Еднаш, многу одамна е американска серија (бајка, драма). Премиерата беше на 23 Октомври 2011 на АВС. Досега има излезени 4 епизоди од можни 22 од првата сезона. http://www.youtube.com/watch?v=Rga4rp4j5TY Ликови Јас сакав да ја гледам, но неможев да ја најдам онлајн. Дали некој ја има гледано? И дали некој планира да ја гледа?
www.sidereel.com Ја има тука. И јас не сум ја гледала, ама вака делува интересно, па кога ќе имам време ќе погледнам некоја епизода.
Јас ја гледам серијава т.е ги изгледав до сега сите 4 епизоди што се испаднати и можам да кажам дека е интересна серија, како да гледам некоја бајка
Ме заинтересиравте за серијава со темава, и седнав и погледнав 4 епизоди, и ми се допадна.Ги сакам бајковитите приказни,па и оваа серија не изостанува.Па како за први 4 епизоди, мислам дека е вредна за гледање, за понатаму ќе видиме Инаку ми се допаѓа глумицава што ја глуми Ема, интересна ми е
И јас ја загледав серијата додека се на пауза Вампирите и многу ми се допадна сите 7 епизоди ги изгледав за 2 дена. И да ве прашам на нет серијата ја има во понеделници или вторници? Спојлер Прочитав на нет дека овој шерифот/ловецот е жив. И ми е многу убав.
Ја изгледав првата епизода и интересна е, ќе продолжам да си ја гледам. И така се сега сите на пауза.
За серијава не сум знаела,сега видов прв пат тука кога случајно ја отворив темава. Ја изгледав прва епизода и баш ми се допаѓа,ќе си ја гледам интересно ми изгледа
Па скоро истата причина како повеќе од феминките, бидејќи моите омилени серии се на божиќната пауза, решив и јас да ексеприментирам со некој нови серии кои ги немам гледано! Уште од првата епизода, од првата реченица на филмот ме навлече да а гледам и препознав нешто ново и оригинално Признавам јас сум едно големо дете, обожавам приказни, да служам па и да раскажувам, can you blame me Ми се допаѓа тоа како неколку различни приказни се испреплетени една во друга!
Ау последнава епизода Спојлер Како бе умре Греам, а таман се сети. И тешко да ја победат кралицата кога они не ни веруваат во тоа, а само она ја знае вистината.
леле преуба е серијата,јас бев малку скептична пред да почнам да ја гледам,ама сега ко почнав не можам 4 епизоди наеднаш изгледав...сега одам да гледам уште
Баш си викав, да отворам тема за серијава ама дали ке има со кој да си коментирам.. Мило ми е што сепак има гледаност. Мене ми е доста интересна серијава, шознам пред се пошто навикнати да ги гледаме со среќен крај / завршеток, интересно е да видеме што ке бидне ако не се деси тоа. Морам да кажам незнам кој ги глумеше Пепелашка и Принцот, ама ич не ми беа за таа улогата. Ајде Пепелашка некако ке пројде, ама Принцот ми беше, како детенце. Детето (Хенри) ми е 5-ка, совршен за улогата ... и како и секое дете со бујна фантазија (која шо успут е реална). И да.. Спојлер Не очекував дека ке ми го убијат шерифот. Првите неколку епизоди се мислев кој е глумецот, зошто толку познат.. ама после
Juicystar07 или сестра и, не паметам која од нив, ме навлекоа на серијава. Од прва ми звучеше интересно, различно, и решив да ја гледам. Мене ми се допаѓа сега за сега.
Eве ме и мене,ја почнав и јас,сакам вакви необични приказни Bо првите епизоди и не ми беа толку интересни,ама затоа после се навлеков,вечер ке ја гледам најновата епизода,а едно не ми е јасно!? Hели во една епизода имаше како Mери Mаргарет се заљубува во тој принцот,и кога ке му се вратат секавањата за Kетрин,нели кога прикажаа дека првиот принц умре,па го донесоа овај близнакот кој што живееше со мајка му(е нели овај е со Kетрин) па тогаш со кого е Cнежана ако тој првиот умре и овај е со Kетрин? Aј нека ми објасни некој се мислам од сношти :geek:
Спојлер Mr. Gold колку тактички игра, ако е негативец, го обожавам. Знаев дека ќе и помогне да стане шериф. Има услуга за барање. Само итро.. И се воодушевувам на убавината на Regina Аххх..
Ау леле, многу беше добра новава епизода. Серијава се поинтересна станува. Рамплстинтскин е закон. Инаку Снежана го знаеше братот близнак, не правиот принц, она нели се виде со него откако овој се вери со Кетрин. Всушност братот близнак е тој што се вери со Кетрин откако го уби змејот, а потоа ја запозна Снежана. Вистинскиот умре уште на почетокот.
Eдвај чекам вечер да ја гледам новата,се заразив,многу ми е мило што ја видов темава и дознав за серијава,ја ставам мегу омилените Mорам да прокоментирам дека Pегина е многуу убава A и Принцот oд Cнежана е,да го грабнеш и....
да ве прашам нешто...Не знам оти вчера ја спуштив последната епизода 9тата ама денес кога влегов на замунда за да видам дали има излезено превод ги нема повеке порбав секако да напишам ама не можам да ги најдам не сфакам го тргнаја или....? ајде ако знај некој нека кажи или нека проба дали ке му ги извади