серијата.
  • Ако сакате да откриете детали од содржината на серијата, користете го BB-кодот spoiler за да го поставите тој дел од вашето мислење како скриен текст.

Мислење 04 Мар 2013, 17:31

Слика

Шоуто на Доктор Оз е едукативна и динамична програма, а Доктор Оз обработува повеќе теми во една емисија на начин разбирлив за широката публика. Тој открива нови информации за важните теми, инспиративни приказни и ги пренесува на само нему својствен начин. Заедно со водечките експерти од земјата, секој во својата област, Доктор Оз во секоја емисија обезбедува информации за подобро здравје, правилна исхрана, слабеење, како да останете млади во врската, како да се справите со конфликтот и стресот. Ќе дознаете што е нормално, а што не, како некогаш можете сами да си помогнете, како да ги препознаете предупредувачките знаци на болеста, како да го заштитите вашето семејство.

Две години по ред „Шоуто на Доктор Оз“ е добитник на наградата Еми во категоријата Најдобро дневно шоу од информативен карактер.

Доктор Мехмет Оз е кардиохирург, работи како потпретседател и професор на Колумбија Универзитетот и повремено изведува операции на срце.
Автор е на повеќе од 400 публикации од кои 6 се најдобро продавани книги на “New York Times”. Магазинот “Time” го стави на 8-то место на листата од 100 највлијателни луѓе, а “Esquire” го прогласи за еден од 75-темина највлијателни луѓе во 21 век.

Од денес почна на Сител во 16:30. Интересно шоу само што е лошо тоа што е синхронизирано.
Аватар на корисникот
Tanjus

Сино цветче
 
5515
Мислења: 240
Зачленет: 28 Ное 2009, 13:12

Мислење 04 Мар 2013, 17:40

Пак мора да има нешто турско :lol: се шалам секако,доктор оз го пратам на обн тв и можам да ви кажам дека човекот е жива енциклопедија,штета што го синхронизираат кај нас. инаку по потекло е од трција,но веќе 20тина год живее и работи во уса
Аватар на корисникот
ludoto19

Црвено цветче
 
113999888
Мислења: 5861
Зачленет: 01 Мар 2010, 04:05

Мислење 04 Мар 2013, 17:51

Баш сега го гледав човеков. Доста добро е ова шоу, поучно. Го гледав и на ХРТ мислам беше, а највеќе ми се допаѓа што се покажува преку видеа или игри и така полесно се памти.
Аватар на корисникот
bumbi

Сино цветче
 
230124
Мислења: 479
Зачленет: 03 Јан 2010, 23:15
Слика
Слика

Мислење 04 Мар 2013, 17:54

Јас на Хртв 1 го пратам, на сител ме иритира синхорнизацијата, незнам децава кај ќе чујат друг јазик освен турки па со синхронизацијава ни турски, ни англиски.
Многу интересна ми е емисијата и самиот концепт, има секакви случаи- многу интересни и необични.
Аватар на корисникот
Hipster

Жолто цветче
 
1237712756
Мислења: 4658
Зачленет: 08 Јул 2011, 19:21
Локација: Childhood...
If you don't get why by now, pal, you ain't ever gonna get it.
Frank Sinatra
:music:

Мислење 04 Мар 2013, 17:59

Многу корисни работи може да се научат од него , ептен како што кажа ludoto19 енциклопедија. :clap:
Аватар на корисникот
xoxo..gossip-girl

Сино цветче
 
630158
Мислења: 472
Зачленет: 04 Фев 2013, 21:08
Локација: Во свет полн со љубов.
You know you love me.

Мислење 04 Мар 2013, 20:04

Многу е интересно, и многу ми се допаѓа, конечно нешто интересно на Сител ТВ :)
Аватар на корисникот
Sunday-Rose

Сино цветче
 
3619
Мислења: 292
Зачленет: 30 Дек 2010, 17:33
There's just too much that time cannot erase....

Мислење 04 Мар 2013, 20:14

Браво за Сител,јас ке го гледам
Аватар на корисникот
vitomir

Жолто цветче
 
35162018
Мислења: 2095
Зачленет: 04 Ное 2011, 06:18
Локација: Скопје
Слика

Мислење 04 Мар 2013, 20:29

На Хрватската телевизија го гледам веќе скоро година.
Го сакам човеков многу. Научив многу работи. Ептен е корисен. И интересен е.
На Сител синхрозацијата ќе ми смета...оти не го доловува истиот ефект. И, нема да го гледам на сител.
Ќе си продолжам како досега.
Сепак браво што барем едно корисно нешто ќе пуштат. Малку да се едуцира народот.
Аватар на корисникот
Ilusionist

Зелено цветче
 
18731253
Мислења: 749
Зачленет: 14 Јун 2012, 16:06
Локација: Heaven Is a Place on Earth...
"Luck always seems like It belongs to someone else... " Слика

Мислење 06 Мар 2013, 01:37

Го гледам повеќе од една година на HRT1 интересна и доста корисна емисија каде можат да се научат доста корисни работи,исто го пратам и на официјалната страница на Доктор Оз.
Аватар на корисникот
CrystalNoir

Сино цветче
 
8420
Мислења: 381
Зачленет: 12 Јул 2011, 15:51
:) :) :) :) :)

Мислење 06 Мар 2013, 01:58

Го гледам подолго време на хрватска,сега на сител ми е многу глупо.Незнам зошто мора се да синхронизираат,ич не е интересно вака.
А за емисијата само пофални зборови,може многу да се научи од неа.
А и добро е што сител почна да го дава (каква-таква) важно ке гледа народот нешто корисно и поучно! :)
Аватар на корисникот
Mermaid90

Жолто цветче
 
9631276
Мислења: 1034
Зачленет: 27 Фев 2012, 19:35

Врати се на Серии и емисии

Кој е онлајн

Оваа категорија моментално ја разгледуваат: Нема регистрирани корисници и 31 гости