Моментално се емитува втората сезона. Ја даваат од понеделник до петок накај 12 и 30 по полноќ. Значи вака.. Во емисијата има едно женско (модел), кое што треба да избере од 18те мажи, само еден. Но, таа не знае дека тоа се всушност просечни мажи, и првиот ден кога се запознава со нив, се „шокира“. Помеѓу просечните мажи, има некои како натпревари кој да оди на состанок со неа на само, и сл. Сликата е многу мала, ама еве од првата сезона, кои беа просечните мажи. Спојлер Во првата сезона, „beauty queen“ беше Мелана. Кога дојде веќе крајот, и кога останаа само 3ца просечни мажи, дојдоа нови 3ца (модели). Еве го тој момент: Спојлер http://www.youtube.com/watch?v=tZ_M2xKlkws Потоа повторно имаа некои меѓусебни натпревари со цел за да оди некои од нив на состанок со неа. На крај останаа двајца, еден просечен маж, и еден модел. Она го избра моделот. Спојлер Иако искрено јас бев за просечниот, овој ми лазеше по нерви. Од денес ја даваат и втората сезона. Ова е женското. Спојлер Денес она дури и се расплаче, затоа што очекуваше повеќе. Само овој пат, многу порано ќе дојдат машките модели. Емисијава иначе има 4 сезони. Еве слика од просечните мажи од четвртата сезона, за од прилика да имате претстава за што се работи. Спојлер Вие? Ја следите ли емисијава? Мене многу ми е интересна. А и башка не даваат реклами, додека се емитува.
Да да Инетереасна ми е Баш ја заглеав последниве деновии Али вечер останав на пц и не ја глеав новата сезона
Колку ни се напредни телевизииве, емитуваат програми од пред 9 години. Али ништо не се во споредба со премиерата на „Тропски Горештини“ што се случува секоја година. Anyway... Кои препичувања, кои бакрачи, па колку само им одат по газ. Абе принцезите, па уште незадоволни. Стварно се убави девојкиве, ама како превртуваат очи кога ќе ги видат типциве, абе им се умира. Ах да, и за „чудо“ (spoiler alert ) Спојлер цуриве ги бираат манекените, празноглави ко и самите тие. Третата сезона е интересна, оти Адам од првата сезона ќе си бира џемцка, а четвртата поради пресвртот. Мене ми се допаѓа целиот концепт на залижани, затегнати, префорсирани фуфици кои се татини галеничиња и секогаш можат ладно да си бираат што сакаат, наспроти просечни мажиња кои знаат да бидат толку романтични, мили и добри спрема нив, за на крај типкиве да паднат на газ на контото на подеднакво ист празноглав лепотан кому се’ му дошло на златна тацна. Tell me how unusual this is in real, everyday life... Ама овој Дејвид од сезонава што почна сега, богами би го удавила во буре со корнишони, ланска зелка, кравји измет, мачји повраќаници и влакна од педерски газови. Скакулец еден, многу иритирачки се однесува.
Јас ја гледав баш последниве денови интересна ми е.А што Мелана моделот ли го избра пошто таа епизода не ја гледав
Сезониве ги даваа пред некој месец на Сител 3, јас таму ги гледав. Онака, интереснички се, мада шо ептен ме нервира што ги носат тие манекените, и секогаш девојката од нив избира некој. Единствено Адам си искористи прилика, убаво чупе си избра.
Јас ги имам гледано неколкуте сезони ги даваа на сител 3, а сега пак на сител од ново ги даваат ... едвај чекам да дојде побрзо сезоната со Адам,кога он ќе бира таа сакам да ја гледам... а оваа во моментов шо е со Лариса е катастрофа, еден од просечните шо ќе остане до крај ќе ја третира како принцеза од бајка, тие состаноците заедно шо им беа.. јас немам зборови, а тој шо ќе го избере по два дена ќе ја откачи и тоа пред камерите од шоуто затоа што таа излегувала со Фабио некој италјански глумец, е шо им згрешил тој на американциве па толку знае ли некој?
Ја загледав серијава некако интересна ми стана не видов кој го избра Мелана али еве сеа прочитав бил Џејсон мислам дека се викаше дечкото А синока зајдев од смеење поради дечково, башка јадев ко ја покажаа лепотицава у фаца коа го виде Спојлер Давид Даскал
Го гледав шоуво вчера, а и завчера и фала богу ги фатив последните 2 епизоди. Господе кое смеење сум удрила Јас бев за Гил, ама кога го одби Брајан малку ми беше жал за него. Ама па крајот стварно го отупеја, оваа му кажа дека била со Фабио и овој се налути и си отиде Тогаш знаев дека глуми, или шоуто е вистинско, а овој си изглумил оти кажа дека сака да е актер, или се ова е изглумено... Ама наааајсмешното нешто што го видов во овие две епизоди е она на почетокот кај што најавуваат -This girl is going to choose over бла бла и ги покажуваат овие просечните мажи и оние убавите, ама пази, они доаѓаат на островот сите поредени еден до друг на јахта без маици, и сите со стомачните Циркузи!
Сум пропуштила некоја епизода или сум пропуштила кој е Фабио ?! Кој е дечкото и што беше толку интригантно во врска со него, до таму што типов и ги даде клоците на оваа ?
Па она му кажа на Гил дека порано била со Фабио, а тој Фабио е познат по големите мускули и глуми во оние чизи американски романтични новели, и незнам што овој толку се изнервира, јас мислам дека глумеше. E овој е Фабио Спојлер
Посрање ствар неам видено...ги имам видено сите до сега ....глупави манекенки и модели кои се прават "I am a good girl " a се прави кучки и си ја бараат својата "сродна душа" и као демек не е важен изгледот важен е карактерот а со секој 2 се лапа као демек така ќе му ја види душата... ма немој да ме јебеш бре... права кучкица... на секој што го праќа дома му вика дека бил прекрасен и све...па што го праќаш тоаш бе ии најинтересниот дел е кога уствари на крај завршува со некој од манекените идиотско шоу....
Прочитав на интернет дека овај Фабио отепал некоја девојка на море ли биле појма немам ја фрлил од некоја карпа, ама на суд бил ослободен или признал ама не го осудиле појма немам како испаднало, незнам јас шо се дешавало и сите го мразеле... Е сега исто ако ја гледавте секоја епизода, Гил видов дека живее во убав град, незнам точно кој, и таму имаше море или океан , можда таму се издешавало сево ова, па он демек бил погоден , никојпат нема да ми се разјасни ова
е да изгледот не му е важен а кога ги виде просечните мажи и идеше дома да си замини од грд погрд Бакнежи од првиот состанок па и со двајцата ама поврзување уште од првиот ден навистина грозно....а кога ги виде маникените зајде
Па не верувам, затоа што... * Првата сезона, е снимена од 3 ноември до 8 декември 2003. * Втората сезона, е снимена од 5 јануари до 1 март 2004. * Третата сезона, е снимена од 15 март до 2 април 2004. * Четвртата сезона, е снимена од 28 јуни до 27 јули 2005. Сите се некако една по друга, а башка има поминато 7 години.. Иначе јас не ја гледав 3тата сезона, затоа што прочитав дека овој Адам, ја одбрал шмизлана.. Ја гледав само 4тата сезона, затоа што конечно, за прв пат, таа одбра просечен маж. А не оние што си дигаат глава во облаци..