Иако прво беше најавена како „Сестри“, новата турска серија на Канал 5 после неколку дена си доби ново име и тоа „Пет сестри“, веројатно отпосле се сетија дека веќе емитуваа серија со првото име. Ова е приказна за пет сестри кои по загубата на своите родители, остануваат сами да се борат во животот. И покрај тоа што некогаш се караат, тие секогаш се тука една за сите и сите за една. Најстарата сестра Елиф е дваесетгодишна студентка по право која ја има улогата на мајка и татко за останатите. Средношколката Армаѓан има 17 години и е бунтовна, силна и со диво срце. Петнаесетгодишната Јелиз е тинејџерка која е загрижена со училишните проблеми и сака да стане популарна меѓу другарките и покрај малкуте пари кои ги има во нејзиниот паричник. Билге е 12-годишната сестра, страстен читател, одговорна и пред неа се наоѓа нов период во животот, пубертетот. Најмалата е Кансу, шестгодишно слатко девојче која е многу чувствителна и која многу ја сака музиката. Овие сестри секој ден го почнуваат со љубов и борба за живот, живеејќи во куќата во која работеле нивните родители. http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... YjXMLDafr0 Спојлер ако има ваквa тема слободно клуч
Serijava na turski se vika KÜÇÜK KADINLARI sto vo prevod znaci malecki zenicki i e snimana vo 2008 god i vo glavnata uloga e elif od pod senkata na vrbite sto igrase
Елиф ос под сенката на врбите??? Јас па мислам дека ја забележав Лејла од Кога лисјата паѓаат Изгледа имам бујна фантазија!! И на една слика на нет мислам дека го видов Махир Ако е со Махир серијава најдобра е, одма ја гледам
Ми се допаѓа серијата. Планирам редовно да ја гледам. Интересна е. Ме потсека на Кога листовите пагаат, фамилијарна серија Не им ги знам имињата на ликовите уште, ама ако некој знае што ке се случува понатака во епизодите нека открие? Инаку симпатичен е дечкото (тој богаташот) хаха што и се пушта на најстарата сестра и новиот комшија шт се рчка со "машкуданката"(така ја викаат), за 2рата сестра мислам . Инаку таа глумица многу (ми) личи на Мила Кунис, нели?
Спојлер Серијава во Турција имале 3 сезони.Понатаму навистина е многу тажна.Елиф (најголемата сестра) ќе умре . Незнам точно во која сезона Џансу ќе избега од дома многу долго време и ќе ја киднапира многу лош човек.Утку ќе оди во Лондон.А крајот ќе биде среќен.Мустафа (таткото на девојчињата) го нашла медицинска сестра (или медицинска сестра или некои луге го нашле и го предале на медицинска сестра) и откако ќе закрапне оди кај девојчињата!
Спојлер Значи знаев дека е жив таткото од сам почеток. Тоа што не сакаа да го дадат телото на семејството ми беше доволно сомнително. Инаку серијава и` се свиѓа на цела фамилија сем на мене. Од друга страна пак, со Притаени страсти имаме обратна комбинација-само јас ја гледам. Ме нервира глумата на девојчињата. Катастрофа. Или синхронизацијата си го прави своето, ај да не грешам душа. Малку ми е нереална Спојлер 5-6 души не успеаја да утепаат еден сам човек , али нејсе. Онаа со репчено највеќе ме тера да сменам канал. Што ја сака тој шо студира во странство. Абе не можам да ја варам еј.
Девојки неколку епизоди не ги гледав и сега не ми е јасно нешто видов на рекламите Јелиз плачеше,а овој тетин и се закануваше нешто да остане и на никој да не кажува ништо ќче ми каже некоја на кратко
Јелиз возеше автомобил ,а малолетна е .И направи мала сообраќајка..односно автомобилот се стркала во една удолнина.Ама еден човек ги видел и затоа Јелиз плачеше.
Во четвртокот и петокот не стигнав да ги гледам епизодите. И денеска гледам пресврт, неможам да сфатам што се случило. Што се случило зашто Јелиз е во болница? Се отрула со апчиња или исекла вени? Нешто и направил чичко и, ја силувал?
Сакаше да се самоубие ,си ги исече вените. (најверојатно,на реклами гледав ) Јас неколку епизоди по ред немам гледано... Ама пак кога прочитав што ќе се дешава понатаму се мислам дали уште да ја гледам или не...
Редовно ја гледам,единствена турска серија која моментално ја пратам поради Утку Се надевам дека нема да ја направат со 200 епизоди па да ми се здосади
Во оргинал серијава има 120 епизоди по 90 минути, а како што ги кратат кај нас и ги даваат по 45 минуси сигурно ќе има 240 а може и повеќе
Ја силуваше гадот додека беа сами дома и и се закани дека ке им се одмазди на сестрите, и да не кажува на никого.