Љубов и казна - турска хит серија Од понеделник Во понеделник, 21.00 часот, започнува новата турска хит серија "Љубов и казна". Потресна приказна која ги обработува конфликтите на традиционалните вредности со модерниот свет, приказна која зборува за семејствата што нејчесто своите криминални тајни ги кријат со помош на традицијата и богатството. Главните ликови се доловени од истакнати актерски имиња познати и за македонската публика. Од вторник серијата ќе се емитува во 20.00 часот, ова ќе биде нејзиниот редовен термин. Извор: Spoiler http://www.sitel.com.mk/tv/serii/ljubov-i-kazna-turska-hit-serija
Љубов и Казна [Aşk ve Ceza] јас реков дека нема да ја гледам, не поради нешто друго туку зашто повеќето турски серии имаат никаков крај. Не се знае можеби ќе се предомислам ако почнат моиве да ја гледаат па да ме навлечат и мене.
Ма каква и да е, јас решив да не ја гледам, денес со паѓањево на лисјава, ја завршувам сезоната на турски серии, НЕМОЖАМ ВЕЌЕ!!! се полоши и полоши се новиве.
Ја гледав последната епизода од Лисјата и после одма кога завршија Лисјата ја пуштија оваа новата турска серија. Не планирав да ја гледам ама реков ај ќе ја изгледам само првата епизода колку да видам за што се работи, и серијата ми остави позитивен впечаток.
серијата е прекрасна, но сихронизацијата ја уништува. Јас ја гледам на нет ја има со српски превод а зборуваат оригинал. Преубава серија е. Плус србие не ги кратат на пола сериите туку се дадени целосно како што и треба. Побарајте на youtube ljubav i kazna и ќе ви излезат сериите.
Е како ги фати Јасмин овие кога не живеат заедно.. глупости Еве ви страна за гледање онлајн со српски превод за сите што не ви се чека. http://www.natabanu.com/serija/ljubav-i-kazna.html
И јас велев нема да ја гледам, ама првата епизода ми остави убав впечаток. Вчера не ја гледав, ама секако на сител даваат пола од претходната епизода. Кога ќе имам време ќе ја гледам, не ветувам ништо!
Не ја следам и нема, од тоа малку што видов зпариметив доста сличности во сцените со Лисјата и Шехерезад, најверојатно на исти локации снимаат, само ептен ми е чудно што и во оваа серија има лик кој личи на Керем и живее на брод... многу слично, а да се задлабочам ќе најдам уште сличности гарант.
Ја загледав и интересна ми е како за почеток па за подоцна ќе видиме ако не ја затупат и да ја утнат!
Јас ја загледав онака штознам иста е ко Шеќерната, богаташи, сиромаси, како што кажа една членка погоре, да, има доста сличности, некако не ми е интересна, сеа да не зборам па после да фатам да ја гледам ама не не ја гледам, е ај сеа секоја да ја гледам и нема да се тргнам од телевизорот Реков еднаш нема да гледам серии, ама па те ме добро, онака информативно сакав да видам што толку ја промовираа
Серија можна серија на сител се рекламира како да е нешто најдобро во светски рамки. Така и за оваа. Нормално дека не ја гледам, синхронизацијата е ужасна и не ме влече серијава да губам време.
Со право ми ја фалеше, ств ме заинтересира... само се надевам дека нема да стане прелимонадеста за мој вкус како шо ми се деси со 1001 ноќ.
нема врска со 1001 ноќ. Верувај серијава на моменти ќе се расплачеш, па ќе се згранеш од тоа до каде може да оди слепото пратење на традицијата, и ќе те разнежни од љубовта меѓу Јасемин и Сабах мислам се викаше. Преубава е само ако можеш гледај ја на нет со српски превод зашто емоциите не можат да ги доловат нашиве глумци.
Да, да така и правам за да можам да си гледам Каде е ќерка ми од 8 и пол . Инаку сега како одат епизодиве се' повеќе и повеќе ме заинтересира. И многу ми се допаѓа што го одбрале баш Бодрум за почетокот на авантурата меѓу Саваш и Јасемин (кој бил некогаш, знае каква е атмосферата таму баш погодена за ваков емотивен и мистериозен почеток на една љубов, самиот Џем му рече „ваква приказна најмногу му прилега на Бодрум“). И да, вистина е она што му го рече Саваш на другар му Џем, во Бодрум и донекаде Истанбул не се истите Турци за кои знаеме, традиционалните (немам ништо против традиција само правам споредба). Особено Турците во Бодрум се посебно изненадување, премногу се современи, повеќето од нив имаат повеќе години живеено во Америка или некоја од европските земји исто како и Саваш (иако тој не е оттаму)... Инаку мене сега ми е премногу жал за Чичек, баш е како жртвено јагне, се надевам ова искуство нема да ја направи лоша, барем досега ми остави добар впечаток. Исто се надевам дека нема да се заљуби во Саваш пошо нели ја си навијам уше сеа да си остане со Јасето
Ејјј вчера зборував со една колешка од Истамбул и баш падна тема за серииве нивни па ми кажа дека тој глумецот Мурат што е во главна улога во серијава и бил подалечен роднина. Инаку серијава интересна е али и кратка, има некаде околу 60-тина епизоди што е до некаде и добро. Нема да ја отупат со години како лисјата. А и гледам некако брзо се одвиваат настаниве, ја загледав првата епизода пред некој ден и после тоа не гледав и денеска на ручек ја фатив репризата и гледам хаос, илјада случки биднале...
а ме интересира како ќе се сретнат јесемин и сабахат нека ми каже некој ја не можам овие денови да гледам на you tube а за серијава немам зборови на некои моменти е поинтересна дури од лале (така кажав зш гледам и лале и љубов и казна)