Серијава почнав да ја гледам само за да видам каква тематика има и морам да речам дека е добро осмислена, и сценографијата, времето на дејството, се е еден убав склоп што ме восхити и сега едвај ја дочекувам секоја епизода! Ми личи како хит да е во Турција ама не знам, а најискрено се надевам дека ќе ја пуштат поскоро кај нас, а и да не ја пуштат ви ја препорачувам да си ја гледате на нет зашто се наоѓа и со српски превод и со бугарски!
Карадаи (KARADAYI) атер за главните актери ја претрчав 1 епизода,ама нешто не ме фати одма за око.и ако не се лажам во 1 еп.ја нема Берѓузар?? или пак се појави ама како што скокнував сцени ја скокнав и незе можеби ќе и дадам пак шанса на серијава
Карадаи (Karadayi) еве тука можи да се гледа серијава,до сега има 17 еп.поставено http://www.balkanje.com/search.php?keywords=Karadayi еве и некоја слика,многу се убав пар овој Кенан и Бергузар,и тука е онаа што ја глумеше Изабела во величенственион
Карадаи (Karadayi) Дејството се одигрува во 70тите! Фамилијата Кара се среќна и сложна фамилија! На денот кога главниот лик Махир треба да се сврши со девојка од маалото, се ќе се промени! Таткото и глава на семејството Кара, почитуван умен и стрплив човек, ќе биде обвинет за убиство што не го направил, и треба да му пресудат смртна казна за извесно време! На тој ден Махир (бунтовен но праведлив по природа) ќе се откаже од својот досегашен живо, само за да дознае кој е вистинскиот убиец и да го спаси таткаси од бесилка! Влегува во судот како адвокат на пракса и лажно се претставува под друго име, зближувајќи се со главната судијка на предметот од татко му и подоцна вљубувајќи се во неа! За цело време пробува успешно да ја наговори да пронајде други докази што водат кон вистинскиот убиец, незнаејќи дека убиецот е точно меѓу нив и успешно ѓи сокрива трагите што водат кон него! Тоа е основата , па се надевам дека ќе погледнете за што се работи и ќе ви се допадне иако и јас не бев нешто посебно изненадена од првата епизода, сепак продолжив да гледам и приказната ја доживувам возбудливо!
Карадаи (Karadayi) Како што реков пред неколку дена и така направив, и дадов 2 шанса на серијава (пак ради актерите)и го сменив предходното мое мислење навистина интересна серија признавам од апсувањето на стариот па натаму почнува приказната и е многу интересна.моментално сум до 14 епизода,ама гледам на интернет само до 17 еп.ги има со превод,а јас се затрескав и сега ќе треба да чекам а гледам скоро цел месец немаат ставено нова епизода
Карадаи (Karadayi) на интернет ја има, не ја дават кај нас зашто е нова серија, сега почна да се емитува во турција. И ве молам до сите кои отварате теми за серии кои не се емитуваат на тв кај нас тоа да го наведувате во насловот.
Карадаи (Karadayi) Има многу теми отворени за серии што не се емитуваат на нашиве телевизии,не зборувам само за турскиве туку општо,никаде во насловот не е наведено дека таа серија не оди на македонскиве тв.мислам нема потреба од километарски наслови и си има пишано дека се надева ќе почни да се емитува и кај нас,а ако не препорачува да ја гледаме на нет,eте тука сите ќе сватат дека не се дава по нашиве телевизии
Карадаи (Karadayi) За тие што ја имаат приграмата АТВ-а може да ја гледаат и оваа серија која минатата недела почна и игра од пон-чет во 22 и 20.ЈАс ја имам програмава ама сеуште не ми е загледан убаво, може понатаму ќе биде поинтересна. Инаку во главните улоги требало да бидат ТУБА БУЈУКУСТУН (АСИ) и КЕНАН (ЕЗЕЛ), ама во последен момент оваа улога и ја дале на БЕРГУЗЕЛ бидејќи и требало добра серија за да се врати повторно на екраните после паузата од 2 години. Оваа серија е една од најнаградуваните серии во Турција, прогласена за најдобра серија и Кенан за најдобар актер. http://www.atvbl.com/tvprogram/2013/07/18/karadayi/
Карадаи (Karadayi) Ми се допаѓа содржината,само не ја преферирам многу судијката т.е Бергузар ама јбг го гледам на Хајат плус го даваат,се надевам ќе го пуштат и кај нас
Карадаи (Karadayi) Линкот ти е грешен. Еве го точниот http://www.atv.com.tr/ инаку гледајте ја серијава прекрасна е.
Карадаи (Karadayi) Polsko се извинувам не знам дека има некоја таква теевизија а карадаи ја даваат на турската АТВ па затоа помислив. Инаку оди и на Hayat TV!
Карадаи (Karadayi) Ќе може некој да ја раскаже накратко серијава и дали ќе заврши среќно т.е. дали Махир и Фериде ќе бидат на крајот заедно?
Карадаи (Karadayi) Е тоа никој не знае зашто серијата уште се снима. Вчера беше првата епизода од втората сезона .
Карадаи (Karadayi) Сакам да го дадат и кај нас,мада си го гледам со превод ми се допаѓа филмот,има убава содржина
Карадаи (Karadayi) Летово си ја запоставив серијава и конечно вчера продолжив да ја гледам,до 24 еп.сум,незнам како сум издржала толку време да не ја гледам серијава,секоја епизода е од интересна по интересна.И баш ми е мило што Берѓузар ја добила улогата,ако била Туба мислам не ќе можеше толку добро да го долови ликот на судијката Фериде,и со Кенан ми се нај убавиот турски пар
Карадаи (Karadayi) Не се согласувам со тебе дека Туба и Кенан немаше да бидат добар пар, напротив јас мислам дека Туба многу подобро ќе ја одглумеше оваа улога. Се надевам дека во некоја друга серија ќе ги видам заедно