Јас пред некој ден ја загледав, мислам една епизода со тие сиромашните деца, нешто и со Белград беше поврзано и додека ја гледав мислев филм гледам и секако како и вообичаено, ако гледам филм, секогаш од средина почнувам да гледам никако од почеток, шо ќе ми е, битен е крајот и така си се загледав, после од кога заврши видов дека е серија Само тоа видов, а интересна ми изгледа, а кога ја даваат? Оти појма немам, случајно ја видов
па нема некое одредено време кога ја даваат...некогаш 23.30 па во 00.00 или 01.00 се во различни термини ја гледам
Серијава ми е омилена, најинтересна од сите досега и нормално, една од најсмешните незнам зошто само 1 страна има во темава, кога сите во - Зависна сум од серијата ... коментираат дека се од оваа.. Инаку ја има на AXN од понедлник до петок во 20:10 а моментално е 12 епизода од 3 сезона http://www.1channel.ch/tv-10421-Leverage овде подолу ги имате сите епизоди и кога ќе кликнете на нив се појавуваат линкови за гледање почнав да гледам во средината на 2 сезона, па сега ќе ја догледам 3 сезона на АXN бидејќи има уште 7-8 епизоди, па потоа ќе почнам 1 сезона да ја гледам онлајн, па потоа 2, 4 и на крај 5 а на канал 5 (ако уште ја даваат) мислам дека би требало да е завршена 3 сезона, или уште ако ја има (бидејќи незнам кога ја даваат) веројатно е во последни епизоди од 3 с.
^ Аман, уште ја даваат? Знам дека ја прекинаа одредено време па сега изгледа нова сезона ќе да е. Мислев да си ја симнам и изгледам од почеток бидејќи ми е интересна, а и со интересен (Робин Худ) концепт. Се пишманив кога видов колку сезони има. Слободното време ми велеше да не ја симнувам
Многу добра серија. Епизодична, но со возбудливи и интересни случки. Ја препорачувам на сите кои сакаат акција, хумор и помалку интрига.
Ах, серијава. Само што ја завршив последната сезона, и дотрчав тука да исчитам коментари за серијата, ама некако слабо. Значи мене серијава ми беше многу освежителна, како што во последно време никако да најдам серија што ми одговара, оваа беше полн погодок. Убаво осмислен концепт, ликовите се скроз погодени, освен Нејт кој ме нервираше многу пати зошто многу се преценува, знаеше да зафркни работа, да ја напраи големата. Омилен лик - Паркер. Кога се работи за крадење како мачка е, не можеш да ја сетиш.. додека онака ми е многу трапава и смешна. Само ми фалеше секс во серијава, овие Нејт и Софи и така ги неќев, ама Хардисон и Паркер ко тинејџери што се вика, во врска се ама само со држење раце. Бацување само кога е потребно во тоа заверата што ја коваат. Све у свему, многу добра серија.