ТЕМА: Судбината на Фатмаѓул (Fatmagül'ün Suçu Ne?) [Сител]

  • Во оваа категорија се дозволени само теми од типот Наслов на македонски (Оригинален наслов).
  • Пожелно е при отворање на тема да се стави слика (постер) од серијата.
  • Ако сакате да откриете детали од содржината на серијата, користете го BB-кодот spoiler за да го поставите тој дел од вашето мислење како скриен текст.

Мислење 04 Окт 2013, 19:31

Нова труска серија. Би ја гледале ли? Колку што видов ќе игра Кадир од Зет Домазет ама со долга коса. :)
Ми изгледа поразлична, но ќе видиме? На кое место ќе биде? Изгледа на Наслдството на госпоѓицата. :D
Слика

Скриен текст: покажи
Слика


Инаку серијава на српски се вика Izgubljena Cast.. ако сака некој да ја гледа на српски.
Аватар на корисникот
Lella

Жолто цветче
 
21624395
Мислења: 1872
Зачленет: 02 Јан 2013, 23:07
Локација: На лулашка под облак ♡
I'm in a relationship with my cat. Not oficial. But, it's pretty serious.
..
Слика

Мислење 04 Окт 2013, 19:59

леле кога стигнафте тема да отворите ја прво овде ја видоф после на тв
мене ми изгледа интересна ако не ја гледаме барем ке ја слушаме ;)
Аватар на корисникот
doutzen

Зелено цветче
 
149145
Мислења: 526
Зачленет: 14 Јун 2013, 14:13

Мислење 04 Окт 2013, 22:14

Скриен текст: покажи
Јас ја имам гледано првата епизода и после малку ѕиркав од останатите да видам како ке заврши. Лани се прикажуваше во Турција.Се работи за Фатмангул која живее со брат и снаата.Имаат работилница и прават млечни производи и она таму помага. Верена е за еден дечко кој работи на брод како рибар и треба да се земат кога тој ке ја изгради куќата. Она се врака од некаде или само шета покрај брегот, не се сеќавам, и на плажата ја пречекуваат четворица другари, едниот е богаташки размазен син со џип и пијани, слават ергенска вечер оти едниот се жени. И ја начекуваат на брегот и ја силуваат. Мислам дека овој што беше од “Зет домазет“ не ја силуваше.Кога ке разбере дечкото дека е слувана ке ја откачи и не сака да се жени со незе и мислам дека заминува од градот.Овој од “зет домазет“ после настанот ке се кае и стално ке оди по незе, и после ке се ожени со незе.Ке имаат големи трзавици подоцна и проблеми од тој богаташот што прв ги натера да ја силуваат,тој што требаше да се жени и славеше ергенска вечер. Нема да имаа среќен брак туку за незе ке биде како брак со сила за да не збори народ, а “зет домазет“ навистина ке ја засака ама таа према него ке биде рамнодушна. И после тој ке и каже дека јас не те оженив затоа што бев дел од силувачите иако ништо не ти направив туку јас те зедов за да те одбранам од нив, но признавам дека сум виновен колку и тие.Но јас те засакав а ти мене никогаш не ми прости и затоа сега за да ти докажам дека те сакам ке одам во полиција и ке го пријавам настанот и ке си ја одслужам казната.Он оди во затвор а овие другите се слободни и тој богаташкиот син и прави многу проблеми додека тој е во затвор.Подоцна се враќа и тој што и беше вереник, па и тој се пишмани што ја откачил па сака да се смири.На крајот се одвива судски процес во кој сите виновници се појавуваат на суд, па мислам дека и овој вереникот ке влезе на сред судење и ке пука во некои од силувачите....и така повуци-потегни, серијата завршува како ги осудуваат, а овие “зет домазет“ и оваа остануваат среќни и весели.
Отприлика таква е содржината....
Аватар на корисникот
Toprak

Сино цветче
 
23734
Мислења: 316
Зачленет: 22 Јун 2012, 20:44

Мислење 06 Окт 2013, 13:18

Бихтер(од притаени страсти) е главна улога т.е. фатмаѓул...заради неа ќе ја гледам серијава...
Слика
Аватар на корисникот
ocila

Црвено цветче
 
18081250
Мислења: 5516
Зачленет: 20 Апр 2012, 18:22
Локација: таму каде што никој нема да ме најде
"Ona kaže da joj nije stalo, ali njene oči pričaju drugu priču."

