Се за љубов е најтоплото реално шоу и затоа со години е на врвот од гледаноста во повеќе земји. Скриени емоции, вистински приказни, романтични запросувања, спектакуларни изјави на љубов, приказни за нераскинливи пријателства, семејна моќ, првата љубов и спојување на оставените, како и многу други необични приказни на сосем обичните луѓе ќе ги видите во емисијата Се за љубов. Водители: Милан Калиниќ и Катарина Шишмановиќ. Дали сте ја гледале емисијата и дали ви се допаѓа? Многу убава реална и доста поучна емисија.
Дали ви се допаѓа емисијата Све за љубав Ја имам гледано многу пати и ми се допаѓа има доста интересни работи...
Добра е идејава имаат променето многу животи , поврзат многу фамилии тоа е се ок... Ама јас лично не уживам во вакви емисии кои се занимаваат со туѓи животи разни животни приказни нит ме интересира ни сакам да служам за вакви ствари ме замараат некако . И никогаш не би сакала да сум дел од емисијава . Цела интима пред цел свет ? ! Ама мислам при крај е зенитот на емисијава Милан Калиник си оди од неа ... А тој е 70 % заслужен за популарноста на емисијава .
ДАЛИ И КАКО МОЖЕ ДА СЕ СТИГНЕ ДО ЕМИСИЈАТА ДА ДОЈДЕ ДО СКОПЈЕ А СЕПАК ЗНАМ МНОГУ ЛУЃЕ СТО САКААТ ПРЕКУ ЕМИСИЈАТА ДА РЕШАТ НЕКОИ ТАКА РЕЧЕНО ПРОБЛЕМИ. И ДАЛИ СЕ ПЛАЌА ТОА ШТО ОНИ ЌЕ ДОЈДАТ ОВДЕ АЈДЕ МАЛУ ДА ПОРАЗГОВАРАМЕ НА ТЕМАВА.
Па имаат меил за контакт мислам. Има и број али мислам подобро ти е преку меил. Гледај ја емисијата мислам дека барем еднаш ако не и повеќе пати го покажуваат меилот И може да се стигне во Скопје имаше неколку случаеви поврзани со Македонија
Многу, многу ми е мила емисијава. Има многу добро смислен концепт и изборот на водители е одличен-претставителни, културни, интересни и баш си одговараат како водителски пар.
секогаш кога имам мака само пуштам Пинк си и демек за нивната сторија јас си плачам за мене ама сепак има и многу приказни кои треба да си од камен да не би заплачал... На постот погоре одговор: не се плака (барем јас така мислам) за балканот а ако има некои приказни поврзани со еу земјите (баш вчера гледав) мислам дека се плака некој мал процент
Прекрасна емисија, ја гледам кога имам можност. Има многу трогателни приказни и признавам дека неколку пати имам заплакано Јас лично не сум за тие изјави на љубов, запросувања и молења во јавност, додека пак приказните со пронаоѓањата на блиските личности уживам да ги гледам. Ја гледав емисијата кога си замина Милан Калинич...дефинитивно без него нема да биде исто
ТВ Сител Што се случи во последната епизода од емисија „Се за љубов“ во неделата? Мислам со Марјана и Немеш, се смирија ли?
Не можеле да допрат до Немеш, демек кажал шо имал и немало потреба да зборува пред камери. Ништо не кажаа посебно, незнам зошто така направија, а баш ме интересираше, се мислев дека Марјанчето наместено победи, ама којзнае, еве ја го бара преку емисијата, може ова е уште една лага, или па стварно го сака, нишо не кажаа, ваа само плачеше, како сака да зборуват, да и даде шанса, па ако сака тогаш крај нека кажел, али Немеш никогаш не се појави.
Не се појави ама сепак се заедно, одма после таа епизода тој и се вратил на неа, по медиумите се вртат фотографии од неа и него, фотките се гледа дека се летово снимени, заедно живеат, вака така љубов е во прашање и на крај победи. Ајт на здравје нека им е.
најинтересна емисија што досега сум ја гледала одвај чекам ново сезона да не знае некој кога ќе почне
абе сакам сестра ми да ја пријавам ама не ја знам нивната е-маил адреса ке може некој да ми ја каже однапред фала
СЕ ЗА ЉУБОВ!! најдоброто реално шоу морам да признам.. сега новава сезона е поинтересна и понекад коа гледам приказните ми се насолзуваат очите.. алал да им е
Ја гледав од самиот старт,не пропуштав, но во последниве 2 години, многу ретко гледам, некако се немам време,се нешто...така излага а и не сум некако толку заинтересирана како што бев. Сепак многу убава емисија