1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Поле на лалињата (Lale devri) [Пинк 15, Канал 5]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од eli25, 19 август 2011.

  1. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.655
    Допаѓања:
    121.701
    Наскоро на Канал 5 со емитување ќе започне турската серија "Lale devri", оваа серија е специфична поради тоа што главната улога во првата сезона и припадна на популарната пејачка Емина Јаховиќ.

    "Поле на лалињата" е турска теленовела која со прикажување во Турција започна во септември 2010 година. Во почетните епизоди на серијата главната улога и припадна на атрактивната пејачка Емина Јаховиќ Сандал. "Ова ќе биде голем предизвик за мене и многу се радувам. Се работи за главната женска улога, девојката Лала, која е пред голем животен тест", изјавила Емина откако ја добила улогата. Се работи за една од најскапите турски серии, снимена на локации во Истанбул и Бодрум. По 17 снимени епизоди, Емина ја напуштила серијата. Наоколу се зборуваше дека таа ја донела оваа одлука поради слабата гледаност и хонорарот кој и го смалиле, но сепак вистинската причина е затоа што повеќе не можела да го издржи темпото на снимањето кое започнало да се одразува на нејзиниот социјален живот, но и на работните планови. "Точно е дека ја напуштам серијата затоа што не можам да го издржам темпото на работа кое ми е наметнато со таа улога. Однапред ме предупредија дека ќе се работи многу, но не знаев дека ќе снимам седум дена и седум ноќи. Мојот договор не дозволи така лесно да ја напуштам серијата, но поради кризата на Show TV ни ги намалија хонорарите за 20 проценти. Никогаш не би напуштила нешто во кое сум верувала поради пари, но признавам дека тоа во овој случај ми помогна да го прекршам договорот. Немав време да го видам своето дете и сопруг, со месеци немам социјален живот и не го завршив дуетот со Наташа Беквалац. Барав да ми ги намалат обврските кон снимањето, но тоа беше невозможно поради тоа што се работеше за главната улога и затоа мојот лик Лала трагично ќе настрада. Потоа шоуто го менува насловот и од Show TV преминува на Fox", изјави пејачката и актерка Емина Јахович.

    Серијата зборува за љубовта и омразата меѓу две фамилии, Таскиран и Илгаз. Фамилијата Таскиран е стара и богата фамилија во Истанбул. Откако умира таткото, мајката започнува борба за да го задржи угледот на фамилијата и да ја спаси компанијата од банкрот. Фамилијата Илгаз е конзервативна фамилија од Анталија, богата и многу успешна. Контролата ја држат мајката и вујкото и се спремни на се за да се одржи фамилијата како што им одговара на нив. Проблемите настануваат кога Илгаз се доселуваат во Истанбул и започнуваат да се откриваат тајните од минатото. Лала Таскиран и Цинар Илгаз се вљубуваат еден во друг и тајно се венчаат со што се зголемува омразата меѓу двете турски семејства.
    [​IMG][​IMG]

    Инаку серијата почна на Пинк 15,ја прекинаа па ја почнаа од почеток,а сега и наканал 5,ама за жал-синхронизирана :worried: Ја направија како продолжеток на сестри што играше на канал 5[​IMG]
     
    На mileystar му/ѝ се допаѓа ова.
  2. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.424
    А термините кои се? И на канал5 и на пинк15?
     
  3. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.111
    Допаѓања:
    100.240
    Пол:
    Женски
    На канал 5 од утре во 19 и 45 а во работни денови после Стаклен дом. На Пинк не сум ја глеала, ама ја гледав на нет и многу е убава, гледајте нема да зажалите. Штета што и србиве почнаа да синхронизираат, а таман најдов страна со српски превод сериите.
     
    На The-Queen му/ѝ се допаѓа ова.
  4. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.424
    А страната да ја споделиш? :)
    Досадна сум знам
     
  5. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.111
    Допаѓања:
    100.240
    Пол:
    Женски
    http://www.vbox7.com барај Polje lala. инаку серијата има 37 епозиоди ( првата сезона ), а втората почна да се дава во Турција на 06.08.2011 така да колку ќе гледаме ние не знам. Ама ме нервира што даваат недоснимени серии, па чекаме сезони па дали ќе ги откупат. Или нека откупуваат цели серии или нека не откупуваат воопшто.
     