Мислење 06 Окт 2013, 19:31

Во серијава глуми и актерот Engin Öztürk, кој го глуми принцот Селим во „Величествениот“ :D
Можеби и јас само поради Берен ќе ја гледам :?:
Аватар на корисникот
Mahidevranfan

Сино цветче
 
5251222
Мислења: 355
Зачленет: 04 Мар 2013, 21:47
Локација: Зад Пурпурните планини

Мислење 06 Окт 2013, 19:40

И Фериде глуму ко што гледам. Ајде чекаме уште некој да се појави. :D
Аватар на корисникот
Lella

Жолто цветче
 
21624395
Мислења: 1872
Зачленет: 02 Јан 2013, 23:07
Локација: На лулашка под облак ♡
I'm in a relationship with my cat. Not oficial. But, it's pretty serious.
..
Слика

Мислење 06 Окт 2013, 22:31

ocila напиша:Бихтер(од притаени страсти) е главна улога т.е. фатмаѓул...заради неа ќе ја гледам серијава...
Слика

патем, како и е вистинското име на турски? баш е убава :)

инаку, серијата ќе ја гледам, нема турска серија што не ја гледам :lol:
Аватар на корисникот
eliesaab

Зелено цветче
 
6244459
Мислења: 599
Зачленет: 27 Апр 2013, 20:39
Локација: далеку, премногу далеку...
Скриен текст: покажи
I’m looking for someone who….someone I can trust.Someone strong, someone at peace with themselves.Someone better than me.Someone who knows the worst side of me and still loves me.- Patrick Jane

Мислење 07 Окт 2013, 08:06

Топрак и ја јас имам два пати гледано и ја обожавам серијата ама не им ја раскажувам на девојкиве. И како ја објасна серијава која е со толку тешка тематика како да е некоја шпанска серија. А се е само не е тоа. Преубава серија, со толку емоции ти ја направи Касандра !!!


Серијата е работена према делото Fatmagulun sucu ne? на Ведат Туркали и се базира на вистински настан.

Дејствието се случува во примирското место Илдир во областа Измир, каде Фатмаѓул живее со брат и и снаата откако нејзините родители загинале во сообраќајна несреќа. Една септемвриска ноќ богатото семејство Јашаран кои потекнуваат од Илдир, а живеат во Истанбул слават момачка вечер на Селим кој треба да се жени со Мелтем, ќерка на владин функционер. Тројцата другари Селим, Вурал и Ердоган и Керим , локално дете растено од Мериен , жена која го одгледала откако мајка му се обесила а татко му заминал во Австралија, под дејство на алкохл и екстази , ја здогледуваат Фатмаѓул на брегот и ја силуваат.. Утрото во бесознание ја наоѓа Меријем, која кога дознава дека Керим е еден од зверовите ја засакува како своја ќерка. За да се прикрие делото Керим се жени со неа ( на наговор на снаа та Мукадес , една искомплексирана личност) а таа е обележана од околината и принудена да се исели со Керим во Истанбул. Керим не се сеќава и се криви себе си. Но Вурал, едниот од момците се присетува дека Керим не ја силувал Фатмаѓул и кога му го кажува тоа, за да ја придобие љубовта на Фатмаѓул во која во меѓувреме Керим се заљубува сам оди во полиција и го пријавува делото... Од тука почнува една тешка драма, полна со емоции. Борбата на Фатмаѓул, корумпураните власти, падот на богаташката империја Јашаран.. Љубовта која се роди во невозможни услови.. За патот до оздравувањето.. За тоа дека секогаш пости надеж.

Главните улоги во серијата

Првата средба на Керим и Фатмаѓул
Аватар на корисникот
nena2010

Жолто цветче
 
28931372
Мислења: 2504
Зачленет: 21 Дек 2010, 15:04
Слика

Мислење 07 Окт 2013, 12:00

Јас морам да си признаам дека на почетокот многу се излажав за серијава. Селанка (Фатмаѓул), размазени богаташи и одма си донесов заклучок дека ќе биде некоја лимунадица. Но, тоа беше затоа што не изгледав ни една цела епизода, туку од постери и извадоци си извлеков заклучок. Ама, нена памтам дека ми ја препорача и земав асално да ја гледам. Серијата е многу убава и е далеку и далеку од лимонада. Првиот дел од серијата е баш и тежок емотивно, едвај ги догледував епизодите, ама во втората сезона се ужива.

Инаку во првата епизода, Фатмаѓул не се наоѓа случајно на плажата.

