Сара Мишел Гелер во главната улога. Серијава почна да се емитува годинава, се снима првата сезона. Се работи за две сестри близначки, Бриџет и Шивон, кои подолго време не се блиски. Едната од нив се наоѓа во ситуација да биде принудена, бегајќи од минатото да побара помош од другата и се среќаваат повторно. Уште при првата средба едната од нив исчезнува, а другата го превзема нејзиниот идентитет така сокривајќи се од минатото кое ја пргонува, а воедно помага и да го среди животот на исчезната, сите нејзини збрки и да ги исправи нејзините грешки. Сепак дознава дека и животов на другата не бил едноставен и лесен...Бриџет го превзема идентитетот и животот на Шивон и се соочува со тајните што ги криела. Врската со нејзиниот маж, неговата ќерка од предходен брак, најдобрата другарка на Шивон....се создаваат заплети. Овде се создаваат мистерии во врска со новиот живот, интересни необични ситуации. Мене првиве епизоди ми се океј, интересни ми се и има доста пресврти. Не е кој знае каква мистерија, има многу очигледни работи кои не би требало да бидат толку очигледни ама сепак ја ставам во серии со среден квалитет. Значи за тепање време. Плус Сара ми е многу мила. Па дали ја гледа некој? И импресии со сега?
Двојничка (Ringer) Јас ја гледам редовно уште од прва епизода Интересна ми е, поразлична и знаев дека Спојлер Бриџет ќе се заљуби во зетот, ама па и се сложуваат, треба да останат заедно и откако ќе се дознае вистината. Битн Бриџет сите успешно ги врти, а и сестра и не е полоша. Гени бе, гени Добра е серијава, само мора да пазат како понатаму ќе биде. Бриџет цело време има огромна среќа, цело време успева да се извади за се, ама не може да е така нонстоп. Ептен ме интересира мажот кога ќе дознае, која ќе ја одбере и како ќе реагира
Двојничка (Ringer) Па да знаеш, уствари ти ми ја препорача Можда си во право, но мислам дека и на тоа ќе му дојде крајот наскоро! И моето најнеизбежно прашање Спојлер зашто и зашто Шивон а направи целата збрка и зашто бега, океј сака да се разведе и сака поише пари да извлече, но мислам дека се крие нешто повеќе од тоа. И вика причината за која тие две се скарани смртно има врска со сликата со детето, чие дете е тоа??? само си погаѓам јас ама кузне што ќе излезе на крај
Новава не ме воодушеви,очекувам малку побрзо да се движи дејствието. Шивон ми е тотално нејасна, зашто го зема прстенот, не го сака Ендру, ама ни го дава
Спојлер Претпоставувам зашто љубомори што сестра и и зема се. И мене не ми е јасно зашто јка направи цела збрка, ама па и ако знаеме одма на почеток нема да е интересно
Јас не знам како успеаја толку да ја заплеткаат серијава, воопшто веќе и не памтам кој кого утепа, излажа, киднапира...
Баш ја уплеткаа, јас не ја пратам баш баш, абре се ми се измеша, а омилена ми беше од новиве мразам вака кога прават
Eте и јас почнав да ја гледам серијава,па за сега ми е интересна,леле колку ми е смешен овај Eндру со фаците кога ги прави
Е овие ја претераа, ако нешто ми е јасно сега, кој е кој што, главата на трупче ќе ја ставам. Лезбејка, убиец, ја натера ќерка и за пари да прави ненормални работи, другиве па бетер, незнам нависитна дали сакам да ја продолжат за уште една епизода. Имаа прекрасна замисла,ама ете што може да направи премногу бујна имагинација. Сепак, ќе продолжуваат со 2 сезона или не, некој знае?
Секако ќе има втора сезона, треба да се разрешат уште работи. Туку, не мораа баш во последната епизода се да разјаснат, затоа има 23-4 епизоди, вака можеа и со 10 да поминат.
^Секаде кај што читав за серијава, не пишуваше дали ќе ја продолжат за 2ра или не. Неизвесен и е статусот продолжување, рејтингот и опаднал доста, се чудам зашто И тоа да, 22 беа премногу за ова, следнат доста ни се и 10тина.
И официјално ја прекинаа серијава И оваа отиде во кошот прарано прекинати. http://www.huffingtonpost.com/2012/05/1 ... 10842.html Искористив периот на суша за серии, па ја прегледав уште еднаш, барем последните 5-6. И дефинитвно имаше потенцијал серијава, и многу работи сеуште не ми се јасни. Само многооогу периетии, абе секој со секого се мрази и му прави стапица за одмазда. Сара Мишел Гелер мене ми е прекрасна, одлично ја доловува улогата, т.е како Шивон ми беше поубедлива, ладна гразиоцизна убавина. Можеа поинаку да ја дотераат 2рата сезона, али ај.
Ceга само што ја барав темава,да прашам кога излегува втора сезона,а они ја прекинале E оти,баш добра серија беше