Дали сте ја гледале емисијава и што мислите? http://www.youtube.com/watch?v=4Pboc0S7 ... ure=relmfu http://www.youtube.com/watch?v=aBslYwf- ... ure=relmfu http://www.youtube.com/watch?v=7C68XwFV ... ure=relmfu http://www.youtube.com/watch?v=sguOoNub ... ure=relmfu
Денеска ја гледав за прв пат оваа емија на македонски јазик само не знам кои денови се емитува и во колку часот,
Ги изгледав емисиите што сте ги ставиле ваму, ектра е ми се допаѓа. Добив заклучок дека шминката ја прави жената, џабе е и фризура и облека, без шминка, а и на Владо алал да му е , секоја чест. Абе сакам и јас
Ja пратам на youtube зошто не знам кога има на тв, сите емисии сум ги изгледала до сега ама не можам да кажам дека сум претерано воодушевена. Многу теткински фризури на млади девојчиња и не секогаш убави комбинации на облека, односно најчесто фустанчиња за кои мислам дека можеле да направат подобар избор. Само за шминката можам да кажам дека не ме разочарала до сега и на крај сепак трансформациите се видливи и фотографиите од владо изгледаат одлично.
Сега ја проверив програмата на Сител3 и емисијата се емитува во вторник во 12.25, четврток во исто време и во недела од 20.30 само не пишува во кој термин е премиерно прикажување, а кога е реприза.
пф јас и другарка ми снимаме бетер поубави клипчиња и сме поинтересни за гледање од овие. Водителите немаат веза, ништо интересно ни да кажат, ни нешто да имровизираат, скроз црно-бело. А плус ние си се сметаме за дебилчиња, па видете сега Концепт како концепт океј е, ама кога никој не знае како да го разработи и добро да ни го престави - џабе. Некако ми нема шарм и енергија, ми нема ништо освен скапи подароци и глупи реплики. Зашто бе, може поинтересно да и биде и на нив и на нас. А си мислам, мене да ми дојдат така и да ми понудат промена, како да ги откачам? Или да ги размрдам малку, ако нема бегање...
Слаб интерес за наши емисии...колку и да се копии на некои странски мислам дека се екстремно ретки и во сенка поради досадни серии кои се емитуваат по цели денови на телевизиите. бтв еве некои од трансформациите кои ми се допаднаа, иако делумно ми се допаѓаат. Во глобала некаде ми е ок само шминка, некаде само фризура, изборот на чевлите најчесто ми се допаѓа, но најретко облеката. Фризурата и мејкапот да..фустанот така-така Спојлер Доста интересна трансформација Спојлер Косата да, мејкапот просечен, облеката да за на фотосесија инаку не.. Спојлер Слатко... Спојлер Нежен изглед и интересен модел на фустанче Спојлер Oва е само мое лично мислење, во согласност со мојот вкус и никој не мора да се согласи!