Скриен текст: покажи
Вечерта прво таа и Мукадес одат да спремаат за веридбата на Селим, како платени измеќарки. Потоа се враќаат. Потоа Мустафа (вереникот) ја гледа како Керем и` праи нешто муабет и одма тука почиња љубомора и лутење и Фатма му ветува дека утрето в зори (кога Мустафа пак ќе тргне на пат со бродот поради работа) таа ќе биде таму да го испрати.

Кога ќе стигне на пристаништето, ќе биде ниедно време, овие зевзециве, тој што правеше веридба и другарите негови, баш тогаш ќе бидат мортус пијани, издрогирани и сл. и ќе ја најдат и ќе ја нападнат. Само Керем ќе седи покрај неа и ништо нема да и` направи но нема ни да може да ја одбрани бидејќи и тој ќе биде “лапнат“ малце. Потоа фактот што Керем нема да се сеќава на вечерта ќе го злоупотребат овие и тој да носи поголем дел од вината отколку што би требало.

Инаку кога се враќаат во родниот Илдир (пред случкава), неколку пати ќе ја видат Фатмаѓул како работи и го пасе добитокот и вечерта ќе ја познаат, а како за најголема беља, Керем ќе биде тој кој прв ќе ја види и ќе им ја посочи на плажата.


Од сите ликови, најмногу го мразам вереникот на Фатмаѓул, а ќе си видите и зошто. Дури и Мукадес (што ја посочи нена), ми е по-човек од него.
Аватар на корисникот
tessie

Жолто цветче
 
81517529
Мислења: 4187
Зачленет: 11 Ное 2010, 18:20
Локација: Кракозија
Još se nije rodio tko je narodu ugodio. Слика

Слика

Мислење 07 Окт 2013, 12:04

tessie напиша:Јас морам да си признаам дека на почетокот многу се излажав за серијава. Селанка (Фатмаѓул), размазени богаташи и одма си донесов заклучок дека ќе биде некоја лимунадица. Но, тоа беше затоа што не изгледав ни една цела епизода, туку од постери и извадоци си извлеков заклучок. Ама, нена памтам дека ми ја препорача и земав асално да ја гледам. Серијата е многу убава и е далеку и далеку од лимонада. Првиот дел од серијата е баш и тежок емотивно, едвај ги догледував епизодите, ама во втората сезона се ужива.

Инаку во првата епизода, Фатмаѓул не се наоѓа случајно на плажата.

Скриен текст: покажи
Вечерта прво таа и Мукадес одат да спремаат за веридбата на Селим, како платени измеќарки. Потоа се враќаат. Потоа Мустафа (вереникот) ја гледа како Керем и` праи нешто муабет и одма тука почиња љубомора и лутење и Фатма му ветува дека утрето в зори (кога Мустафа пак ќе тргне на пат со бродот поради работа) таа ќе биде таму да го испрати.

Кога ќе стигне на пристаништето, ќе биде ниедно време, овие зевзециве, тој што правеше веридба и другарите негови, баш тогаш ќе бидат мортус пијани, издрогирани и сл. и ќе ја најдат и ќе ја нападнат. Само Керем ќе седи покрај неа и ништо нема да и` направи но нема ни да може да ја одбрани бидејќи и тој ќе биде “лапнат“ малце. Потоа фактот што Керем нема да се сеќава на вечерта ќе го злоупотребат овие и тој да носи поголем дел од вината отколку што би требало.

Инаку кога се враќаат во родниот Илдир (пред случкава), неколку пати ќе ја видат Фатмаѓул како работи и го пасе добитокот и вечерта ќе ја познаат, а како за најголема беља, Керем ќе биде тој кој прв ќе ја види и ќе им ја посочи на плажата.


Од сите ликови, најмногу го мразам вереникот на Фатмаѓул, а ќе си видите и зошто. Дури и Мукадес (што ја посочи нена), ми е по-човек од него.

Во право си за Мукадес и Мустафа. Мукадес тоа го правеше од простотилок и искомплексираност а Мустафа од идиотизам!!!
Инаку ако си за друштво ај пак да ја гледаме на нет ама првата сезона посебно првите 10 епизоди ( оригинал ) не знам како ќе ги преживеам!! Низ солзи ги гледав.
Аватар на корисникот
nena2010

Жолто цветче
 
28931372
Мислења: 2504
Зачленет: 21 Дек 2010, 15:04
Слика

Врати се на Серии и емисии

Кој е онлајн

Оваа категорија моментално ја разгледуваат: Нема регистрирани корисници и 13 гости