Браво за Бобан полицаецот од Тетово, најмудра игра и најмногу среќа, ама и шема имал се памтел кој што имал во кутиите, во својата кутија имаше само 750 ден. а ја продаде за највисоката понудена сума досега 245.000, секоја чест! Ама знаеше точно кога да застане кога му останаа 750, 5 илјади и милион, овој ја прифаќа сумава и потоа го отвара милионот во број 13ка, хаха! Браво, ептен ми е мило! Со здравје да си ги служи парите
Доста интересен квиз, кој мора да признаеме Лила и те како знае да го води. На страна тоа што е стварно убава и негувана жена. Мене ми се свиѓа целокупниот пакет. :up:
Мене, срце ме заболе за оној што во прошлата епизода ги одби 100те илјади Ок. И 50те што ги зеде не се малку де, та со ич пари појден... пеесче - пеесче. Кој ти го дава. Мада.. ипак боли бе Се осеќа и преку телевизор таа болка, мада е претходно снимено
порао имаше линк од сител тв, таму беше објаснето се.Сега го нема, ми покажува страницата не е пронајдена. Мислам дека пријавувањето беше преку е-маил zabava@sitel.com.mk Име и Презиме: Адреса на живеење: Контакт телефон: Куса биографија и мотив за учество: ...ама незнам дали има сега
^Да, да тој е имејлот, баш вчера татко ми нешто ми збореше да сум го пријавела брат ми на квизот. Инаку татко ми веќе учествува на квизов, ама уште не му е дојден редот, сега кога ќе почне новата сезона му рекле дека е некаде седми по ред. И мене па сакал да ме носи во публика, а јас никако не сакам да идам бре.
а на татко ти му се јавија по телефон или добил повратен маил? зошто и јас се имам пријавено ама немам никаква информација.
Право да ти кажам татко ми одамна се пријави, можеби пред пола година и повеќе, јас го пријавував на страната на Сител имаше посебен дел за пријавување на квизот и оставаш број мислам и после му се јавија за да оди на кастинг и така.
^ Aj уште еднаш пиши дека ќе почне, за секој случај, можеби некоја не прочитала. Или пак, ако имаш среќа, може некој од Шител ќе прочита и ќе стават уште некоја од турските мозоко-пералки за чисто онака, да не бидат само квизови, нели оти многу ги имаме по телевизииве наши.
Не ми се допаѓа новиот концепт на квизов. Лошо е што има помалку кутии и помалку суми. Забележав дека повеќето од натпреварувачите што останаа од минатата сезона, ги нема.
Таман кога јавните запросувања преку глава ми дојдоа, ете ти пак. Ама ако, овие слатки ми беа, што знам... Дечкото ми е многу симпатичен, а и многу возбудени беа, се гледа дека се среќни иако не се заедно многу долго, и мене ме заразија со среќата нивна. Прво мислев дека е наместено и дека девојката знае, ама кога го видов типот колку е возбуден и како и се тресат рацете на девојката, сменив мислење. Навистина беше изненадување Многу слатко Инаку онака за квизот... не е лош, го гледам кога немам што да правам. Сега се намалени кутиите и големите суми, ама мислам нормално е, сега секој ден го даваат. А навечер ги даваат старите натпреварувачи, понекогаш кога ќе начекам гледам. Пред некоја вечер баш го гледав Петре(мислам дека беше) и ми се идеше да влезам во телевизорот и да и вржам еден шамар на таа жена му. Намќор невиден. Па кога веќе си дошла да му бидеш подршка контролирај се и внимавај на однесувањето. Го избрука човекот
Многу ретко го гледам квизов. но за оние кои го гледаат редовно имам едно прашање дали некој досега го има земено милионот.
Девојкава значи стварно не знам како ја прифати понудава. Во игра беа милион, 100 000 и други високи суми, а таа прифати околу 50 000. За оние кои не видоа, милионот беше во нејзината кутија. А, Лила многу ми оди на нерви. Порано ја сакав, сега ко отупена ми е.
И јас се мн изнервирав поради девојчето.Не знам поради која причина прифати 50 000 денари,кога во игра беа 1 000 000,100 000 па и 35 000. Што е тука е. Новиот концепт баш не ми се допаѓа.За Лила шо да се коментира,монотона е.Секој ден исти прашања,исти гафови..