Значи серијава си заслужува тема. Една од моите најомилени серии на сите времиња, со незаборавни ликови и со премногу смеење. Фрејзер (англиски: Frasier) е популарна американска комедија чија главна ѕвезда е Келси Грамер, во улогата на психијатарот д-р Фрејзер Крејн. Келси Грамер ја има играно оваа улога околу дваесет години. Првата средба со ликот на д-р Фрејзер Крејн била во хит серијата Кафулето „На здравје“, која траела 11 сезони. По завршетокот на Кафулето „На здравје“, за овој лик била направена нова серија, а таа е Фрејзер, која што исто така има 11 сезони и е трет најпопуларен т.н. „спин-оф“ на сите времиња. Серијата е создадена и продуцирана од Дејвид Енџел, Питер Кејси и Дејвид Ли, во асоцијација со Парамаунт. Ова трио исто така ја создало и Кафулето „На здравје“. Серијата беше емитувана на Ен-Би-Си, од 16 септември 1993 до 13 мај 2004, и е една од најпопуларните и најгледаните серии на сите времиња, и кај гледачите, и кај критичарите. Има освоено рекордни 39 Еми награди. http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A4%D1% ... 0%B5%D1%80 Frasier: So are you suggesting that I go along and pretend I'm enjoying myself in something that gives me no pleasure at all just to hear the words I love you? Daphne: Why not? Women have been doing it for centuries. Mартин ми е дефинитивно најсимпатичниот и најшармантниот лик. Кој е вашиот? Споделете интересни моменти од серијата, а доколку не сте ја гледале веднаш да се фрлите на работа.
дефенитивно една од моите најомилени серии ако може некој да каже каде можам да ги гледам епизодите на веб-страна????????/
Фрејзер ја гледав кај нас ја даваа на некоја телевизија, незнам на која, но редовно си ја гледав. Прекрасна, пресмешна, и мислам дека една од ретките серии кои секогаш ќе бидат интересни за гледање и коментирање и по многу години, и различни генерации. Омилен лик, Најлс и Мартин и Еди најомиленото телевизиско куче после Рекс. И дафне ми беше многу слатка и откачена. А најдосаден лик ефинитивно ми беше Lilith, екстремно бледа и страшна ми беше дури Martin, when asked when Lilith's plane will arrive in Seattle, he says, "Her broom touches down at eleven." Најлс со неговите хитови Спојлер Memories....
Серијава,покрај мнооогуте други, е една од најквалитетните и најсмешни серии некогаш направени. Солиден хумор, глума и се, стварно вреди за потрошеното време. Најомилен ми беше:
Чудо од серија. Заслужува кај нас да биде многу погледана од тоа што е и беше. Има добиено 30 и неколку Еми награди што укажува на тоа колку е добро сработена. Јас ја пратев кога се емитуваше на Канал 5. Омилен лик ми е брат му, Најлс беше? И таткото! Многу опасно старо човече! Треба да ја вратат на екраните.
Јас сум моментално на 2 сезона, али морам да ви кажам пукнав од чекање додека успеам да ги симнам сите 11 сезони. Ги нема на торент, сезона по сезона така да сите вкупно 47 гига ги симнував али се исплати. Највеќе си го сакам Најлс, чудо од човек е. Значи неможам да кажам колку ме смеат моментите кога Најлс е таков безнадежно заљубен во Дафне, и гледа секој момент да го искористи со неа а во позадина е Фрејзер со саркастичните забелешки. Кога ги симнував сите сезони, имаше и некои додатоци, некои не ми беа занимливи али дефинитивно мораше да се симне една кратка епизоди, во врска со мистеријата околу Марис. И ова ти се вика гледаност и популарност: Season TV Season Rank Viewers (in mil.) 1. 1993–1994 # 7 15.82 2. 1994–1995 # 15 13.83 3. 1995–1996 # 11 13.04 4. 1996–1997 # 16 11.44 5. 1997–1998 # 10 11.76 6. 1998–1999 # 3 15.5 7. 1999–2000 # 6 20.06 8. 2000–2001 # 17 15.8 9. 2001–2002 # 16 15.0 10. 2002–2003 # 26 12.48 11. 2003–2004 # 35 10.92
Ајде сега фејс палм затоа што не сум ја видела темава претходно. Серијава е најдобра од најдобрите за мене, пред Пријатели ја ставам Ја загледав на Канал 5 и цела втора година средно во понеделник бев како зомби бидејќи со 2 и пол сабајле ги гледав репризите. Па кога ќе ме зезнеа тие идиотите и немаше да ги пуштат, се сум терала во три лепе. Среќа другар после ми ги даде на ЦД па ги прегледав сите епизоди уште еднаш. Животна желба ми е некој да ми ги поклони сите сезони, еве ако има некој волонтер.... Шала на страна, хуморот во серијата е дефинитивно оригинален. Спротивностите меѓу Фрејзер/Најлс и Мартин како слика на општеството се одлично прикажани. Најлс ми беше фаворит, заљубена бев во него. За смешни, сите ми беа смешни, луѓе од кревети сум паѓала од смеење. И сега кога ги гледам сликичкиве сакам пак да си ја прегледам серијата. На последната епизода мислам дека плачев, како идиот некој, ама што се однесува до мене можат вечно да ја снимаат. И да споделам еден линк, ова ми е фаворит од Дејвид Хјуд Пирс. http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... Nwj_n7ElQw
Алал да ти е за видеото, како сум се изнасмеала. Бисер е целиот. И јас се мислам да почнам да ја гледам пак, немам ништо за гледање, а новиве серии се покажуваат како доста глупи со хумор што се повторува.
Серијава, заедно со Everybody Loves Raymond и The Cosby Show се убедливи класици. Навистина добра серија, ја даваа порано навечер на Канал 5, знам се церев ко ненормална комшиите навечер ме слушаа Џејн ми е една од омилените глумици, тука во улогата на Дафне ми беше прекрасна. Еди срценце, повеќе не е живо, ама толку интелегентно суштество ретко се наоѓа. Колку беше само издресирано Мартин исто така со неговата хумористична иронија беше хит, каде и да се појави во друга серија или филм очекувам да биде квалитетна, предобар актер. За Фрејзер и брат му не коментирам, одлични. :up: Откако си дадов ултиматум да ги изгледам неколкуте стари серии, оваа е следната на ред, цела од почеток до крај.
Има reboot од серијава. Не е си истиот кастинг, само Фрејзер е, син му, синот од Најлс и Дафне, нив ги нема исто. Има две излезени епизоди, не се лоши, ама не знам уште. Ја гледаше некој?