Бидејќи со се преводот на македонски целиот наслов беше предолг и не ми даваше така да го зачувам го напишав само на англиски. Спојлер Во серијава се работи за девојка по име Џун која се преселува во Њу Јорк за да ја работи својата професија од соништата. Но, на првиот работен ден на компанијата во која работи Џун, доаѓа до проблеми и компанијата се затвара а Џун е избркана од својот стан. Таа почнува да живее со една девојка по име Клои која обожава да се забавува. Од почетокот, Џун и Клои воопшто не се сложуваат. Кога Клои ќе се обиде да и го загорчи животот на Џун, тие завршуваат како најдобри пријателки. Мислам дека од денес почнаа да ја емитуваат на Фокс Лајф. Јас ја фатив некаде на средината и ме воодушеви. Кога ја видов на рекламата мислев дека нема да ми е по кејф но сум се излажала.
И јас ја видов на реклама и ми изгледа навистина интересна,но ја пропуштив денешната епизода? Може некој да ми каже кога игра и во колку часот?
Многу ми се допадна серијава, преинтересна е, едвај ги чекам следните 2 епизоди. Инаку игра во недела мислам после New Girl околу 21:30.
Незнам кога се емитува. Воопшто не забележав на рекламата. Интрото ми е многу интересно. За жал нема цела песна туку само тоа. Барав, барав, не ја најдов. http://www.youtube.com/watch?v=I7qzhYNZkzU
http://www.tubeplus.me/player/1974608/D ... rtment_23/ Еве кај може да си гледате онлајн, дека многу од нас неможат во тоа време понекогаш.. повелеле
Ја изгледав првата сезона пред некој месец. Добра е серијата, за тепање време. Едната цура е неодговорна, себична, размазена, другата амбициозна, малце контрол фрик, грижлива, па конфликти на два различни карактери. Меѓу нив и еден ванаби фејмоус актер, кој со своите постапки наликува на геј. Ептен вирд ми беше епизодата со татко и на Клои Најдобар лик, дефинитивно комшијата воајер, манијак. Спојлер Ама недостасува развивање на некоја посебна приказна, нешто што ќе те тера да ги пратиш епизодите
Ич да не се секирате, ја продолжија за уште една сезона, така да втора сезона сигурно ќе гледаме. Како што вика тефтерот, почнува баш утре. Така да, да видиме дали време да се гледа и понатака, Првата сезона не ме воодушеви ништо посебно. Спојлер Клои ми е интересна, ама па од друга страна Џун мие ептен мајка тереза. И да некои епизоди беа тотално неарелани, таа со таткото на Коли коа ќе се сплетка со Џун, па и раскинувањето на Џун со дечко и, и целата таа фрка со Клои некако неможам да ја сварам. Џејмс ми е гејче искрено. Не ме густа баш. Нови ликови сезонва и подбри интеракција меѓу ликовиве. Вака ептен делува сувопарно и набрзо досадано! _ И дефинитвно новава сезона е малку поинтересна него првата. Ми се допадна втората епизода, првата воопшто. Дали тоа Клои се заљуби? Интересено беше да се види за прв пат, она да биде зафрната и изиграна. Повеќе би ми се допаднало настаните да ги движат у тој правец
И јас ја загледав серијава, прилично е кратка, па најдов простор. Не сум нешто воодушевна, само за онака, за тепање време. Џун посебно некако ме нервира, во фацата ко пекинезер ми е. Клои е симпатична, иако не ја сфаќам баш фамата околу неа и зошто е она it girl. Се на се, ништо посебно.
Не ме чуди http://i.stuff.co.nz/entertainment/tv/8 ... -say-stars Дали ќе ја довршат до крај незнам, мислам има уште 2-3 до крај. Ептен глупости беа последниве.
Толку беше од серијава, м? Па немаше правец воопшто, само куп глупости нафрлани во една епизода. Има уште осум до крајот, ама ја повлекле од ABC и не се знае дали воопшто ќе се емитуваат. Ништо страшно и да не ги дадат, нема да жалиме.