Што мислите вие за оваа емисија ? На мене баш Лила не ми одговара за водителка на оваа "тв гејм шоу" како што вели таа
Се Или Нешто (Сител) Не е одговара мн, ама во секој случај подобра е од таа што е „водителка“ на лесни пари. Мислам дека во недела човекот што ќе игра, ќе го земе милионот. (Според рекламата де)
Се Или Нешто (Сител) Квизот се даваше на Алфа, Игор Џамбазов го водеше Земи или остави. Сега Лила сака да го претстави како прв пат да се дава кај нас, не гледам вакви лесни игри.
Го гледам ако натпреварувачот е интересен. Еднаш имаше еден така проќелав чичко, абе се мочав од смеење. Урнебесен беше човекот! Лила.... не е скроз погодена за во емисијата, посебно со нејзините банални прашања, но подобра нема.
После емисијата човекот гарант срцев удар имал (или жена му) Можеше да има милион а зема 60 000... Ама можеше да земе и 10 денари :/
Мене ми е интересна си ја гледам, се е среќа а Лила како водителка ја почитувам и таа ми е интересна, светла точка во целава организација на емисијава. Како и да е, недела навечер и така нема што да се прави си гледам Се или нешто
И јас ја гледам т.е. ја слушам и си седам на пц Е прее мн ми падна жал за дедото кога го заебаваше за лејди гага. Тој сироткиот незгодно му падна а па и Лила кога виде дека не ја знае, што уште го потпрашува да се срами човекот.
Дури вчера (или завчера беше?) го фатив за прв пат. Некако не ми се свиѓа ни овој квиз. Ќе избегам од темата, но општо за сите квизови ќе кажам, не пратам ниеден. Ни Лесни пари ни Џандар збира не ми се свиѓаат (не знам дали е само мој впечаток, но Џандар збира кога бев мала ми се чинеше далеку поинтересен). Мое мислење, откако прекина Милионер, во Македонија не се прикажувал интересен квиз.
Се или нешто [Сител] Квиз....се или нешто Највисоката награда која може да ја освои учесникот во една епизода на квизот „СЕ ИЛИ НЕШТО“ е 1.000.000 денари. Највисокиот износ е во една од 26 кутии на сцената. Во останатите се другите износи предвидени во т.н. Дрво на парите кое е видливо поставено на Video BIM на сцената. Никој освен за тоа овластено лице од страна на организаторот на квизот не знае која кутија колкав износ содржи. На почетокот на квизот учесниците по пат на извлекување избираат поединечна кутија. Од имињата на учесниците се извлекува главниот натпреварувач кој со својата кутија излегува на сцената кај водителот Следува првиот круг кога треба да се отворат првите шест кутии. По по отворањето на шестата кутија и шестиот откриен и елиминиран износ од „Дрвото на парите“, следува првата понуда на банкарот. Единствена цел на банкарот е врз основа на своите анализи да ја откупи кутијата од учесникот што е можно поевтино. Откако ќе ја чуе понудата, учесникот според своите проценки и анализа на натамошниот развој на квизот и можностите за успешно продолжување на квизот и подобра понуда од Банкарот, треба да каже дали прифаќа ја или ја одбива. Ако ја одбие, квизот продолжува. Учесникот својот одговор го соопштува само откако ќе го чуе прашањето на водителот на : „КАЖИ ДАЛИ ПОНУДАТА ВАЖИ?“. Само по тоа може да го каже својот одговор базиран на неговите анализи. Доколку одбил, следува вториот круг во кој се отвораат 5 кутии и се елиминираат исто толку позиции од Дрвото на парите. Ако во текот на квизот учесникот одлучи да прифати конкретна понуда на банкарот во било кој круг од квизот, тоа треба да го соопшти само откако ќе го чуе прашањето на водителот („КАЖИ ДАЛИ ПОНУДАТА ВАЖИ“). Банкарот, според својата логика, по кругот од 5 отворени кутии ја соопштува втората понуда. Во наредните кругови се отвораат 4, 3 и 2 кутии по што, доколку учесникот не прифати некоја од понудите после овие кругови, следуваат отворања од само по една кутија и елиминација на една по една позиција од Дрвото на парите. По секое отворање на по една кутија во овој круг од квизот, следува и по една понуда од банкарот. Врз основа на тоа кои позиции од Дрвото на парите остануваат во игра како и врз основа на своите проценки и анализи на текот на квизот, банкарот ја утврдува својата понуда. Доколку учесникот одлучи да ја прифати понудата на банкарот во момент кога останале одреден број неотворени кутии, квизот се довршува до последната кутија за да се види како би било доколку учесникот не ја прифатил понудата на банкарот. Доколку не се прифатени понудите и натпреварувачот ја игра играта до самиот крај , пред последното отворање т.е. пред моментот кога се отвора кутијата на натпреварувачот за да се дознае освоениот износ , банкарот има право , но и не мора да му понуди замена на кутиите. -Ова болдираново не ми се допаѓа како правило, искрено треба да е задолжително да му понуди замена на кутиите.Што ако 5000денари се наоѓаат кај играчот,а во последната кутија милионот.Сега банкарот ќе си нуди мала сума, и ако прифати добро ако не никому ништо,милионот неможе да му се падне. А ако му рече сакаш замена, банкарот незнае дали и што ќе избере играчот.
Не ми е ништо посебно емисијава Е гледам мн ретко онака од чиста досада. претежно ко ке игра некој интересен а таа Лилa одвратна ми е -.-
Оуу,онаа Лила мисли ние сме глупи па незнаеме дека банкарот знае што има во секоја кутија И она знае што има
Минатата сезона го гледав квизот и спиев на него. Па воопшто не е возбудлив и интересен, а знаете зошто? Бидејќи ние, гледачите преку екраните, не учествуваме во него. Колку поинтересни се квизовите каде некој треба да погоди нешто, па додека се мисли натпреварувачот, и ние се мислиме и се обидуваме да погодиме, а на крај дури и дознаваме нови работи..се полниме со нови знаења. А што со овој квиз? Што погодуваме ние овде? Бр. на кутијата??? И уште поважно, дознаваме ли нешто плус што подоцна ќе стане дел од нашата ОПШТА култура?? Целосно губење на време! Ете тоа мислам за квизов и за многу други што постоеле и сигурно ќе постојат
Дали го гледавте квизов вечерва, јас да и им се изначудов на двете кокошки кои беа во продружба на играчот, цела емисија превртуваа очи , толку негативни брееј, па тоа е игра на среќа, да можеа ќе го натепаа човекот. Барем пред ТВ глуми дека си фина, и паметна