Забранета љубов (Ask-i Memnu) Број на епизоди: 79 "Љубов и солзи" е турска теленовела во 79 продолженија, која изобилува со раскош, убава музика, убави глумци и магична љубовна приказна. Многумина ја споредија и ја нарекоа турска Династија. Како главна машка улога се појавува Киванч Татлитуг (Мехмет од Ѓумуш). Серијата е адаптација на романот на турскиот автор Халит Зија Ушаклигил, но наместо дејството да биде сместено во 19 век како што е во романот, овде дејството е сместено во денешен Истанбул. Кратка содржина: Приказната се врти околу младата и убава Бихтер, која ја презира својата мајка, манипулативната и алчна Фирдевс, бидејки смета дека таа го изневерува својот татко со друг маж. Откако нејзиниот татко ќе дознае за неверството на својата сопруга, доживува срцев удар и веднаш починува. Бихтер, желна за одмазда, го заведува Аднан, љубовникот на нејзината мајка и ќе се омажи за него. Аднан е дваесет години постар од Бихтер, кој по смртта на првата жена, живее во раскошна вила во Истанбул со својата ќерка Ниxал и посвоениот син Бехлул. Бехлул е внук на Аднан, згоден млад маж, кој важи за голем заводник и е склон кон ноќниот живот, жените и пороците. Oна што Аднан не го знае за својата убава и млада сопруга е дека Бихтер всушност е со години заљубена во Белхул, уште од ноќта кога се забавувале и спиела со него, а тој ја откачил како што прави со сите жени всушност. Доаѓањето на Бихтер во куќата на Аднан означува почеток на една мистична и незаборавна љубовна приказна, која ги поврзува тајните и лагите, неверството и силната желба за одмазда. Улоги: Beren Saat, Kıvanç Tatlıtuğ, Nebahat Çehre, Selçuk Yöntem, Hazal Kaya, Batuhan Karacakaya, Zerrin Tekindor, Nur Aysan, İlker Kızmaz, Ufuk Kaplan, Recep Aktuğ, Zerrin Nişancı. Baran Akbulut http://www.natabanu.com/serija/strasti-orijenta.html И овде можете да ја гледате серија јас ја изгледав целата серија и многу ми е интересна Спојлер http://www.facebook.com/Aksimemnu.Macedonia
Забранета љубов (Ask-i Memnu) имаш ли некој друг линк, на овој несака да ми ја отвори серијата? по ова што си го напишала изгледа како интересна серија, би сакала да ја изгледам набрзина
Забранета љубов (Ask-i Memnu) Леле серијава. 10 епизоди изгледав во 2 дена не сум нормална ама Киванч ( Белул) ми е слабост. Гледајте ја додека ја има на нет со српски превод засто кај нас ќе ја укакаат со синхронизација. Препорачувам. Јас ја гледам по втор пат ама типов заслужува!
Забранета љубов (Ask-i Memnu) Што мајка ме траше вчера да ја видам последната епизода. Оф леле кутра Бихтер. Ама на некој начин и сама си го искомплицира животот Спојлер можеше ако сакаше да му каже све на Аднан и да си биде со Белул ама мајка и ја уништи со нејзините совети. Она го сакала Белул и додека он одел со сестра и.
Забранета љубов (Ask-i Memnu) хеххе, да физички е убава за нејзини години е топ, ама карактерот во серијата и е катастрофа, се она знае, се и смета, само дрдори нешто, неможам да ја слушам, да бев таму ке ја задавев
Забранета љубов (Ask-i Memnu) хаххаха, ако не е турско, ке биде друго, шпанско, индиско и сл, важно нешто да се гледа туку што мерак ми се направи кога мадмуазелллл и вржа една шлаканица на фирдевс, време беше некој да ја замолчи
Забранета љубов (Ask-i Memnu) дефинитивно најодвратна ми е Катја слугинката. Уфф се ежам кога ќе ја видам. Кај најдоа толку ружно створење бреее. А и овој Аднан толку е слеп дека Бихтер и Белул се сакаат?? Страст пршти на све стране он на 3 и пол се прави?? Бог да чува!!!
Забранета љубов (Ask-i Memnu) Ја се навлеков на серијава!! Тешко мене. Ајде еве ви едно клипче уживајте. http://www.youtube.com/watch?v=XGYDFJ0a ... 41A1EAA89F