Вовед во серијата во спојлер. Спојлер Џеј има возрасни деца, внуци и прекрасна млада сопруга, која и самата има син; сите мора да ги пополнат генерациските, културните и социјалните празнини. Денешните американски семејства доаѓаат во разни форми и големини. Просечното семејство од маж + жена + 2,5 деца е минато, нешто што веднаш станува очигледно во новата получасовна комедија со птичја перспектива, СОВРЕМЕНО СЕМЕЈСТВО, која дава еден искрен, а често пати и смешен поглед врз составот и комплексноста на семејниот живот во 2009. Земете ги за пример Фил и Клер, двајца родители кои сакаат да имаат отворена, здрава, искрена врска со своите три деца. Тоа не е секогаш лесно, особено кога имате ќерка тинејџерка која расте малку пребрзо, премногу паметна средна ќерка и бучно момче. На врв на сето тоа, Фил сака да биде „кул татко“, додека Клер само се обидува да држи сѐ под конец, решена да не дозволи нејзините деца да го имаат бунтовното детство кое таа го имала. Потоа тука е Џеј, вистински маж кој има средовечна криза. Џеј има најдено многу помлада жена, Глорија која станува центар на неговиот свет. Таа е страсна и смела разведена жена која доаѓа со 11 годишен син, Мени. Веќе забележувајќи ги девојките, и безнадежен романтичар, Мени е страстен исто колку и мајка му и го минува своето време во мечтаење и пишување поезија. На неговиот нов очув не му е баш мило за чувствителните работи, па би сакал малку да го зацврсти Мени. Но, тоа е само еден од предизвиците на Џеј. Најголемиот е во тоа што луѓето често мислат дека тој е татко на Глорија, а не нејзин маж. На крајот, тука е Мичел и неговиот петгодишен партнер, Камерон. Тие тукушто го имаат преземено неверојатниот „следен чекор“, заедно посвојувајќи дете од Виетнам. Камерон има прекрасна и голема личност, а можеби и искра за драматика, додека Мичел е посериозниот од двајцата. Но, тие создаваат меѓусебна рамнотежа и веќе се грижливи татковци. Се чини дека животот не е ниту уреден, ниту политички коректен или предвидлив на било кој начин. За овие три семејства излегува дека не се три туку едно... едно големо, измешано семејство, со Џеј патријархот и Клер и Мичел неговите пораснати деца. http://www.hbo.mk/series/%D0%A1%D0%BE%D ... -17_-69661 Серијава се искачи на врвот на мојата листа. Просто ја обожавам, одамна не сум се смеела толку. Има две сезони излезено, а третата е во тек, а на пауза се до 08,02,12. Можам да кажам дека ниту еден лик не ме нервира, сите ми се прекрасни. Спојлер http://www.youtube.com/watch?v=OgNpN-Glq44&feature=related На моментов од последната епизода сум рикала од смеење, морав да го стопирам Фил ми е закон, еден од омилените ликови. Па, ја гледате серијава? Импресии, омилени ликови? Ако не ја гледате топло ја препорачувам.
Уф серијава ми е една од поомилените (бидејќи многу гледам серии комедични неможам да се одлучам која ми е најинтересна) Интересни се сите ликови на свој начин, секој со своја приказна, а пак сите сврзани. Али сепак најмногу ми се допаѓа ликот и глумењето на Cameron(многу добро глуми хомосексуалец) И јас ја препорачувам серијава ептен е добра
Колку добра серија,ја гледам онлајн како манијак некој,неможеш да ме станеш од пред пц Изобилува со хумор смешки се,како ги одбрале глумците алал да им е.Омилени Камерон и Глорија (ја обожавам)
Уф се умрев од смеење на последната епизода. Предобри се значи, ретко кој ситком толку ме смее. Фил сирот како да излезе на крај со три жени во пмс Гревче.
Дефинитивно една од најдобрите американски серии што се излезени до сега.Ако имате тежок ден ви ја препорачувам да погледнете само една епизода и доволно е да ве насмее и расположи.Се смеам буквално на секоја реченица.Секој лик си е толку различен и орогинален на свој начин.Мене лично фаворит ми е Глорија(Sofía Vergara).
Најдобрата комедија што ја имам сретнато..Мислам дека многу добра им е идеата да ја прикажуваат на некој начин како документарец, тоа ја прави многу посмешна и пореална..Серија која не треба да се пропушти
Пред недела дена почнавме да ја гледаме со дебелиот, првaта епизода не ми беше нешто посебно, но понатака следните се подобри и подобри, ептен ми се допадна решена сум да ја пратам редовно. Најинтересен лик дефинитивно ми е ФИЛ! Who doesn't love Phil Уште сум на прва сезона, но летоска има сите до последна епизода да ги изгледам
Синоќа во 2 саат сум врискала од смеење на Cam е најголемата будала на светот, ма сите во комплет се ненормални... Он плаче, јас се смеам, ама се угушив И ненормалниве кога играа на сред паркинг Го обожавам, Cam полека ми станува омилен
Ја изгледав конечно вчера епизодата кај што беа во Дизниленд сум се изнасмеала на некои сцени. Сепак најсмешен лик ми е Камерон многу добар глумец е
И покрај толку испити успевам да ѕирнам секој ден по 2-3 епизоди, и ја завршувам 2ра сезона Одвај го чекам тој саат време Modern family break, за да се расположам после толку стрес и учење. Мислам дека уживам гледајќи ги, нема епизода да не ми се допаднала и да речам оваа беше ептен утната и досадна. Омилен ми е Кам, Фил малку помалку во вторава, но дефинтино нема лик кој ми е досаден и неинтересен. Глорија ми е можеви најлуда, најмногу се смеев за епиздата со кучето на комшијата кога всушност Глорија испадна дека е папалот Спојлер И фил како и секогаш Phil: I got Gloria! I got Gloria! I got Gloria!
Aaaaaaaaaaa Спојлер Глорија е бремена. Е баш изненадување ми беше ова, лелееее кој ќе чека сеа следна сезона, не е фер.
Леле стварно беше интересна последнава епизода се згазив од смеење посебно со тој Дилан дечкото на Хајли колку е глуп само Интересни беа и латиноамериканците шпанска серија направија Спојлер Епа да се спремаме за тиганици наредна сезона, Глори ќе има бебе
HAHA legenda e seriskiov,odvaj ja cekam sezonata, Спојлер Dzej da bide tatko haha,a da ne im go predadat na Cam i Mitch
Не ли ви личи Хејли ужасно многу на Мила Кунис, исти се Спојлер Има ли некој што не го обожава Кам? Некоја информација, спојлер за 4та сезона?
Леле значи ја обожавам серијава!!! На првата епизода колку сум се смеела со Кем, кога ја претставуваа Лили со „ритуалот“ од Кралот Лав Не можам да се одлучам кој ми е омилен, сите се ненормални.
Ја гледам по 3 пат, што проклето неможам да се изнасмам асално на сцениве. По n-пат умирам од смеење на сценава, неможам да се пресмеам, абре ќе си приумрам http://www.youtube.com/watch?v=OsvBfkM7s4I НЕ МОЖАМ