    На ocila и The-Queen им се допаѓа ова.
  6. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.424
    Ја гледав синоќа, не е лоша, типична забранета љубов :D
    А куќата во која живее Лале нели е од Ѓумуш, Мехмет живееше во неа? Или мене така ми заличи :?:
     
    На lolita97 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.111
    Допаѓања:
    100.240
    Пол:
    Женски
    Истата куќа е.
    Инаку на пола серија Лале умира, зашто турците толку биле кивни на Емина Јахович зашто не е турчинка, а они си имаат нивни глумици, што морале да ја тргнат. Па за да ја спасат серијата за која во турските медиуми се пишуваше дека е една од најскапите снимани, мора да ги спојат со Сестри.
    Колку што успеав да видам убава серија е, па планирам да ја гледам ако е сеихронизирана.
     
  8. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.690
    Jaс ја гледам на пинк 15.Убава серија,и баш се израдував кога ја видов лепотицата Емина Јахович,а и многу убаво глумеше,ама ете ја сменија,т.е. сама се откажала,и сега главна улога е онаа Топрак од сестри,од нејзе ми се одгледа серијата[​IMG].
    Инаку интересна е и истата куќе од Гумуш е,како сме приметиле :lol: А и Србиве почнаа со синхронизација,до скоро беше без :doh:
     
  9. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.424
    А кое време ја даваат на пинк15?
     
  10. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.111
    Допаѓања:
    100.240
    Пол:
    Женски
    Зар ја даваат на Пинк 15. Никад не сум ја фатила. Додуша не ни го гледам тој канал многу ама сепак ќе сум фатела нешто :lol:
     
  11. Sanji4ka21

    Sanji4ka21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2010
    Пораки:
    428
    Допаѓања:
    88
    За пинк 15 не знам,но знам дека ја даваат на пинк плус во 17 и 45.
     
  12. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.424
    Ни јас не сум ја фатила, маца99 рече таму ја гледала :?:
     
  13. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.690
    ^Леле се извинувам многу,на пинк плус ја гледам,сум се смешала,направив збрка сеа :tmi:
    Пинк плус околу 17,50,18 часот.
     
  14. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.690
    Колку јака е само оваа Зумрут!
    Подобра и oд главните улоги.Пример-и на стари години пошто сигурно е 45,50 ,може да се изгледа јако добро. :clap:
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На klinkata му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    Леле многу ми е јака серијава.
    А и таква модерна ми е,ко америчкине.
    Лале,Зумрут и сестра и (незнам како се викаше) секогаш се ПРЕКРАСНО облечени и нашминкани!
    Затоа уште повеќе ме привлекува да ја гледам :rofl:

    Иначе не ја избркале,Емина сама се откажала од серијата, и било демек напорно и дете да чува и серија да снима :wasntme: .
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.655
    Допаѓања:
    121.701
    Една недела не гледав-на пинк плус и не ми е јасно :wasntme: Топрак со дете,чие е ,што како?
    Последен пат гледав откако Лале дозна дека и фирмата на Чинар учествувала во лицитацијата и дека најверојатно чичо му на Чинар ги пратил сликите со Зумрут за татко и на Лале да се самоубие.
    Сабајле на пинк плус дава епизода со Лале а сега со Топрак |(
    Што се дешава?
     
  17. Chocoholic

    Chocoholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    747
    Допаѓања:
    987
  18. dragan4eDR

    dragan4eDR Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    977
    Допаѓања:
    213
    Пол:
    Женски
    многу е добра серијава емина не требаше да се откажеше од улогата :)))
     
  19. Beauty161

    Beauty161 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    316
    Допаѓања:
    134
    Пол:
    Женски
    Лелее се изнаплакав кога умре...абре што да се прави таква сум...ништо не се може ..:D :D
     
  20. Ligavka

    Ligavka Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 септември 2011
    Пораки:
    225
    Допаѓања:
    88
    Ceријата е многу добра е посебно глумците од кој морам да го издвојам Чинар, многу е убав и ми се допаѓа каква почит има спрема сите а најмногу спрема сопругата го обожабам :inlove: :) :$ :inlove: